Прејди на содржината

Хавајски избув

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хавајска ерупција)
Хавајска ерупција: 1, вулканска пепел 2, лавина фонтана 3, кратер 4, лавино езеро 5, фумарола 6, лавин тек 7, слоеви на лава и пепел 8, стратум 9, сил; 10, магматски вентил 11, магматско огниште 12, дајка

 Хавајски избув — вид на вулкански избув каде лавата тече од отворот во релативно нежни, не многу силни ерупции. Така е именувана затоа што е карактеристична за хавајските вулкани.[1] Обично тие се ефузивни ерупции, со базалтни магми со ниска вискозност, ниска содржина на гасови, висока температура на отворот. Многу мала количина вулканска пепел се произведува при ерупцијата. Овој тип на ерупција најчесто се појавува кај вулканите од врелата точка како што се Килауеа на Хаваите и во Исланд, иако може да се случи во близина на подвлекувачки зони (на пр. вулканот Медисин Лејк во Калифорнија, САД) и во судирни зони. Друг пример на хавајски ерупции се случиле на островот Суртсеј во Исланд од 1964 до 1967 година, кога стопена лава течела од кратерот во морето[2].

Хавајските ерупции можат да се појават околу вулкански отвори, како за време на ерупција на Мауна Лоа во 1950 година, или во централниот вентил, како во текот на ерупцијата во 1959 година на кратерот Килауеја Ики[3], којашто создала лавина фонтана висока 580 метри и формирала 38-метарски конус по име Пуу Пуаи. Во пукнатински тип на ерупции лавата истекува од пукнатина на вулканот во судирната зона во лавини потоци кои течат по падините.[4] Во централнократерски ерупции, лавина фонтана може да избие на висина од 300 метри или повеќе (височина од 1600 метри била пријавена при ерупцијата во 1986 ерупција на вулканот Михара на Изу Ошима, Јапонија)[5].

10метри висока лавина фонтана (тип пахоехое) на Хаваи, САД

Хавајските ерупции најчесто започнуваат со формирање на пукнатина во земјата од каде се појавува завеса на блескава магма или неколку тесно распоредени магматски фонтани. Лавата може да го прелие кратерот и да формира ʻaʻā или pāhoehoe стил на течење. Кога таква ерупција од централниот конус е долготрајна, тоа лесно може да формира штитест вулкан, на пример Мауна Лоа во Хаваи или Скјалдбрејдур во Исланд.

Петрологија на хавајските базалти 

[уреди | уреди извор]

Клучниот фактор за создавање хавајска ерупција е базалтската магма и нискиот процент на растворена вода (помалку од еден процент). Колку содржината на вода е помала толку помирен е резултатот на протокот. Речиси цела лава која произлегува од хавајските вулкани по состав е базалтна. Хавајски базалти кои ги сочинуваат речиси сите острови се толеитска магматска серија. Овие карпи се слични но не и идентични на оние кои се произведени во океанските гребени. Базалтот релативно побогат во натриум и калиум (поалкален) избил од подводниот вулкан Лоихи на крајниот југоисточен дел на вулканскиот ланец и овие карпи може да се карактеристични за раните фази во "еволуцијата" на сите хавајски острови. Во доцните фази на ерупција на поединечните вулкани, еруптирал и поалкален базалт а во многу подоцните фази, после периодот на ерозија, во многу мали количини биле произведени карпи од необичен состав, како нефелинит.

Безбедност и ризици

[уреди | уреди извор]

Хавајските ерупции се најпривлечни за туристите и се најбезбедните од сите вулкански ерупции бидејќи постои мала опасност од пепел. Сепак, хавајските ерупции не се секогаш безбедни. Во 1790 година, во ерупција на Килауеја биле убиени 80 воини[6][7]. На 18 мај 1924, некој сметководите на плантажа по име Труман Тејлор во посета на купата на Килауеја бил погоден со остатоци од вулканска експлозија. Во периодот помеѓу 1992 и 2002, според извештаите на Националниот парк на вулканите во Хаваи, имало 40 смртни случаи, 45 сериозни повреди 53 помали повреди. Бројот на фатални случаи се намалува со преземање на соодветни мерки на претпазливост.[8]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Frankel, Charles (2005). Worlds on Fire: Volcanoes on the Earth, the Moon, Mars, Venus and Io. Cambridge University Press. pp. 21–22. ISBN 0-521-80393-4.
  • Frankel, Charles (1996). Volcanoes of the Solar System. Cambridge University Press. p. 17. ISBN 0-521-47770-0.
  • Casadevall, T.J. (ed.) (1995). Volcanic Ash and Aviation Safety: Proceedings of the First International Symposium on Volcanic Ash and Aviation Safety. DIANE Publishing. p. 437. ISBN 0-7881-1650-9.
  1. „Hawaiian eruption - Dictionary definition of Hawaiian eruption | Encyclopedia.com: FREE online dictionary“. www.encyclopedia.com (англиски). Посетено на 2017-12-25.
  2. „Surtsey - General information“. www.surtsey.is. Архивирано од изворникот на 2007-02-22. Посетено на 2017-12-25.
  3. Program, Volcano Hazards. „USGS: Volcano Hazards Program HVO Kilauea“. volcanoes.usgs.gov. Архивирано од изворникот на 2018-12-12. Посетено на 2017-12-25.
  4. „Types of Volcanic Eruptions“. geology.com. Посетено на 2017-12-25.
  5. „Oshima“. www.volcanodiscovery.com. Посетено на 2017-12-25.
  6. Osborne, Hannah (2014-11-11). „Kilauea Volcano: Deaths from 1790 Hawaii Eruption Examined for Clues“. International Business Times UK (англиски). Посетено на 2017-12-25.
  7. „Kilauea Volcano's Deadliest Eruption Revealed“. Live Science. Посетено на 2017-12-25.
  8. „Danger in paradise: The hidden hazards of volcano geotourism“. EARTH Magazine. 2012-03-16. Посетено на 2017-12-25.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]