Ванчо Николески
Ванчо Николески | |
---|---|
Роден/а | 10 јуни 1912 Црвена Вода, Охридско |
Починат/а | 15 април 1980 Црвена Вода, Охридско | (возр. 67)
Занимање | писател за деца и млади |
Националност | Македонец |
Државјанство | Македонец |
Народност | Македонец |
Жанр | Поезија и проза |
Значајни дела | „Гоце Делчев“, „Волшебното самарче“, „Мице“, „Чудотворен кавал“ |
Значајни награди | „Св. Климент Охридски“, „11 Октомври“, „Младо поколение“ |
Ванчо Николески (Црвена Вода, Охридско, 10 јуни 1912 - Црвена Вода, Охридско, 15 април 1980) — македонски писател, претставник на првата повоена генерација македонски писатели за деца и младина.
Животопис
[уреди | уреди извор]Ванчо Николески е роден во селото Црвена Вода - Дебрца, Охридско. Основно училиште завршил во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје. По завршувањето на учителска школа, тој учителствувал во многу села низ Македонија.[1] По ослободувањето на Македонија, Николески работел како новинар и уредник на весникот „Титов пионер“ и во детските емисии на Радио Скопје и Радио Битола. Од 1950 година бил член на Друштвото на писателите на Македонија.[2] Починал во Охрид, во 1980 година.[3]
Награди и признанија
[уреди | уреди извор]За своето книжевно творештво, Николески бил добитник на повеќе книжевни награди, меѓу кои и наградите:[4]
- „11 Октомври[5]
- „Климент Охридски“ и
- „Младо поколение“.
Неговите дела се преведени на сите југословенски јазици, а тој самиот се занимавал со преведување од српски и од руски јазик.[6]
Во негова чест, Друштвото на писателите на Македонија ја доделува наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади.
Библиографија
[уреди | уреди извор]Николески спаѓа во основоположниците на македонската книжевност за деца и нејзин најистакнат претставник во периодот непосредно по Втората светска војна. Своите први поетски творби ги објавил во детскиот весник „Титов пионер“.[7] Негови најпознати дела се:[8]
- „Македонче“ (прва збирка песни за деца на македонски јазик, 1946)
- „Мице“ (поема, 1947)
- „Школско ѕвонче“ (песни, 1947)
- „Прва радост“ (песни, 1947)
- „Бабино вретенце“ (песни, 1948)
- „Крај огниште“ (песни, 1948)
- „Дедови приказни“ (песни, 1950)
- „Шарено торбиче“ (песни, 1950)
- „Татковина“ (песни, 1950)
- „Мое село“ (песни, 1950)
- „Чуден свет“ (песни, 1952)
- „Чудотворен кавал“ (раскази, 1952)
- „Мојот ден“ (сликовница, 1952)
- „Стани, Коле“ (песни, 1952)
- „Братска дружба“ (приказни и бајки, 1953)
- „Четиринаесет илјади ослепени“ (историска поема за времето на Цар Самоил, 1954)
- „Приказни и бајки за деца“ (1955)
- „Чудни случки“ (раскази, 1958)
- „Цвета смета“ (сликовница, 1960)
- „Волшебното самарче“ (роман, 1962)
- „Приказни од моето село“ (раскази, 1964)
- „Гоце Делчев“ (роман, 1964)
- „Чуден дедо“ (песни, 1964)
- „Под виорното знаме“ (роман, 1967)
- „Приказни од волшебната куќичка“ (раскази, 1970)
- „Малиот ловец“ (раскази, 1970)
- „Станко спанко“ (песни, 1972)
- „Ѕвездени вечери“ (песни, 1973)
- „Рачко плачко“ (песни, 1973)
- „Крвави години“ (хроника-роман)
- „Жива книга“ (раскази, 1978)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Косара Гочкова, „Разговор за делото „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески“, во: Ванчо Николески, Гоце Делчев. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1987, стр. 91-92.
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 180.
- ↑ „Белешка за авторот“, во: Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998, стр. 149.
- ↑ „Белешка за авторот“, во: Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998, стр. 149.
- ↑ Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 154–155. ISBN 978-9989-2783-0-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Белешка за авторот“, во: Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998, стр. 149.
- ↑ Косара Гочкова, „Разговор за делото „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески“, во: Ванчо Николески, Гоце Делчев. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1987, стр. 91.
- ↑ „Белешка за авторот“, во: Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998, стр. 149.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Мое село“ — е-книга на „Македоника“
- „Волшебното самарче“ — е-книга на „Македоника“
- „Гоце Делчев“ — е-книга на „Македоника“
- [nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col11/index/assoc/HASHa8d9.dir/VancoNikoleskiPesni.pdf „Песни, од ракопис до книга“], 2008.