Прејди на содржината

Христаки Павлович

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христаки Павлович
Роден 1804
Дупница, Отоманското Царство
Починал 21 јули, 1848
Свиштов, Отоманското Царство

Христаки Георгиев[1] Павлович Македонец[2][3] понекогаш пишан и како Павловиќ. Познат по светото име Хрисант (пишан во постар правопис како Хрvстакi Паvлобича;[4] Дупница, 1804Свиштов, 21 јули 1848) — истакнат македонски преродбеник од Бугарија,[5] познат како еден од најстарите Македонци во Бугарија што учествувале во преродбата. Близок соработник со Емануил Васкидович.

Животопис[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Христаки Павлович е роден во 1804 година во градот Дупница во сиромашна фамилија. Неговите родители биле македонски емигранти во Бугарија со потекло од градот Кочани.[6] Неговиот дедо и баба Георги Павлович и Пламча Павловича страдале под турското ропство во Македонија и заради тоа нивните синови Павел Павлович и Иван Павлович се преселиле во Дупница, Бугарија како печалбари за подобри услови.

Бил образовен во грчкото школо во неговиот роден град, според Павлович, грчкиот јазик бил подобар за учење отколку бугарскиот, не заради хеленофилија туку заради квалитетот на самите школа и литературните дела присутни во школските библиотеки.[7] Слични гледишта имале Димитар Миладинов, Неофит Рилски и Иван Богоров.[7] После неговото основно образование, си го продолжил во Рилскиот манастир во Пиринска Македонија. Таму почнал да се ориентира кон литературните дела на македонскиот преородбеник Паисиј Хилендарски. Кога бил во Рилскиот манастир го добил светото име Хрисант.

Образование[уреди | уреди извор]

Редовно менувал места за образование, после Рилскиот манастир помеѓу 1825 и 1828 година учел во Мелник со учителот Адам Цапек со потекло од Мечово. Помеѓу 1828 и 1830 година учел во градот Сер, Егејска Македонија со грчкиот професорот Аргиријадис. Бил дипломиран филозоф и го научил старогрчкиот јазик. Павлович бил против обидот на создавање на нов вештачки бугарски јазик и посакал да се продожило користот на старословенскиот јазик.[8] Слични гледишта имал и Константин Фотинов.

Заради неговите негативни гледишта кон бугарскиот јазик, тогашните русофили во Бугарија коишто биле водачите на преродба во Бугарија го сметале како хеленофилски или гркомански предавник но тој никогаш не се сметал како Грк.[9] Во 1831 година заминал во градот Свиштов каде што станал учител во првото словенско-хеленистичко училиште во градот, заедно со македонскиот преродбеник Емануил Васкидович.[10]

Авторски дела[уреди | уреди извор]

Во 1833 година го пишал неговото прв дело под насловото Аритметика неговата книга била позната како првата книга во Бугарија за темата на аритметика.[11] Во истата година тој се оженил со Севастија Цанкова, заедно со нејзе имале 8 деца, 5 синови и 3 ќерки: Димитар Павлович, Николај Павлович, Хрисант Павлович, Илија Павлович и Павел Павлович. Додека ќерките биле: Мариола Високова, Екатерина Аврамова и Пауника Хаџи Денкова.

Снимката показва паметника на Христаки Павлович в Дупница
Споменик на Христаки Павлович во Дупница

Во 1841 година се отворило женско крило во школото каде што Павлович работел и тој таму почнал исто така да предавал. Освен за аритметиката тој напишал дела за историја, правопис и понекогаш преведел книги од грчки во словенски јазици. Во 1844 година го објавил неговото најпознато дело под името „Царственик“, во делото се зборува за историјата на различни средновековни цареви. Во делото тој го критикувал истакнатиот средновековен македонски цар Самуил и го сметал неговиот пораз во битката кај Беласица како директна казна од Бога.[12][13]

Христака Павлович бил автор на 13 литературни дела но само 10 успешно биле објавени заради тоа што во 1848 починал од колера. Еден од неговите најистакнати потомци се Цветан Радославов, авторот на денешната химна на Бугарија. Заради неговите негативни гледишта кон вештачкиот бугарски јазик, нема многу споменици во неговото име, освен еден статуи обновен во 2007 во неговиот роден град и неколку улици во Софија.

Литературни дела[уреди | уреди извор]

Граматика, издадено во Будимпешта, 1836 г.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. БЪЛГАРСКИ СТАРОПЕЧАТНИ КНИГИ от фонда на Регионална библиотека “Н. Вранчев” од Мањо Стојанов
  2. Погорелов, Валерий (1923). Опис на старите печатани български книги, 1802-1877 г. Dzhrzh. Pechatnit︠s︡a. стр. 180 и 187.
  3. Параос, Сариса (2003). „Средновековните сведоштва за Македонците“. Македонско сонце.
  4. "Аритметика или наука числителна. Расположена на три части и окончавающа с един месяцослов праздничен. За Болгарските деца кратко и весма ясно сочиненна от сущаго на Дупница Македонска Христаки Павловича, Учителя в Славено-Еллинското в Сищов училище.", (1833) од Христаки Павлович
  5. Кепески, Круме (2014). „Македонскиот јазик и литература“ (PDF). Македонка. стр. 87.
  6. Иванова, Марија (1991). Христаки Павлович - Дупничанин. Университетско изд-во "Св. Климент Охридски". стр. 31.
  7. 7,0 7,1 Маринов, Чавдар (2013). Entangled Histories of the Balkans - Volume One, National Ideologies and Language Policies. Brill. стр. 172. ISBN 9789004250765.
  8. Trencsényi, Balázs (2006). Late Enlightenment, Emergence of the Modern 'National Idea'. Central European University Press. стр. 248. ISBN 9786155053849.
  9. Димевски, Славко (1989). Историја на македонската православна црква. Македонска книга. стр. 318. ISBN 9788636900246.
  10. Маринов, Димитар (1887). История на българската литература. Projectoria. стр. 180. ISBN 9786191560035.
  11. Narodna biblioteka "Sv. sv. Kiril i Metodiĭ". (1980). Izvestii͡a na Narodnata biblioteka "Sv. sv. Kiril i Metodiĭ". Biblioteka "Sv. sv. Kiril i Metodiĭ". стр. 803.
  12. Панов, Митко (2014). САМОИЛОВАТА ДРЖАВА И ВИЗАНТИЈА: ИСТОРИЈА, ЛЕГЕНДА, ТРАДИЦИЈА, НАСЛЕДСТВО (PDF). Универзитет „Евро-Балкан“. стр. 137–138.
  13. Панов, Митко (2019). The Blinded State Historiographic Debates about Samuel Cometopoulos and His State (10th-11th Century). Brill. стр. 195. ISBN 9789004394292.
  14. Мирчев, Кирил. Гръцко-български разговорници и речници през ХІХ век и тяхното значение за проучваниията на българския език, Македонски преглед, година ХІІ (1940), кн. 4, с. 38.