Хуангшан

Координати: 30°07′30″N 118°10′00″E / 30.12500° СГШ; 118.16667° ИГД / 30.12500; 118.16667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хуангшан
黄山
Панорамски поглед на крајолик на Хуангшан
Највисока точка
Надм. вис.1864 м [1]
Истакнатост1734 м [1]
Заведена какоУлтраистакнат врв
Координати30°07′30″N 118°10′00″E / 30.12500° СГШ; 118.16667° ИГД / 30.12500; 118.16667[1]
Географија
Хуангшан
黄山 на карта

Карта

МестоХуангшан, Анхуej
Светско наследство на УНЕСКО
Службен називХуангшан
Критериумкултурно и природно: (ii), (vii), (x)
Навод547bis
Запис1990 (XIV заседание)
Дополнувања2012
Површина16.060 ha
Преоден појас49.000 ha

Хуангшан, Планини Хуанг (кинески : 黃山, пинјин: Huáng Shān, што значи „Жолта Планина“) — планински венец на југот на источната кинеска провинција Анхуеј. Висорамнините се состојат од материјал кој изникнал од дното на древното Јангце Море за време на мезозоикот, пред околу 100 милиони години, и кој бил образуван за време на квартарниот период со движење на ледниците во денешен облик на планините Хуангшан. Вегетацијата на планините е погуста под 1.100 метри, а шумите се протегаат до височина од 1.800 метри.

Хуангшан, една од светите планини во Кина, е најпозната по своите живописни крајолици со единствено обликуваните гранитни врвови, хуангшански борови и прекрасни облаци од кои ѕиркаат. Така, Хуангшан често бил предмет на традиционалното кинеско сликарство и поезија, па дури и на модерна фотографија. Поради оваа причина, планините Хуангшан, познати и како „најубавата планина на Кина“, биле вклучени во Списокот на светско наследство во Азија и Океанија на УНЕСКО во 1990 година.[2]

Панорама на Хуангшан
Хуангшан на традиционална слика со туш
Патека на спилите на Хуангшан

Историја[уреди | уреди извор]

Хуангшански бор на спила

За време на династијата Ќин, планината била позната како планина Ји (Ји Шан), но во 747 година, со царски декрет, нејзиното име било променето во Хуангшан, во спомен на митскиот кинески владетел, Жолтиот цар (Хуанг Ди), кој според преданието е татко на сите Кинези Хан, и токму од ова место се вознесе во Небесата. Друго предание вели дека на планината Жолтиот цар „го негувал својот морален карактер и собрал бесмртност во апчиња“. Наводно, познатиот поет Ли Бај бил првиот што го употребил ова име за планината. Во тие стари времиња, Хуангшан била речиси недостапна и малку се знаело за неа, но по промената на името, аџиите почнале таму да се собираат и набрзо никнале многу храмови, а потоа, наводно, на нејзините спили биле издлабени 60.000 скалила.[3] Сликарите и поетите ја користеле толку многу како мотив што денес ја разликуваме „културата Хуангшан“ како историско раздобје на кинеската уметност од 13 и 14 век, за династијата Јуен (1271-1368). За време на династијата Минг, во 1606 година, монахот Пумен ги изградил храмот за медитација Фахаи и храмот Воншу на Хуангшан, кои се поврзани со подножјето на планината со скали издлабени во спилата.

Во следните години, многу места на Хуаншан биле именувани, главно по легенди и преданија. Така, еден врв го добил името по аџија кој не верувал во убавината на Хуангшан - Шиксин (视信), што грубо значи „да се верува откако ќе се види“.

Во 1982 година Хуангшан бил прогласен за „место со сликовита убавина и историско значење“ од страна на кинеската влада, а во 1990 година станал светско наследство на УНЕСКО за да ја заштити својата убавина и домот на многу загрозени видови. За значењето на планината придонесуваат и многу тибетски села кои се вклучени во тампон зоната на заштитеното подрачје. Од 2002 година, „сестринска планина“ на Хуангшан е Јунгфрау на швајцарските Алпи.[4]

Природни одлики[уреди | уреди извор]

Хотели на спилите на Хуангшан

Геологијата и геоморфологијата на оваа област е несомнено од големо значење, особено неговите одлики на карст на голема надморска височина, вклучително и плитаци од варовнички туф, слапови и плитки езера, кои настанале од наборите и поместувањата како резултат на тектонската активност на ледниците. Во долините во облик на буквата U, клисурите и камењата се доказ за доцната глацијација за време на квартарното раздобје. Шумите од камени столбови се многубројни, а има и гротескни облици на карпи, водопади, езера и топли извори. Најстарите карпи се седиментни наслаги и метаморфни карпи од морето Јангце, образувани во текот на 570 милиони години (протерозоик) и карпи во јужното подножје на планината Хуангшан, јужно од плочата Сијаојаоси. Гранитните формации, создадени со орографски активности, се одликуваат со големи надолжни споеви, одговорни за многу импресивни пештери, гребени и кланци.

Шуми, кои се одликуваат со борова шума под 800 m и хуангшански борови од 800 m до 1.800 m, кои покриваат повеќе од половина од висорамнините. Претежно влажна зимзелена шума се јавува помеѓу 600 m и 1.100 m. Листопадна шума се јавува од 1.100 m до 1.800 m, а алпски пасишта над линијата на круната. Естетски, локалитетот претставува речиси уникатен спектакл, со комбинација на атрактивни високи врвови, шуми, езера, плитки езера, водопади и варовнички кланци. Значајно е и богатството на бои, од езеро со бистра, тиркизно зелена вода или есенскиот калеидоскоп со прекрасни бои.

Постои голема разновидност на растителни и животински видови, вклучувајќи и бројни загрозени видови. Евидентирани се околу 1.650 растителни видови, од кои околу 1.450 се изворни, а останатите се воведени во последните дваесет години. Меѓу дрвјата, се слават најстарите, гротескно обликувани или во стрмни позиции, вклучувајќи ги и илјадагодишните примероци на хуангшанскиот боро (Pinus hwangshanensis), дрвјата од самовилски влакна (Гинко билоба) и алпската смрека (Sabina squamata). Од фауната има околу 300 видови ’рбетници: цицачи, птици, влекачи, водоземци и риби. Вкупно тринаесет видови се под државна заштита. Големи цицачи се мајмуните макаки (резус и опашка), азиската кафеава мечка, дивото куче, цибетката, кинескиот твор-јазовец, облачниот леопард, дивата свиња, еленот сика, континентална верверица, црвенопашеста или пегава верверица и панголин. Најпознат од птичјата фауна е ориенталниот бел штрк.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Познати кинески планини поврзани со таоизмот:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 "Lianhua Feng - Lotus Peak, HP Huang Shan" on Peaklist.org - Central and Eastern China, Taiwan and Korea. This data is specific to the high point of the range only. Retrieved 2011-10-5.
  2. Gorje Huangshan na UNESCO-ovim službenim stranicama (англиски) Preuzeto 3. rujna 2011.
  3. Huangshan na stranicama UNEP-WCMC-a (англиски) Preuzeto 3. rujna 2011.
  4. Cao Nanyan (2003). China: World Heritage Sites. Beijing: China Architecture and Building Press. ISBN 0-7607-8685-2.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]