Индоавстралиска Плоча
Индоавстралиска Плоча — голема тектонска плоча која го опфаќа континентот Австралија и околниот океан, се протега на северозапад и го вклучува Индискиот Потконтинент и соседните води. Образуван е со спојување на Индиската и Австралиската Плоча пред околу 43 милиони години.[1] Спојувањето се случило кога средноокеанскиот гребен во Индискиот Океан, кој ги двоел двете плочи, престанал да се шири.[2] Се смета дека постои подрачје на изобличеност помеѓу двете плочи и дека тие не се движат по истиот северен вектор.[3][4] Ова одговара на претходните наоди кои укажуваат на нивното делување како одделни плочи во изминатите 3 милиони години.[5] Некои сметаат дека со време ќе се создаде месна граница меѓу нив.[6]
Области
[уреди | уреди извор]Австралија-Нова Гвинеја (континентална Австралија, Нова Гвинеја и Тасманија), Индискиот Потконтинент и Зеландија (Нова Каледонија, Нов Зеланд и островот Норфолк) се остатоци од древниот суперконтинент Гондвана. Со расцепувањето на океанското дно, овие копнени маси се раскршиле една од друга, макар што Индоавстралиската Плоча веројатно веќе била одвоена.[3][4][5][6]
Одлики
[уреди | уреди извор]Источната страна на плочата е приближувачката граница со Тихоокеанската Плоча. Второспоменатата плоча тоне под Австралиската Плоча, образувајќи ги Кермадечкиот Ров и островските лакови на Тонга и Кермадек. Нов Зеланд е сместен долж југоисточната граница на плочата, која заедно со Нова Каледонија ги образува јужниот и северниот крај на дамнешната копнена маса Зеландија, одвоена од Австралија пред 85 милиони години. Средишниот дел на Зеландија потонал под морето.
Јужната граница на плочата сочинува раздвојувачка граница со Антарктичката Плоча. Западната страна е поделена од Индиската Плоча која граничи со Арапската на север и Африканската на југ. Северниот раб на Индиската Плоча образува приближувачка граница со Евроазиската Плоча, каде се одвива активниот орогенетски процес на Хималаите и Хиндукуш.
Североисточната страна на Австралиската Плоча образува подвлекувачка граница со Евроазиската Плоча во Индискиот Океан помеѓу границите на Бангладеш и Бурма, и на југозапад од индонезиските острови Суматра и Борнео. Долж северниот Деведесетстепенски Источен Гребен под Индискиот Океан има подрачје на слабост каде Индиската и Австралиската Плоча се разидуваат по свои патишта.[3][4] Границата на тонење низ Индонезија е одразена од Волесовата Линија.
Движења на плочата
[уреди | уреди извор]Источниот дел на (Австралиската Плоча) се движи кон север со стапка од 5,6 см годишно, додека западниот дел (Индиската Плоча) се движи само 3,7 см годишно поради пречката која ја прават Хималаите. Сметајќи од средиштата на копнените маси на Индија и Австралија, Австралија се движи на север 3 см годишно во однос на Индија.[3] Ова диференцијално движење предизвикало збивање на поранешната плоча близу нејзиното средиште кај Суматра и повторна поделба на одделна Индиска и Австралиска Плоча.[4][7]
Од западната страна на Индиската плоча можеби се двои и трета плоча — наречена „Јарчева Плоча“ — како дел од постојаното одвојување на Индоавстралиската Плоча.[8]
Двоење
[уреди | уреди извор]Неодамнешните проучувања и наодите од сеизмички случувања како земјотресите во Индискиот Океан од 2012 г. укажуваат на тоа дека Индоавстралиската Плоча може да се распаднала на два или три посебни дела претежно поради напрегањето предизвикано од судирот на Индоавстралиската Плоча со Евроазија долж местото каде потоа се издигнал венецот Хималаи,[9][10] и дека Индиската и Австралиската Плоча може да се одвоиле уште пред 3 милиони години или порано.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The Indo-Australian Plate“. austhrutime.com.
- ↑ Keep, Myra; Schellart, Wouter P. (2012). „Introduction to the thematic issue on the evolution and dynamics of the Indo-Australian plate“. Australian Journal of Earth Sciences. 59, 2012 (6: THEMATIC ISSUE — Evolution and dynamics of the Indo-Australian plate): 807–808. Bibcode:2012AuJES..59..807K. doi:10.1080/08120099.2012.708360. S2CID 128996831.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Delescluse, Matthias; Chamot-Rooke, Nicolas (2007). „Instantaneous deformation and kinematics of the India–Australia Plate“. Geophysical Journal International. 168 (2): 818–842. doi:10.1111/j.1365-246X.2006.03181.x.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Delescluse, Matthias; Chamot-Rooke, Nicolas; Cattin, Rodolphe; Fleitout, Luce; Trubienko, Olga; Vigny, Christophe (26 септември 2012). „April 2012 intra-oceanic seismicity off Sumatra boosted by the Banda-Aceh megathrust“. Nature. 490 (7419): 240–4. Bibcode:2012Natur.490..240D. doi:10.1038/nature11520. PMID 23023134. S2CID 205230868.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Stein, Seth; Sella, Giovanni; Okai, Emile A. (2002). „The January 26, 2001 Bhuj Earthquake and the Diffuse Western Boundary of the Indian Plate“ (PDF). Plate Boundary Zones. Geodynamics Series. American Geophysical Union. стр. 243–254. doi:10.1029/GD030p0243. ISBN 9781118670446. Посетено на 26 декември 2015.
- ↑ 6,0 6,1 Yue, H.; Lay, T.; Koper, K. (2012). „En échelon and orthogonal fault ruptures of the 11 April 2012 great intraplate earthquakes“. Nature. 490: 245–249. doi:10.1038/nature11492.
- ↑ „Earth cracking up under Indian Ocean“. New Scientist. 26 септември 2012. Посетено на 14 март 2018.
- ↑ Siegel, Lee (26 септември 2012). „Sumatra quake was part of crustal plate breakup: Study shows huge jolt measured 8.7, ripped at least 4 faults“. Phys.Org. Посетено на 6 октомври 2012.
- ↑ „Press Release: An Earth Plate Is Breaking in Two“. www.columbia.edu.
- ↑ R. R. Hillis, R. D. Müller. Evolution and Dynamics of the Australian Plate