Пеколник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пеколник
Земја Македонија
Слив
Главен изворСува Планина, с. Здуње/Луковица
896 км
41°49′30″N 21°13′25″E / 41.82500° СГШ; 21.22361° ИГД / 41.82500; 21.22361
Устиеез. Козјак, с. Луковица
354 м
41°58′50″N 21°18′36″E / 41.98056° СГШ; 21.31000° ИГД / 41.98056; 21.31000
Вис. разлика542 м
Сливна повр.15,55 км2
Физички особености
Должина6 км

Пеколник — кратка река во западна Македонија, на граничното подрачје меѓу Поречието од Полошката Котлина. Претставува последна десна притока на Треска преку вливот во езерото Козјак. Долга е само 6 км.

Опис[уреди | уреди извор]

Реката извира во месноста Леска во југозападниот дел на Сува Планина, на надморска височина од 896 м,[1] и начелно ја следи атарската граница меѓу горнопоречкото село Здуње и горнополошкото с. Луковица. По извориштето, кое има западен тек, реката зема северен правец и минува низ клисурата Пеколник по целото свое течение, сè до езерото.

Се влива на надморска височина од 354 м во североисточен разгранок на езерото Козјак под ридовите Орлак од лево и Патно Брдо од десно. Дел од нејзината долина во овој дел (наречена Пеколник, по реката) е зафатен со водата на ракавот и се наоѓа 25,7 км спротиводно од вливот на Треска во Вардар. Коефициентот на развиеност на Пеколник е 1,15. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 542 м, а просечниот и изнесува .

Вкупната должина на водоразделната линија на реката Пеколник изнесува 18,5 км а сливот и зафаќа 15,55 км2 или 0,75% од вкупната површина на сливот на реката Треска.[1]

Долина[уреди | уреди извор]

Пеколник е периодичен водотек кој ги има сличните одлики како и реката Оча. За време на висок водостој водите му истекуваат преку наносниот материјал се до вливот во реката Треска, каде што преку истиот избива во вид на врело во плавина. За време на поројни дождови и брзо топење на снегот има и површинско истекување. Со изградбата на вештачкото езеро Козјак дел од речната долина при вливот е заезерена.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Димитровска, Олгица. Основни хидрографски карактеристики на притоките на реката Треска. „Географски разгледи“ (Скопје: Македонско географско друштво) том  2012 (46): 37-49. ISSN 1409-908X. http://www.igeografija.mk/MGD/Razgledi-46-2012/03-Dimitrovska_Pritoki%20Treska.pdf. 

Координати: 41°58′50″N 21°18′36″E / 41.98056° СГШ; 21.31000° ИГД / 41.98056; 21.31000