Отворената предна незаоблена самогласка (ниска предна незаоблена самогласка) е вид на самогласка што се јавува во речиси сите јазици во светот. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨a⟩. Во македонскиот, како и многу други јазици, гласот е претставен со буквата а.
Според висината, самогласката е отворена (ниска), што значи дека јазикот се става што е можно подалеку од горниот ѕид на устата, т.е. што пониско.
Според местото на образување (редот), самогласката е предна, што значи дека јазикот се става што е можно понапред во устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
Според обликот на усните, самогласката е незаоблена, што значи дека усните се лабави и не заземаат округол облик.
Највеќето јазици имаат извесен облик на предна незаоблена самогласка. Јазиците што имаат само по една ниска самогласка исто така можат да го користат симболот <a> од практични причини, бидејќи е единствената ниска самогласка што има своја буква во основната латиница. Во тие случаи, самогласката е поблиска до средното [ä] отколку до предното [a].
Зависно од регионот, гласот се движи од преден до среден, па дури и позаден (во делови од Шкотска и Алстер). Може да се разликува и по должина (на пр. пократок во Шкотска отколку во Канада). Многу говорници користат [æ] наместо оваа согласка.
северна Англија
Ирска
Јамајка
Шкотска
Велс
јужна Англија
[sta̝k]
Повишена самогласка што се среќава во извесни дијалекти. Соодветствува на [æ]~[ɛ̞] кај другите.
Merrill, Elizabeth (2008), „Tilquiapan Zapotec“, Journal of the International Phonetic Association, 38 (1): 107–114, doi:10.1017/S0025100308003344
Thelwall, Robin; Sa'Adeddin, M. Akram (1990), „Illustrations of the IPA: Arabic“, Journal of the International Phonetic Association, 20 (2): 37–41, doi:10.1017/S0025100300004266