Прејди на содржината

Јарчева Плоча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јарчева Плоча
Јарчевата Плоча
Видмала (предложена)
Движење1североисточно
Брзина159 мм годишно
ОпфаќаИндиски Океан
1Во однос на Африканската Плоча

Јарчева Плоча — мала предложена тектонска плоча под Индискиот Океан на јужната и источната полутопка. Орвобитната теорија за тектониката на плочите во 1960-тите претпоставувала наполно крути плочи и релативно тесни и изразени плочни граници. Меѓутоа, истражувањата од крајот на XX и почетокот на XXI век укажуваат на тоа дека извесни плочни граници се развлечени на неколку десетици, па дури и стотици километри.[1] Јарчевата Плоча е релативно круто парче од океанска кора долж далечниот западен раб на поранешната Индоавстралиска Плоча. Јарчевата порано била споена со Индиската и Австралиската Плоча, образувајќи ја Индоавстралиската Плоча; меѓутоа, поновите проучувања велат дека Јарчева Плоча почнала да се двои од Индиската и Австралиската пред 18 до 8 милиони години долж широка развлечена граница.[2]

  1. Royer, Jean-Yves; Gordon, Richard G. (август 1997). „The Motion and Boundary Between the Capricorn and Australian Plates“. Science. 277 (5330): 1268–1274. doi:10.1126/science.277.5330.1268.
  2. Gordon, Richard G. (март 2009). „Lithospheric Deformation in the equatorial Indian Ocean: Timing and Tibet“. Geology. 37 (3): 287–288. Bibcode:2009Geo....37..287G. doi:10.1130/focus032009.1.