Прејди на содржината

Северноамериканска Плоча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Северноамериканска Плоча
Северноамериканската Плоча
Видголема
Површина75.900.000 км2
Движење1западно
Брзина115-25 мм годишно
ОпфаќаСеверна Америка, Гренланд, Берингово Море, Атлантски Океан, северни Кариби, Северноледен Океан, Алјаски Залив, Руски Далечен Исток (дел од Сибир), Азори (дел), Исланд (дел)
1Во однос на Африканската Плоча

Северноамериканска Плочатектонска плоча што го опфаќа најголемиот дел од Северна Америка, Куба, Бахамите, крајниот североисток на Азија и делови од Исланд и Азорите. Со површина од 75.900.000 км2 оваа е втора по големина тектонска плоча на светот, веднаш по Тихоокеанската (која се наоѓа западно од неа).

Плочата се протега на исток до сеизмички активниот Средноатлантски Гребен во плочната граница наречена Азорска Тројна Точка каде се среќава со Евроазиската и Нубиската Плоча.[1][2] и на запад до Черските Планини во источен Сибир. Опфаќа и континентална и океанска кора. Внатрешноста на главната копнена маса вклучува големо гранитно јадро наречено кратон. Долж највеќето граници на овој кратон се наоѓаат парчиња од корин материјал наречени терани, кои се насобираат на кратонот со тектонско дејство со тек на долг временски период. Речиси сета Северна Америка западно од Карпестите Планини е сочинета од вакви терани.

Јужната граница со Кокоската Плоча на запад и Карипската Плоча на исток е трансформен расед кај Лебедовите Острови под Карипското Море и кај Мотагва преку Гватемала. Дел од оваа граница се и напоредните раседи Септентрионал и Енрикиљо-Плантејн Гарден, кои врват низ Хиспаниола се врзани за микроплочата Гонав. Остатокот од јужната граница кој се протега на исток до Средноатлантскиот Гребен и ја исцртува границата помеѓу Северноамериканската и Јужноамериканската Плоча е нејасна, но сместена е во преломната зона наречена „Петнаесет-дваесет“ околу 16° СГШ.

На северната граница се наоѓа продолжението на Средноатлантскиот Гребен наречено Гакељов Гребен. Остатокот од границата во далечниот северозападен дел на плочата се протега до Сибир. Оваа граница продолжува од крајот на Гакељовиот Гребен како Лаптевскиот Расед, па во преодно изобличено подрачје во Черските Планини, а потоа во Улаханскиот Расед помеѓу неа и Охотската Плоча. На крај оди од Алеутскиот Ров до крајот раседниот систем Кралица Шарлота.

Западната граница е раседот Кралица Шарлота кој се протега во морето крај брегот на Алјаска и зоната на подвлекување Каскадија на север, Санандреаскиот Расед преку Калифорнија, Источнотихоокеанскиот Гребен во Калифорнискиот Залив, како и Средноамериканскиот Ров на север.

На западниот раб Фараљонската Плоча е подвлечена под Северноамериканска уште од јурата. Фараљонската Плоча е речиси целосно подвлечена под западниот дел на Северноамериканска Плоча, и тој дел е во допир со Тихоокеанската Плоча во облик на Санандреаскиот Расед. Плочите Хуан де Фука, Експлорер, Гордската, Риверската, Кокоската и Насканската Плоча се остатоци од Фараљонската Плоча. Границата долж Калифорнискиот Залив е сложена. Под заливот има познато раседно подрачје сочинето од низа раседни басени и парчиња од трансформен расед од северниот крај на Источнотихоокеанскиот Гребен во устието на заливот до Санандреаскиот Расед во близина на раседот на Солтонската Бразда/сеизмичкото подрачје Броли.[3][4] Општоприфатено е дека дел од Северноамериканска Плоча се откршен и прешол на север додека Источнотихоокеанскиот Гребен туркал на север, создавајќи го Калифорнискиот Залив. Меѓутоа, досега не е јасно дали океанската кора меѓу гребенот и брегот на Мексико впрочем е нова плоча кој почнува да се спојува со Северноамериканска Плоча, што е доследно на стандардниот модел на центрите на ширење на раседни подрачја воопшто.

Врели точки

[уреди | уреди извор]

Се смета дека под Северноамериканска Плоча постојат неколку врели точки. Најзначајни се Јелоустоунската (Вајоминг), Хемескиот Линејамент (Ново Мексико) и Анахимската (Британска Колумбија) hotspots. Создадени се од тенок млаз од врел плашт струејќи нагоре од границата јадро-плашт на Земјата наречена плаштова перјаница,[5] иако некои геолози мислат дека поверојатен причинител е струењето на горниот плашт.[6][7] Јелоустоунската и Анахимската врела точка настанале во миоценот и сè уште се геолошки активни, предизвикувајќи земјотреси и вулкански избуви. Врелата точка во Јелоустоун е позната по Јелоустоунската Калдера и многуте калдери кои лежат во Снејковата Рамнина, а Анахим е познат по Анахимскиот Вулкански Појас во подрачјето на конусот Наско.

Движење на плочата

[уреди | уреди извор]

Северноамериканска Плоча претежно се движи во приближно југозападен правец, оддалечувајќи се од Средноатлантскиот Гребен со стапка од 2,3 см годишно. Истовремено, Тихоокеанската Плоча се движи на северозапад со брзина од 7 до 11 см годишно. Плочата не се движи со подвлекување бидејќи ниеден дел од Северноамериканска Плоча не трпи подвлекување, освен мал дел кој го сочинува Порториканскиот Ров; затоа се истражуваат други механизми. Едно проучување од 2007 г. вели дека движењето се должи на плаштова струја.[8]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. F.O. Marques, J.C. Catalão, C.DeMets, A.C.G. Costa, A. Hildenbrand (2013). „GPS and tectonic evidence for a diffuse plate boundary at the Azores Triple Junction“ (PDF). Earth and Planetary Science Letters. 381: 177–187. Bibcode:2013E&PSL.381..177M. doi:10.1016/j.epsl.2013.08.051.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. Machado, Adriane; Azevedo, José M. M.; Alemeida, Delia P.M.; Farid Chemale Jr. (2008). „Geochemistry of Volcanic Rocks from Faial Island (Azores)“ (PDF). Lisbon: e-Terra, GEOTIC – Sociedade Geológica de Portugal. стр. 1–14. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 мај 2011. Посетено на 17 април 2010.
  3. „Landslides, Floods, and Marine Effects of the Storm of January 3-5, 1982, in the San Francisco Bay Region, California“. pubs.usgs.gov. Архивирано од изворникот 20 јули 2018. Посетено на 13 март 2020.
  4. „Farallon Plate [This Dynamic Earth, USGS]“. pubs.usgs.gov. Архивирано од изворникот 30 јануари 2020. Посетено на 13 март 2020.
  5. „Hotspots [This Dynamic Earth, USGS]“. pubs.usgs.gov. Архивирано од изворникот 9 април 2020. Посетено на 13 март 2020.
  6. „Geotimes - November 2000: New Notes“. www.geotimes.org. Архивирано од изворникот 11 јули 2018. Посетено на 29 март 2008.
  7. „Upper-mantle origin of the Yellowstone hotspot“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 3 јули 2007. Посетено на 29 март 2008.
  8. Eaton, David W.; Frederiksen, Andrew (2007). „Seismic evidence for convection-driven motion of the North American plate“. Nature. 446 (7134): 428–431. Bibcode:2007Natur.446..428E. doi:10.1038/nature05675. PMID 17377580. S2CID 4420814.