Новохебридска Плоча
Новохебридска Плоча — мала тектонска плоча во Тихиот Океан.[1][2] Во најголем дел е потопена како морско дно на Севернофиџиската Котлина, на нејзиниот западен раб е островската земја Вануату со повеќе лачни вулкани. На југозапад се граничи со Австралиската Плоча, која се подвлекува под неа во Новохебридскиот Ров. Подвлекувачката зона на Вануату е сеизмички активна и предизвикува многу земјотреси со јачина 7 или посилни.[3] На север е Тихоокеанската, на североисток Балморалската, а на исток Конвејската Плоча.
На југот плочното приближување се одвива во облик на раседнување на западниот потег на Новохебридскиот Ров, трансформно раседнување во Хантерскиот Гребен северно од овој потег на ровот. Трансформното раседнување е поутврдено во Хантерската Разломна Зона која продолжува како јужна граница на Конвејската Плоча кон Фиџи.[4]
Подрачјето е сложено и можеби има уште неколку микроплочи или блокови.[5].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Bird 2003, 5.12. New Hebrides (NH), Conway Reef (CR), Balmoral Reef (BR), and Futuna (FT) Plates(?) in the New Hebrides-Fiji Orogen.
- ↑ Calmant и др. 2003.
- ↑ Roger и др. 2023, Section:2 Seismotectonic context.
- ↑ Durance и др. 2012, стр. 915.
- ↑ Szitkar и др. 2022, 2. Regional geological context.
Извори
[уреди | уреди извор]- Bird, Peter (2003). „An updated digital model of plate boundaries“. Geochemistry, Geophysics, Geosystems. 4 (3): 1027. Bibcode:2003GGG.....4.1027B. doi:10.1029/2001GC000252.
- Calmant, S.; Pelletier, B.; Lebellegard, P.; Bevis, M.; Taylor, F. W.; Phillips, D. A. (2003). „New insights on the tectonics along the New Hebrides subduction zone based on GPS results“ (PDF). J. Geophys. Res. 108 (B6): 2319. Bibcode:2003JGRB..108.2319C. doi:10.1029/2001JB000644.
- Roger, J; Pelletier, B; Gusman, A; Power, W; Wang, X; Burbidge, D; Duphil, M (2023). „Potential tsunami hazard of the southern Vanuatu subduction zone: tectonics, case study of the Matthew Island tsunami of 10 February 2021 and implication in regional hazard assessment“. Natural Hazards and Earth System Sciences. 23 (2): 393–414. Bibcode:2023NHESS..23..393R. doi:10.5194/nhess-23-393-2023. S2CID 253207848 Проверете ја вредноста
|s2cid=
(help). - Durance, PM; Jadamec, MA; Falloon, TJ; Nicholls IA (1 август 2012). „Magmagenesis within the Hunter Ridge Rift Zone resolved from olivine-hosted melt inclusions and geochemical modelling with insights from geodynamic models“. Australian Journal of Earth Sciences. 59 (6): 913–31. Bibcode:2012AuJES..59..913D. doi:10.1080/08120099.2012.682096. S2CID 67848457.
- Argus, DF; Gordon, RG; DeMets, C (2011). „Geologically current motion of 56 plates relative to the no‐net‐rotation reference frame“. Geochemistry, Geophysics, Geosystems. 12 (11): 1–13. Bibcode:2011GGG....1211001A. doi:10.1029/2011GC003751. Посетено на 14 октомври 2023.
- Covellone, BM; Savage, B; Shen, Y (15 јуни 2015). „Seismic wave speed structure of the Ontong Java Plateau“. Earth and Planetary Science Letters. 420: 140–50. doi:10.1016/j.epsl.2015.03.033.
- Szitkar, F; Dyment, J; Pelleter, E; Thomas, Y; Marsset, B; Ker, S; Fouquet, Y (2022). „Effusive and explosive volcanism on the northern Futuna Ridge, Lau Basin: A combined bathymetric, magnetic and seismic investigation“. Journal of Volcanology and Geothermal Research. 431 (107646). doi:10.1016/j.jvolgeores.2022.107646.