Прејди на содржината

Филипинска Плоча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филипинска Плоча
Филипинската Плоча
Видмала
Површина5.500.000 км2
Движење1северозападно
Брзина148-84 мм годишно
Опфаќасеверен Лусон, Филипинско Море, Тајван
1Во однос на Африканската Плоча

Филипинска Плочатектонска плоча што се состои од океанска литосфера сместена под Филипинското Море, источно од Филипините. Највеќето делови од Филипините, вклучувајќи го северен Лусон, се дел од Филипинскиот Подвижен Појас, кој е геолошки и тектонски независен од Филипинската Плоча.

Плочата е обиколена претежно со приближувачки граници:[1] На север се граничи со Охотската Плоча во Нанкајскиот Ров. Филипинската, Амурската и Охотската Плоча се среќаваат кај планината Фуџи во Јапонија. Задебелената кора на Изубонинскомаријанскиот лак која се судира со Јапонија ја сочинува Изуската Судирна Зона. Истокот на плочата ги опфаќа островските групи Изу, Огасавара (Бонин) и Мариканските Острови, сочинувајќи го Изубонинскомаријанскиот лачен систем. Има раздвојувачка граница помеѓу Филипинската Плоча и малата Маријанска Плоча на која лежат Маријанските Острови. На исток Тихоокеанската Плоча се подвлекува под Филипинската во Изуогасаварскиот Ров. На југ Филипинската Плоча се граничи со Каролинската и Птицоглавската. На запад Филипинската Плоча се подвлекува под Филипинскиот Подвижен Појас во Филипинскиот и Источнолусонскиот Ров. На северозапад плочата се допира до Тајван и Нансејските Острови на Окинавската Плоча, како и јужена Јапонија на Амурската Плоча. На северозапад се допира со Јангцекјаншката Плоча.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Smoczyk, Gregory M.; Hayes, Gavin P.; Hamburger, Michael W.; Benz, Harley M.; Villaseñor, Antonio H.; Furlong, Kevin P. (2013). „Seismicity of the Earth 1900-2012 Philippine Sea plate and vicinity“ (PDF). Reston, VA. doi:10.3133/ofr20101083m.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Hall, Robert; Fuller, Michael; Ali, Jason R.; Anderson, Charles D. (1995), „The Philippine Sea Plate: Magnetism and reconstructions“, Active Margins and Marginal Basins of the Western Pacific, Geophysical Monograph Series, 88, стр. 371–404, doi:10.1029/GM088p0371, ISBN 0-87590-045-3

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]