Скошанска Плоча
Скошанска Плоча | |
---|---|
Вид | мала |
Површина | 1.651.000 км3[1] |
Движење1 | западно |
Брзина1 | 25 мм годишно |
Опфаќа | Дрејков Премин, море Скоша, Јужна Џорџија |
1Во однос на Африканската Плоча |
Скошанска Плоча — мала тектонска плоча на работ на Јужниот Атлантик и Јужниот Океан. Се смета дека се образувала за време на раниот еоцен со отворањето на Дрејковиот Премин кој го двои Антарктикот од Јужна Америка.[2] Како мала плоча, нејзиното движење е зависно од двете големи плочи до неа: Антарктичката и Јужноамериканската.[3] Плочата е наречена по морето Скоша, кое пак е наречено по бродот „Скоша“ (Scotia) на Шкотската национална антарктичка експедиција (1902–04). Оваа експедиција, под водство на капетанот Викијам С. Брус го направила првото батиметриско проучување на подрачјето.[4]
Плочата има ромбоиден облик, широка е 800 км и долга 3.000 км. Се движи на ЗЈЗ со брзина од 2,2 см годишно, а Јужносендвичката Плоча се движи на исток 5,5 см годишно во апсолутна појдовна рамка.[5] Its boundaries are defined by the East Scotia Ridge, the North Scotia Ridge, the South Scotia Ridge, and Шеклтоновата Преломна Зона.[6]
Скошанската Плоча е сочинета од океанска кора и континентално парче денес распределено по морето Скоша. Пред да почне нејзиниот настанок (пред 40 милиони години), овие парчиња образувале непрекината копнена маса од Патагонија до Антарктичкиот Полуостров долж активна подвлекувачка граница.[5] Денес плочата е под вода, со исклучок на Јужна Џорџија на нејзиниот североисточен раб и јужниот крај на Јужна Америка.[7]
Тектонска поставеност
[уреди | уреди извор]Заедно со Сендвичката, Скошанската Плоча ги спојува најјужниот дел на Андите со Антарктичкит Полуостров, исто како што Карипската Плоча го поврзува најсеверниот дел на Андите со Северна Америка, и тие се споредливи во неколку погледи. Обете имаат вулкански лакови на источнот крај, Јужните Сендвички Острови на Сендвичката и Малите Антили на Карипскат Плоча, и обете имале големо влијание врз глобалната клима кога ги затвориле двата главни премини помеѓу Тихиот и Атлантскиот Океан за време на мезозоикот и кенозоикот.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „SFT and the Earth's Tectonic Plates“. Los Alamos National Laboratory. Архивирано од изворникот на 29 јули 2015. Посетено на 17 јули 2015.
- ↑ Livermore и др. 2005, 5. Eocene opening, pp. 465, 467
- ↑ Livermore и др. 2005, 2. South America-Antarctica plate tectonics, p. 460
- ↑ 4,0 4,1 Dalziel и др. 2013, The Scotia Arc in space and time, pp. 768–769
- ↑ 5,0 5,1 Giner-Robles и др. 2003, 2. Geological setting, pp. 179–181
- ↑ Riley и др. 2019, P137
- ↑ Thomas, Livermore & Pollitz 2003