Антарктичка Плоча
Антарктичка Плоча | |
---|---|
Вид | голема |
Површина | 60.900.000 км2 |
Движење1 | југозападно |
Брзина1 | 12-14 мм |
Опфаќа | Антарктик, Кергеленска Висорамнина, Јужен Океан |
1Во однос на Африканската Плоча |
Антарктичка Плоча — тектонска плоча која го опфаќа Антарктикот, Кергеленската Висорамнина, некои оддалечени острови во Јужниот Океан и околните океани. По одвојувањето од Гондвана (јужниот дел на суперконтинентот Пангеја), Антарктичката Плоча почнала да го носи антарктичкиот континент во јужен правец, за да стаса на неговото денешно место каде има многу постудена клима.[1] Антарктичката Плоча речиси целосно се граничи со пространи системи на средноокеански гребени. Соседни плочи се Насканската, Јужноамериканската, Африканската, Сомалиската, Индоавстралиската, Тихоокеанската, и, преку трансформната граница, Скошанската.
Антарктичката Плоча зафаќа површина од 60.900.000 км2.[2] It is Earth's fifth-largest tectonic plate.
Се смета дека плочата се движи барем 1 см годишно кон Атлантскиот Океан.[3]
Подвлекување под Јужна Америка
[уреди | уреди извор]Антарктичката Плоча почнала да се подвлекува под Јужна Америка во миоценот пред 14 милиони години. Најпрвин се подвлекла само под најјужниот крај на Патагонија, што значи дека Чилеанската Тројна била близу Магелановиот Проток. Со обземањето на Насканската Плоча и Чилеанскиот Гребен, посеверните краишта на Антарктичката Плоча почнале да се подвлекуваат под Патагонија, така што Чилеанската Тројна Точка денес се наоѓа пред полуостровот Тајтао на 46°15' СГШ.[4][5] Подвлекувањето на Антарктичката Плоча под Јужна Америка е одговорно за издигањето на Патагонија и облажување на претходно посилниот надолен тек на Земјиниот плашт предизвикан од подвлекувањето на Насканската Плоча под Патагонија. Динамичката топографија предизвикана од ова издигање подигнала квартарски морски тераси и плажи ширум атлантскиот брег на Патагонија.[5]
Надземни места на плочата
[уреди | уреди извор]- остров Амстердам (Франција)
- Антарктик
- острови Крозе (Франција)
- острови Херд и Макдоналд (Австралија)
- остров Херд
- остров Макдоналд
- острови Кергелен (Франција)
- остров Петар I
- Острови на Принцот Едвард (ЈАР)
- остров Свети Павле (Франција)
- Јужни Оркниски Острови
- Јужни Шетландски Острови
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Fitzgerald, Paul (2002). „Tectonics and landscape evolution of the Antarcric Plate since the breakup of Gondwana, with an emphasis on the West Antarctic Rift System and the Transantarctic Mountains“ (PDF). Royal Society of New Zealand Bulletin (35): 453–469. Посетено на 1 февруари 2015.
- ↑ Wohletz, K.H.; Brown, W.K. „SFT and the Earth's Tectonic Plates“. Los Alamos National Laboratory. Архивирано од изворникот на 17 февруари 2013.
- ↑ Jiang, Wei-Ping; E, Dong-Chen; Zhan, Bi-Wei; Liu, You-Wen (2009). „New Model of Antarctic Plate Motion and Its Analysis“. Chinese Journal of Geophysics (англиски). 52 (1): 23–32. doi:10.1002/cjg2.1323. ISSN 2326-0440.
- ↑ Cande, S.C.; Leslie, R.B. (1986). „Late Cenozoic Tectonics of the Southern Chile Trench“. Journal of Geophysical Research: Solid Earth. 91 (B1): 471–496. Bibcode:1986JGR....91..471C. doi:10.1029/JB091iB01p00471.
- ↑ 5,0 5,1 Pedoja, Kevin; Regard, Vincent; Husson, Laurent; Martinod, Joseph; Guillaume, Benjamin; Fucks, Enrique; Iglesias, Maximiliano; Weill, Pierre (2011). „Uplift of quaternary shorelines in eastern Patagonia: Darwin revisited“ (PDF). Geomorphology. 127 (3–4): 121–142. Bibcode:2011Geomo.127..121P. doi:10.1016/j.geomorph.2010.08.003.