Подводен вулкан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Подводен вулкан – вид вулкан, кој за разлика од терестријалните вулкани се наоѓа под море или под океан. Од отворот или пукнатината на подводниот вулкан може да избувува магма.

Шема на избув на подводен вулкан: 1.Водена пареа на облакот 2.Вода 3.Слој 4.Проток на лава 5.Канал на магма 6.Комора на магма 7.Насип 8.Јастачеста лава

Застапеност на подводните вулкани[уреди | уреди извор]

Се проценува дека некаде околу 75% од целокупната магма што излегува од Земјината внатрешност доаѓа од подводните вулкани. Поголемиот дел се наоѓа во длабочините на океаните, а некои може да се поблиску до површината на водата, па понекогаш може својот материјал да го исфрлат во воздух. Вкупниот број на подводни вулкани се проценува на еден милион, од кои 75.000 се извишуваат 1 км над морското дно.

Некои од најпознатите подводни вулкани[уреди | уреди извор]

  1. Бануа Вуху, Индонезија
  2. Емпедокле, Италија
  3. Бови Планина, Канада
  4. Колумбо, Грција
  5. Хили, Нови Зеланд

Влијание на водата на вулканите[уреди | уреди извор]

Јастачеста лава формирана од подводен вулкан

Присуството на вода може значително да ги измени особините на вулканските избуви и експлозиите на подводните вулкани во однос на оние на копно.

На пример, водата предизвикува магмата да се олади и стврдне многу побрзо отколку при копнен избув, а често и да ја претвори во вулканско стакло. Лавата формирана од подморски вулкан е потполно поинаква од копнените лави. По контактот со водата, се формира цврста кора околу лавата. Лавата што доаѓа потоа се влива во цврстата кора формирајќи што се нарекува јастачеста лава.

Во длабочината на океанот [1] на околу 2200 м, каде притисокот ја поминува критичната точка на водата, таа повеќе не може да врие. Без звукот на вриење, длабоките вулкани тешко можат да се откријат на големи далечини користејќи хидрофон.

Видови избуви на подводните вулкани[уреди | уреди извор]

Западна Мата, еден од најдлабоките снимени вулкани

Постојат два вида на избуви на подводните вулкани[2]: едниот се креира со бавно ослободување и пукање на големи меури лава, а другиот се формира со брза експлозија на меури исполнети со гас. Лавата може да влијае на морските животни и екосистемот поинаку од гасот под вода, па битно е истите да можат да се разликуваат.

Научниците успеале да поврзат звуци од двата вида ерупции. Во 2009 година, видеокамера и хидрофон лебделе на 1.200 метри под нивото на морето во Тихиот Океан во близина на Самоа гледајќи и слушајќи како вулканот Западна Мата еруптирал во неколку наврати. Паралелната опсервација на видео и аудио снимките им овозможило на истражувачите да ги научат звуците направени од бавното пукање на лавата и различните звуци направени од страна на стотина гасни меури.

Занимливости[уреди | уреди извор]

Во близина на подводните вулкани често се наоѓаат хидротермални извори каде растителниот свет е многу нагласен. Водата значително влијае на својствата на вулкански избув како и на вулканските експлозии. Многу вулкани се подморски планини кои настанале под дејство на денес угасени вулкани. Вообичаено основата им е на длабочина од 1000 до 4000 метри и океанографите ги дефинираат како планини во случај кога истите се издигнуваат барем 1000 метри над морското дно. Врвовите претежно им се неколку стотини метри од површината на морето, па се смета дека се во длабоко море.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]