Радио Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Радио Битола е најстарото македонско радио од регионален карактер формирано на 27 март 1950 година.

Зградата на радио Битола во 2010, кратко по затворањето

Историја[уреди | уреди извор]

Уште веднаш по ослободувањето на Битола во Втората светска војна се формирало одделение за информирање на јавноста. Началник на одделението бил Мито Хаџивасилев - Јасмин, кој вршел проверка и ги одобрувал текстовите за вестите.[1] Во одделението биле ангажирани Илија Бадев, Марга Адамова, Зора Велјанова, Ѓорги Дога, Вељко Јовановски, Ратка Трпенова, Атанас Атанасиевски и Славко Петковски кој во 1945 година станал и првиот платен дописник на Танјуг од Битола. [2] Со појачалото раководел електричарот Симе Ѓеорѓиевски. Вестите и сите текстови биле читани на македонски јазик. Според некои извори на 9 ноември, а според други нa 10 ноември 1944 година, во Битола, била организирана разгласна станица. Таа била сместена во „Агитропската зграда“. Разгласната станица располагала со апаратура со звучниците од германско потекло, останати во Битола за време на војната. Таа имала карактер на локална информативна институција која давала, пред се информации за воената меѓународна состојба, како и за воената состојбата во земјата. Нејзините емисии се емитувале два пати во денот, на пладне во 12 часот, и попладне во 17 часот. Времетраењето на овие информативни емисии, најнапред траело од 5-10 минути, а потоа од 15-20 минути, во зависност од карактерот и значењето на вестите. Емисиите предизвикале голем интерес кај слушателите.[1] Битолската радио станицата добивала вести преку радио емисиите на сојузничките и југословенските радио станици. Потоа вестите од страна на компетентни стручни лица – новинари и одговорни уредници, биле обработувани и селектирани во зависност од локалниот интерес. Во почетокот првите вести ги читале спикерите Марија Миленкова и Ѓорги Дога[2]. Потоа, вести читале и спикерите Мара Адамова, Зора Велјанова и Ратка Трпенова. Некои вработени во разгласната станица во почетокот на 1945 година, биле ангажирани на нови должности. Факт е дека разгласната станица имала карактер на радио-куќа. Таа имала редакција во која биле застапени сите структури: уредник, новинари, спикери, техничар и дактилографи. Програмата била емитувана секој ден во одреденото време. Токму во оваа организациона структура на радио Битола од 1944 година треба да се бараат и првите корени на македонското радио новинарство. Во Битола, во текот на 1944 година, постоел и радио-сервис. Во него биле ангажирани лица од разни професии: трговци, фотографи и лица од други занимања кои имале познавања од радио-техничкиот занает. Во радио сервисот работеле Симо Бундалевски, Ацо Стојановски, Мано Христовски, Асен Даскалов и други. Радиото во текот на своето постоење променило неколку фреквенции меѓу кои 90,7 MHz; 101,5 MHz и 102,6 MHz.[3] Радиото било приватизирано во 2008 година по што на 17 ноември 2008[4] прекинува емитувањето на информативната програма за две години подоцна во 2010 година[5] радиото комплетно да прекине со емитување на радиобранови во етерот. За наследник на радио Битола се смета универзитетското радио УКЛО ФМ.[6]

Познати личности кои работеле во радиото[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

www.radiobitola.com.mk