Фараљонска Плоча
Фараљонска Плоча — древна океанска тектонска плоча. Била една од трите главни плочи на суперокеанот Панталаса, заедно со Изанашката и Фениксовата, поврзани со тројна точка. Кога Пангеја почнала да се отцепува, Фараљонската Плоча почнала да се подвлекува под западниот брег на Северноамериканска Плоча (тогаш сместен во денешна Јута) со создавањето на Тихоокеанската Плоча во средиштето на тројната точка за цреме на раната јура. Наречена е по Фараљонските Острови, сместени недалеку на запад од Сан Франциско, Калифорнија.
Со тек на време средишниот дел на Фараљонската Плоча се подвлекол под југозападниот дел на Северноамериканската. Остатоци од Фараљонската Плоча се плочите Истражувачка, Гордска и Хуан де Фука, кои се подвлекуваат под северниот дле на Северноамериканската Плоча; Кокоската Плоча која се подвлекува под Средна Америка; и Насканската Плоча која се подвлекува под Јужноамериканската.[1]
Фараљонската Плоча исто така е одговорна за пренос на стари островски лакови и разни парчиња на материјал од континентална кора раздвоени од други далечни плочи и нивно насобирање кон Северноамериканската Плоча.
Овие парчиња од други места се нарекуваат терани (понекогаш „егзотични“ терани). Добар дел од западна Северна Америка е сочинета од овие насобрани терани.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Белешки
- ↑ Lonsdale, Peter (1 август 2005). „Creation of the Cocos and Nazca plates by fission of the Farallon plate“. Tectonophysics. 404 (3–4): 237–264. Bibcode:2005Tectp.404..237L. doi:10.1016/j.tecto.2005.05.011.
Библиографија
- Goes, Saskia (април 2013). „Western North America's jigsaw“. Nature. 496 (7443): 25–27. Bibcode:2013Natur.496...35G. doi:10.1038/496035a. PMID 23552938. S2CID 205076929.
- Sigloch, Karin; Mihalynuk, Mitchell G. (4 април 2013). „Intra-oceanic subduction shaped the assembly of Cordilleran North America“. Nature. 496 (7443): 50–56. Bibcode:2013Natur.496...50S. doi:10.1038/nature12019. PMID 23552944. S2CID 205233259.
- Schellart, W. P.; Stegman, D. R.; Farrington, R. J.; Freeman, J.; Moresi, L. (16 јули 2010). „Cenozoic Tectonics of Western North America Controlled by Evolving Width of Farallon Slab“. Science. 329 (5989): 316–319. Bibcode:2010Sci...329..316S. doi:10.1126/science.1190366. PMID 20647465. S2CID 12044269.
- Schmid, C.; Goes, S.; van der Lee, S.; Giardini, D. (2002). „Fate of the Cenozoic Farallon slab from a comparison of kinematic thermal modeling with tomographic images“ (PDF). Earth Planet. Sci. Lett. 204 (1–2): 17–32. Bibcode:2002E&PSL.204...17S. doi:10.1016/S0012-821X(02)00985-8. Архивирано од изворникот (PDF) на 15 октомври 2015. Посетено на 4 април 2013.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Фараљонска Плоча“ на Ризницата ? |
- Слики од Фараљонската Плоча — USGS (англиски)
- Пропастана Фараљонската Плоча под Северна Америка – Калифорниски технолошки институт (англиски)
- Фараљонската Плоча Архивирано на 29 октомври 2020. – Центар за вселенски летови „Годард“ (англиски)
|