Црешневска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црешневска Река
Земја Македонија
Слив
Главен изворДаутица, кај с. Црешнево
930 км
41°39′12″N 21°15′02″E / 41.65333° СГШ; 21.25056° ИГД / 41.65333; 21.25056
УстиеТреска, кај с. Калуѓерица
465 м
41°39′12″N 21°15′02″E / 41.65333° СГШ; 21.25056° ИГД / 41.65333; 21.25056
Вис. разлика465 м
Сливна повр.21,49 км2
Физички особености
Должина6,8 км

Црешневска Река — кратка река во Долно Порече, западна Македонија, помала десна притока на реката Треска. Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 6,8 км, минималната должина 6,1 км.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Вкупната должина на водоразделната линија на Црешневска Река изнесува 31,0 км а сливот и зафаќа 21,49 км2 или 1,04% од вкупната површина на сливот на реката Треска. Коефициентот на развиеност ѝ е 1,11; а вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 465 м а просечниот е 68,4.[1]

Течение[уреди | уреди извор]

Извира во месноста Мелој, на северозападниуте падини на Даутица, на надморска височина од 930 м. Како што се спушта во северен правец, овој водотек, наречен Грешни Дол, се среќава со потоците Митров Дол и Рудни Дол, па завртува на северозапад, одминувајќи го с. Црешнево, по кое е наречена. Делот кој следува има два правоаголни свиока, каде водотекот се нарекува Бушничка Река и под нормален агол прави спој со потокот Извор од десната страна, па продолжува во западен правец како Црешневска Река. Следните два километра ги поминува под возвишениот предел Добра Нивица.

Се влива во Треска источно од селото Калуѓерец, во проширувањето на долината под падината Девојчин Камен на исток. Утоката е на надморска висина од 465 м, и тоа на 59,7 км спротиводно од вливот На Треска во Вардар.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Димитровска, Олгица. Основни хидрографски карактеристики на притоките на реката Треска. „Географски разгледи“ (Скопје: Македонско географско друштво) том  2012 (46): 37-49. ISSN 1409-908X. http://www.igeografija.mk/MGD/Razgledi-46-2012/03-Dimitrovska_Pritoki%20Treska.pdf. 

Координати: 41°39′12″N 21°15′02″E / 41.65333° СГШ; 21.25056° ИГД / 41.65333; 21.25056