Лоце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лоце
Јужната страна на Лоце
Највисока точка
Надм. вис.8.516 м [1]
4-та
Истакнатост610 м [2]
Заведена какоосумилјадник
Географија
Лоце на карта

Карта

Матичен венецМахалангур Химал
Искачување
Прво освојување18 мај 1956
Фриц Лухсингер
Ернст Рајс
Најлесен патискачување во ледници/снег/мраз

Lhotse (непалски: ल्होत्से; кинески: 洛子峰, пинјин: Luòzǐ Fēng; тибетски: ལྷོ་རྩེ, Вајли: lho rtse) — четврта планина по височина на Земјата (по Монт Еверест, К2 и Кангченѕунга), поврзана со Монт Еверест со Јужното Седло. Покрај главниот врв со надморска височина од 8.516 м, други повисоки врвови на планината се Лоце Средна (источна) и 8.414 м Лоце Шар се 8.383 м. Сместена е на границата помеѓу Тибет (Кина) и регионот Кумбу во Непал.

Забележителни особености[уреди | уреди извор]

Лоце е најпозата како соседна планина на Монт Еверест и по тоа што сите што се искачуваат по стандардниот пат проведуваат извесно време на северозападната страна на планината. Оваа планина впрочем се одликува со најмала топографска истакнатост од сите осумилјадници, издигајќи се само 610 м над Јужното Седло.

Но и покрај ова, Лоце самиот по себе е велелепен врв поради огромниот пад на неговата јужната страна. На оваа страна, планината се издига цели 3,2 км на хоризонтално растојание од само 2,25 км, и со тоа страната е најстрмна во светот. Направени се многу обиди за нејзино искачување, со многу малку успех и голем број загубени животи.

Поглед на Монт Еверест (лево) и Лоце (десно) озрачени од сонцето

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A height of 8.501 м is sometimes given but official Nepalese and Chinese mapping agree on 8.516 м.
  2. 2,0 2,1 „Општи информации“. 8000ers.com. Посетено на 20 декември 2009. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]