Прејди на содржината

Мартин Елмигер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мартин Елмигер
Елмигер на Четири дена Динкерк 2013
Лични податоци
Цело имеМартин Елмигер
Роден23 септември 1978(1978-09-23)(46 г.)
Хагендорн,  Швајцарија
Висина1,81 м
Маса72 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Професионални клубови
2001
2002-2006
2007-2012
2013–2016
2017
Пост Свис Тим
Фонак
Аг2р Превојанс
ИАМ Сајклинг
Ванти-Груп Гобер
Значајни победи
Етапни трки
Тур Даун Андер (2007)
Четири дена Динкерк (2010)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2001, 2005, 2010, 2014)

Мартин Елмигер (германски: Martin Elmiger; р. 23 септември 1978 во Хагендорн) — поранешен швајцарски професионален друмски велосипедист, кој настапувал во периодот 2001-2017.[1]

Станал професионалец во 2001 година со екипата Свис Пост Офис. Елмигер бил член на Фонак од 2002-2006 и на Аг2р Превојанс до 2007 до 2012. Бил забележан на етапа на Тур де Романди 2003, кога завршил втор на втората етапа.

Еден од најдобрите моменти во неговата кариера била победата на Тур Даун Андер во 2007, притоа освојувајќи две победи и победа во генералниот пласман со 3 секунди пред Австралиецот Карл Мензис. Тој ја започнал UCI ProTour 2007 со добра форма, завршувајќи 19. на Е3 Харелбеке, 17. на Гент-Вевелгем и 24. на Париз-Рубе по доживеаниот пад. На етапата 2 на Тур де Романди 2007, Елмигер завршил петти зад етапниот победник Роби Мекјуан. Елмигер ја започнал Тур де Свис 2007 со добра форма, завршувајќи седми на прологот, само 10,82 секунди зад Фабијан Канчелара и пред возачи, како што се Андреас Кледен и Мајкл Роџерс.

На петнаесеттата етапа на Тур де Франс 2014, Елмигер се одвоил со Џек Бауер на 222 километри, но биле достигнати од групата на неколку метри пред целта.[2]

Елмигер го напуштил Аг2р-Ла Мондијал на крајот на сезоната 2012 и се приклучил на новата екипа ИАМ Сајклинг за сезоната 2013.[3] Бил национален друмски првак во 2001, 2005, 2010 и 2014 година.[4]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2000
1. Трка околу Штаузе
2001
1. Национално друмско првенство
2002
1. Сиркуто де Гечо
2003
1. ГП Кантон Аргау
2004
1. Етапа 3 Тур де Лангдок-Русијон
2005
1. Национално друмско првенство
1. Етапа 1 (ТТТ) Волта а Каталуња
2006
9. Милано-Санремо
2007
1. Краен пласман Тур Даун Андер
1. ГП д’Исберг
2008
2. Национално друмско првенство
3. Краен пласман Тур де Пикарди
1. Етапа 2
2009
3. Монте Паски Ероика
4. Краен пласман Тур Даун Андер
9. Трка околу Фландрија
2010
1. Тур де ла Сом
1. Национално друмско првенство
1. Краен пласман Четири дена Динкерк
1. Етапа 4
2012
10. Четири дена Динкерк
2013
1. Краен пласман Тур ду Лимузен
1. Етапа 1
2. Национално друмско првенство
2. Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Трка околу Британија
1. Бодовен пласман
8. Краен пласман Четири дена Динкерк
9. Краен пласман Трка околу Баварија
2014
1. Национално друмско првенство
6. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
7. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
Тур де Франс
Награда за борбеност на етапа 7 и 15
2015
5. Париз-Рубе
5. Краен пласман Трка околу Белгија
10. Трка околу Фландрија
2016
1. Пласман најдобар швајцарски возач Тур де Свис
4. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка

Распоред на резултатите на големите трки

[уреди | уреди извор]
Голема трка 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Џиро 80
Тур 108 74 71 75 75 100 64
Вуелта 86

СО = се откажал; — = не учествувал

  1. Бирмајр, Рафаел (6 октомври 2017). „Martin Elmiger: Das verlässliche Rädchen tritt ab“ [Martin Elmiger: The reliable wheel cedes]. Neue Luzerner Zeitung (германски). AG für die Neue Zürcher Zeitung. Посетено на 2 јануари 2018.
  2. Стивен Фаранд (7 јули 2014). „Бауер скршен за пропуштената етапна победа во Ним на Тур де Франс“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 7 јули 2014.
  3. „ИАМ Сајклинг го објави составот за 2013“. Cycling News. Future Publishing Limited. 20 септември 2012. Посетено на 24 септември 2012.
  4. „National Championship, Road, Elite, Switzerland (Men)“. Cycling Archives. Посетено на 14 март 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]