Прејди на содржината

Кокоска Плоча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кокоска Плоча
Кокоската Плоча
Видмала
Површина2.900.000 км2
Движење1североисточно
Брзина167 мм годишно
ОпфаќаКокосов Остров, Тихи Океан
1Во однос на Африканската Плоча

Кокоска Плоча — млада океанска тектонска плоча под Тихиор Океан источно од западниот брег на Северна Америка. Наречена е по Кокосовиот Остров, кој се наоѓа на неа. Настанала пред околу 23 милиони години кога Фараљонската Плоча се расцепила на две парчиња, со што е создадена и Насканската Плоча. Самата Кокоска Плоча се разделила на два дела, создавајќи ја малата Риверска Плоча.[1] Кокоската Плоча се граничи со неколку различни плочи. На североисток се Северноамериканската и Карипската Плоча. На запад е Тихоокеанската, а на југ е Насканската Плоча.

Единственото копно над плочата е Кокосовиот Остров, кој е под управа на Костарика и лежи на 550 км југозападно од нејзиното копно.

Геологија

[уреди | уреди извор]

Кокоската Плоча е создадена со ширење на морското дно долж Источнотихоокеанскиот и Кокоскиот Гребен, особено во сложеното подрачје кое геолозите го нарекуваат Кокоско-наскански систем на ширење. Од гребенот плочата се турка на исток и под помалку густата Карипска Плоча во процес наречен подвлекување. Подвлечениот преден раб се загрева и ја оддаава неговата вода во плаштот над него. Во плаштовиот слој наречен астеносфера карпата се топи и создава магма, зафаќајќи ја прегреаната вода под голем притисок. Како последица од ова, на североисток од подвлечениот раб се наоѓа непрекинат вулкански лак (наречен Средноамерикански Вулкански Лак) кој се протега од Костарика до Гватемала, и земјотресен појас кој продолжува понасевер до Мексико.

Северната граница на Кокоската Плоча е Средноамериканскиот Ров. Источната е трансформен расед наречен Панамска Разломна Зона. Јужната граница е средноокеанскиот Галапагоски Гребен.[2] Западната граница е уште еден средноокеански гребен, наречен Источнотихоокеански Гребен.

Врелата точка под Галапагос лежи долж Галапагоскиот Гребен.

Се смета дека Риверската Плоча северно од Кокосовата се одвоила од второспоменатата пред 5–10 милиони години. Границата меѓу овие две плочи нема изразен трансформен расед, но сепак тие се сметаат за посебни. По одвојувањето од Кокоската, Риверската Плоча почнала да дејствува како независна микроплоча.[1]

Разорниот земјотрес во градот Мексико од 1985 г. и оној во Чијапас во 2017 г. се последица од подвлекувањето на Кокоската Плоча под Северноамериканската. Катастрофалните земјотреси во Ел Салвадор во јануари и февруари 2001 г. се предизвикани од подвлекувањето на оваа плоча под Карипската.

  1. 1,0 1,1 Manea, V.C.; Manea, M.; Ferarri, L. (2013). „A geodynamical perspective on the subduction of Cocos and Rivera plates beneath Mexico and Central America“ (PDF). Tectonophysics. 609: 56–81. Bibcode:2013Tectp.609...56M. doi:10.1016/j.tecto.2012.12.039. Посетено на 24 април 2017.[мртва врска]
  2. Paul J. Grim, "Connection of the Panama fracture zone with the Galapagos rift zone, eastern tropical Pacific".

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]