Прејди на содржината

Средна задна незаоблена самогласка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Средна задна незаоблена самогласка
ɤ
ɤ̞
МФА-бр.315 430
Шифрирање
Единица (дек.)ɤ̞
Уникод (хекс.)U+0264U+031E

 

Средната задна незаоблена самоглас е вид на самогласка што се јавува во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) нема посебен симбол што ја претставува „точниот“ среден заден незаоблен глас полузатвореното [ɤ] и полуотвореното [ʌ] (бидејќи ниеден јазик не ги разликува сите три), па затоа се користи обичното ⟨ɤ⟩. Ако се јави потреба од прецизност, тогаш се користи дијакритички знак: ⟨ɤ̞⟩ или ⟨ʌ̝⟩.

Особености

[уреди | уреди извор]
Табела на самогласки по МФА
Предни Речисипредни Средни Речисизадни Задни
Затворени
iy
ɨʉ
ɯu
ɪʏ
ʊ
eø
ɘɵ
ɤo
ɛœ
ɜɞ
ʌɔ
æ
aɶ
ä
ɑɒ
Речиси затворени
Полузатворени
Средни
Полуотворени
Речиси отворени
Отворени
Самогласките во парови се: незаоблена  заоблена

Помош за МФА  легенда  табела   табела со звуци  погл.
  • Според висината, самогласката е средна, што значи дека јазикот се става на средината помеѓу положбата на полузатворена и положбата на полуотворена самогласка.
  • Според местото на образување (редот), самогласката е задна, што значи дека јазикот се става што е можно поназад во устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
  • Според обликот на усните, самогласката е незаоблена, што значи дека усните се лабави и не заземаат округол облик.
ЈазикЗборМФАЗначењеБелешки
бугарски[1]път[pɤ̞t]патМалку посветло
естонски[2]kõrv[kɤ̞rv]уво
  1. Ternes & Vladimorova-Buhtz (1999)
  2. Asu & Teras (2009:369)
  • Ternes, Elmer; Vladimirova-Buhtz, Tatjana (1999), „Bulgarian“, Handbook of the International Phonetic Association, Cambridge University Press, стр. 55–57, ISBN 0-521-63751-1
  • Asu, Eva Liina; Teras, Pire (2009), „Estonian“, Journal of the International Phonetic Association, 39 (3): 367–372