Сомалиска Плоча
Сомалиска Плоча | |
---|---|
Вид | мала |
Површина | 16.700.000 км2[1] |
Движење1 | југоисточно |
Брзина1 | 6 мм годишно |
Опфаќа | Источна Африка, Мадагаскар, Индиски Океан |
1Во однос на Африканската Плоча |
Сомалиска Плоча — мала тектонска плоча која го опчекорува Екваторот на источната полутопка. Во моментов се одвојува од Африканската Плоча долж Источноафриканската Раседна Долина. Сосредоточена е околу островот Мадагаскар и опфаќа околу половина од источниот брег на Африка, од Аденскиот Залив на север, преку Источноафриканската Раседна Долина. Јужната граница со Нубиско-африканската Плоча е расеана плочна граница сочинета од Луандлевската Плоча.[2]
Геологија
[уреди | уреди извор]Арапската Плоча се разидува на север образувајќи го Аденскиот Залив. Индиската, Австралиската и Антарктичката Плоча се разидуваат од Сомалиската, образувајќи го источниот Индиски Океан. Гребенот кој се шири по сомалиско-индиската граница е наречен Карлсбершки Гребен. Оној кој се шири по сомалиско-австралиската граница е познат како Средноиндиски Гребен. Гребенот по сомалиско-антарктичката граница се нарекува Југозападноиндиски Гребен. Западната граница со Африканската Плоча се разидува за да го сочини Источноафриканскиот Расед, кој се протега на југ од тројната точка во Афарската Котлина. Јужната граница со Нубиско-африканската Плоча е расеана плочна граница со Луандлевската Плоча.[2] Сејшелите и Маскаренската Висорамнина се смстени североисточно од Мадагаскар.
Тектонска историја
[уреди | уреди извор]Пред 1,4 – 1,2 милијарди години кибарската орогенеза ги сврзала кратоните на Танзанија и Конго.[3] Некаде пред 1000 до 600 милиони години е создаден суперконтинентот Гондвана, а панафриканската орогенеза ги сошила кратоните на Танзанија и Калахари.[3] Раседнувањето на Гондвана се случило пред 190 до 47 милиони години, раздвојувајќи го Мадагаскар од источниот брег на Африка, со што Сејшелите/Маскаренската Висорамнина се нашле североисточно од Мадагаскар.[4][5] Раседуцањето на Црвеното Море почнало пред 30 милиони години. Првото раседнување се јавило на северот на Западноафриканскиот Раседен Систем пред околу 20 милиони години.[6]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Alden, Andrew (2017-03-17) Here Are the Sizes of Tectonic or Lithospheric Plates. thoughtco.com
- ↑ 2,0 2,1 Saria, E; Calais, E.; Stamps, D.S.; Delvaux, D.; Hartnady, C.J.H. (20 март 2014). „Present-day Kinematics of the East African Rift“. Journal of Geophysical Research: Solid Earth. 119 (4): 3584–3600. Bibcode:2014JGRB..119.3584S. CiteSeerX 10.1.1.723.5337. doi:10.1002/2013JB010901. S2CID 128891002.
- ↑ 3,0 3,1 Rogers, J; Santosh, M (2004). Continents and supercontinents (PDF). Oxford: Oxford University Press. стр. 723. ISBN 9780195165890. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-03-07. Посетено на 2024-08-05.
- ↑ Ali, J; Aitchison, C (2008). „Gondwana to Asia: Plate tectonics, paleogeography and the biological connectivity of the Indian sub-continent from the Middle Jurassic through latest Eocene (166–35 Ma)“. Earth-Science Reviews. 88 (3–4): 145–166. Bibcode:2008ESRv...88..145A. doi:10.1016/j.earscirev.2008.01.007.
- ↑ Plummer, P (1995). „Ages and geological significance of the igneous rocks from Seychelles“. Journal of African Earth Sciences. 20 (2): 91–101. Bibcode:1995JAfES..20...91P. doi:10.1016/0899-5362(95)00035-R.
- ↑ Chorowicz, Jean (октомври 2005). „The East African rift system“. Journal of African Earth Sciences. 43 (1–3): 379–410. Bibcode:2005JAfES..43..379C. doi:10.1016/j.jafrearsci.2005.07.019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сомалиска Плоча на Ризницата ?
- Emerick, C. M., 1985, Age progressive volcanism in the Comores Archipelago and Northern Madagascar, Oregon State Univ., Corvallis, PhD Thesis, Abstract