Источен Мидлендс
Источен Мидлендс | |
---|---|
Регион во Англија | |
Суверена држава | Обединето Кралство |
Конститутивна земја | Англија |
Најголем град | Лестер |
Управа | |
• Одбор на лидери | Совети на Источен Мидлендс |
Површина | |
• Вкупна | 15.627 км2 |
Ранг | 4-то |
Население (2018)[1] | |
• Вкупно | 4,804,149 |
• Ранг | 5-то |
• Густина | 310/км2 |
Бруто додадена вредност | |
• Вкупно | £88 милијарди |
• По глава на жител | £17,698 (5-то) |
ИТЛ код | TLF |
Мреж. место | emcouncils.gov.uk/Home |
Источен Мидлендс (англиски: East Midlands) е еден од деветте официјални региони на Англија. Ја зафаќа источната половина од областа позната како Мидлендс. Се состои од Дербишир, Лестершир, Линколншир (без Северен и Североисточен Линколншир ), Нортхемптоншир, Нотингемшир и Ратланд. Регионот зафаќа површина од 15.627 km², и имал население над 4,5 милиони во 2011 година. Најголеми градови се Лестер и Нотингем, а други поголеми градови се Дерби, Линколн, Менсфилд и Нортхемптон.
Релативната блискост до Лондон и неговата местоположба како крстосница на национални автопати и магистрални патни мрежи, му помогнале на Источен Мидлендс да напредува како економски центар.
Географија
[уреди | уреди извор]Вкупната површина на регионот е 15.627 km² (4-то место меѓу регионите на Англија). На исток излегува на Северно Море, на југоисток се граничи со регионот Источна Англија, на југ со регионот на Југоисточна Англија, на запад со регионот Западен Мидлендс, на северозапад со регионот Северозападна Англија, на север со Јоркшир и Хамбер.
Највисок врв со 636 м. е Киндер Скаут, во областа Пик на јужните Пенини во северозападниот дел на Дербишир.
Најголемите реки во регионот, Нене, Соар, Трент и Веланд, течат кон североисток кон реките Хамбер и Вош.
Геологија
[уреди | уреди извор]Во регионот има големи количества варовник и на североисток се наоѓа нафтената провинција Источен Мидлендс. Шумата Чарнвуд е позната по изобилството на вулкански карпи чија старост се проценува на околу 600 милиони години. [2]
Една четвртина од цементот во Обединетото Кралство се произведува во овој регион. [3] Во Линколншир и Нотингемшир се ископува по околу 30% од вкупното производството на песок и чакал во регионот. [4]
Шуми
[уреди | уреди извор]Неколку градови во јужниот дел на регионот, како Маркет Харборо, Дезборо, Ротвел, Корби, Кетеринг, Питерборо, Трапстон, Оунл и Стемфорд, се наоѓаат во границите на некогашната Рокингемска шума која што Вилијам Освојувачот ја назначил за кралска шума и во неа долго време ловеле англиските кралеви и кралици.
Шервудската Шума во Нотингемшир поврзана со легендата за Робин Худ можеби е најпозната и привлекува многу посетители. [5]
Познати личности
[уреди | уреди извор]Исак Њутн, роден во Грантам во 1642 година, познат по Њутновите закони за движење и Њутновиот закон за гравитација.
Хенри Кевендиш, поврзан со Дербишир, го открил водородот во 1766 година (иако името на елементот потекнува од Антоан Лавоазие), а Кевендиш бил првиот кој ја проценил точната маса на Земјата во 1798 година во неговиот експеримент на Кевендиш. Херберт Спенсер го измислил терминот „преживување на најсилните “ во 1864 година, порано силно поврзуван со социјалниот дарвинизам.
Џорџ Бул, пионер на Буловата логика (од која зависи целата дигитална електроника и компјутери), е роден во Линколн во 1815 година. Никола Пело, дипломец по математика на Политехничкиот факултет во Лестер, во ноември 1990 година, го развил вториот веб-прелистувач во светот.
Спорт
[уреди | уреди извор]Фудбал
[уреди | уреди извор]Нотс Каунти ФК е најстариот професионален фудбалски клуб во светот. Сем Велер Видосон донел влошки за потколениците во 1874 година. Првиот судиски свиреж бил во Нотингем во 1872 година.
Во Источен Мидлендс има неколку професионални и полупрофесионални фудбалски клубови.
Тим | Место | Лига 2019-20 |
---|---|---|
Лестер Сити | Лестер | Премиер лига |
Каунти Дерби | Дерби | Чемпионшип |
Нотингем Форест | Вест Бриџфорд | Чемпионшип |
ФК Питерборо Јунајтед | Питерборо | Чемпионшип |
Линколн Сити | Линколн | Прва лига |
Гримсби Таун | Гримсби | Втора лига |
Менсфилд Таун | Менсфилд | Втора лига |
Нортхемптон Таун | Нортхемптон | Втора лига |
Сканторп Јунајтед | Сканторп | Втора лига |
Честерфилд | Честерфилд | Национална лига |
Нотс Каунти | Нотингем | Национална лига |
Градот Алфретон | Алфретон | Национална лига Север |
Бостон Јунајтед | Бостон | Национална лига Север |
Бракли Таун | Бракли | Национална лига Север |
Кетеринг Таун | Кетеринг | Национална лига Север |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Mid-2018 Population Estimates for Census Output Areas in the East Midlands region of England by Single Year of Age and Sex“. Office for National Statistics. 25 October 2019. Архивирано од изворникот 5 November 2019. Посетено на 5 November 2019.
- ↑ French, Dan (2004). Walk Britain: the handbook and accommodation guide of the Ramblers' Association. Ramblers' Association. стр. 143. ISBN 9781901184679.
- ↑ „East Midlands Geological Society“. Архивирано од изворникот на 5 May 2019. Посетено на 26 November 2019.
- ↑ „East midlands aggregates working party: annual report 2012“ (PDF). www.gov.uk. Архивирано од изворникот (PDF) на 27 December 2016. Посетено на 27 December 2016.
- ↑ „History of Sherwood Forest, Robin Hood and Major Oak“. Nottinghamshire County Council. Архивирано од изворникот на 14 September 2016. Посетено на 15 September 2016.