Кермадечка Плоча
Изглед
Кермадечка Плоча — долга и тесна тектонска плоча западно од Кермадечкиот Ров во јужниот Тихи Океан. На оваа плоча лежи и мал дел од Северниот Остров на Нов Зеланд и групата Кермадек. Одделена е од Австралиската Плоча со долга раздвојувачка граница која образува задлачен басен. Подрачјето е мошне подложно на земјотреси и цунамија.
Брзината со која Тихоокеанската Плоча се приближува до Австралиската и Кермадечката е меѓу највисоките на светот, со 8 см годишно на север и 4,5 см годишно на југ.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Stratford, W.; Peirce, C.; Paulatto, M.; Funnell, M.; Watts, A. B.; Grevemeyer, I.; Bassett, D. (2015). „Seismic velocity structure and deformation due to the collision of the Louisville Ridge with the Tonga-Kermadec Trench“ (PDF). Geophysical Journal International. 200 (3): 1503–1522. doi:10.1093/gji/ggu475. Посетено на 21 мај 2023.
Литература
[уреди | уреди извор]- Bird, P. (2003). „An updated digital model of plate boundaries“. Geochemistry, Geophysics, Geosystems. 4 (3): 1027. Bibcode:2003GGG.....4.1027B. doi:10.1029/2001GC000252.