Прејди на содржината

Мехомија

Координати: 41°53′N 23°28′E / 41.883° СГШ; 23.467° ИГД / 41.883; 23.467
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мехомија
Разлог
Погледи на Мехомија
Погледи на Мехомија
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска
Управа
 • ГрадоначалникКрасимир Герчев
Надм. вис.&10000000000000812000000812 м
Население (2015)
 • Вкупно11,960
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2760
Повик. бр.0747
Мреж. местоМатична страница

Мехомија (од 1925 г. офиц. Разлог[1], бугарски: Разлог) — град во Општина Мехомија (Општина Разлог) во Пиринска Македонија, денес Благоевградска област, југозападна Бугарија, недалеку од градот Банско.

Градот го добил новото име по традиционалната котлина и географска област Разлог (Разлошко), во која е сместен.[2]

Географија

[уреди | уреди извор]
Поглед кон градот

Градот се наоѓа во центарот на Разлошката Котлина, помеѓу три планини - Рила, Пирин и Родопи. Оддалечен е само 6 километри северно од соседниот град Банско и 13 километри од Добриниште.

Разлошката Котлина е оградена од јужните ограноци на Рила и северните падини на Пирин, додека источна граница претставува реката Места. Котлината е релативно висока со просечна надморска височина од 800 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

На 7 километри од денешниот град, во месноста Бетоловото, се откриени остатоци од црква од V век. Остатоци од друга ранохристијанска црква од V-VI век се наоѓаат во месноста Катарино, а во близина од неа има остатоци од поранешно паганско светилиште.[3]

За првпат името Разлог во пишаните извори се споменува во 1019 година, во грамота на византискиот цар Василиј II, како дел од Ќустендилската епархија.[4]

Во XIX век Мехомија е мешано христијанско-мулиманско село во Неврокопската каза на Отоманското Царство.

Кон крајот на XIX век Мехомија е центар на посебна каза во рамките на Серскиот санџак.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мехомија живееле 4.970 жители, од кои 3.200 Македонци христијани[5], 1.460 Македонци муслимани, 200 Роми, 80 Турци и 30 Власи.[6]

Во 1896 година Гоце Делчев основа комитет на ВМОРО во Мехомија. За време на Илинденското востание во градот започнуваат востанички дејствија. Турскиот аскер и башибозук го напаѓаат градот при што убиваат околу 45 луѓе и опожаруваат околу 200 куќи. Дел од населението пребегува во кнежевството Бугарија. Според податоците на Неврокопската митрополија во 1907 година во градот имало 3.235 жители, Македонци христијани.[5]

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2011 година, во Мехомија живееле 11.960 жители.[7]

На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:

националност број %
Бугари 10.764 90
Роми 488 4,08
Турци 5 0,04
други 39 0,32
не се самоопределиле 64 0,53
не одговориле 600 5,01
Вкупно 70.881 100

Во градот и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[5] Во пописот од 1956 година, кога имало можност за самоопределување на македонски народ, вкупно 45,18 % од населението во Разлошката околија се декларирале како Македонци.[8]

На табелата е прикажан бројот на населението во Мехомија за периодот 1934-2011:

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
население 6.003 6.912 8.611 10.459 13.672 13.907 13.422 12.738 11.960

Личности

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Указ № 86/обн. 26.03.1925 г.
  2. Николай Мичев, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878 – 1987“, София, 1989.
  3. Димитров, Димитър (2013). Християнските храмове по българските земи I-IX век. София: Фондация „Покров Богородичен“. стр. 176. ISBN 978-954-2972-17-4.
  4. Иван Снегаров. История на Охридската ариепископия, том 1, София, 1924, стр. 56
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Разлог“. Македония. Етнография и статистика (бугарски) (II. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 192.
  7. „Справка за населението на гр. Благоевград, общ. Благоевград, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2018-06-16. Посетено на 2018-02-04.
  8. Улрих Бюксеншютц - „Малцинствената политика в България. Политиката на БКП към евреи, роми, помаци и Турци (1944-1989)“, стр. 5 Архивирано на 20 мај 2013 г. До днес не e ясно, дали в България има значим брой хора, които се чувстват като “Македонци”, макар резултатите от преброяването през 1956 г. да посочват техния брой на почти 200000 (виж табл. 5). Тези резултати обаче са грубо фалшифицирани - в онова време върху населението на Пирин планина се упражнява масивен натиск да се признаят за “Македонци”.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]