Емануил Васкидович

Од Википедија — слободната енциклопедија
Древногрчка граматика од Емануил Васкидович

Емануил Васкодович (бугарски: Емануил Васкидович; 1795 – 30 септември 1875) — македонски преродбеник во Бугарија, основач на првото световно училиште на Бугарија.[1][2]

Васкидович е роден како Манолаки Васкиди во градот Мелник, Светиврачко, Пиринска Македонија. Учел во грчко училиште во родниот град, а потоа на островот Хиос. Покасно завршил Кнежевска академија во Букурешт. Во 1815, го основал првото „Елино-бугарско училиште“ во градот Свиштов. Подоцна ја основал и првата училишна библиотека во Бугарија, каде оставил 800 тома литература. Во 1832, го вовел методот на Бел-Ланкастер во Свиштовското училиште каде се предавало граматика, аритметика и географија. Во 1845 бил избркан од градот под притисок на гркоманите, за повторно да се врати и да предава во периодот помеѓу 1854 и 1863. Во меѓувреме, бил учител во Плевен.[1][2]

Васкидович го помагал Неофит Бозвели во печатењето на неговата книга Словеноболгарское детеводство во 1835 во Крагуевац, Кнежевство Србија. Тој бил автор на 15 книги, како и на граматика на старогрчки јазик.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Енциклопедия „България“, Издателство на БАН, том 2, 1978.
  2. 2,0 2,1 Бакалов, Георги; Милен Куманов (2003). Електронно издание – История на България (Bulgarian). София: Труд, Сирма. ISBN 954528613X. OCLC 62020465.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)