Херман Минковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Херман Минковски
De Raum zeit Minkowski Bild.jpg
Роден 22 јуни 1864(1864-06-22)
Алексота, Русија
Починал 12 јануари 1909(1909-01-12) (воз. 44 г.)
Гетинген, Германија
Националност Германска
Полиња Математичар
Установи Гетингенски универзитет и ЕТХ Цирих
Образование Конигзбершки универзитет
Докторски ментор Фердинанд фон Линдман
Докторанди Константин Каратеодори
Луис Коларос
Денес Кониг
Познат по Минковскиев простор
Минковскиев дијаграм
Минковскиева теорема
Сопружник Август Адлер
Деца Лили (1898–1983), Рут (b.1902)

Херман Минковски (22 јуни 1864 - 12 јануари 1909) — германски математичар со еврејско потекло, професор во Конигзберг, Цирих и Гетинген. Тој ја создал и ја развил геометријата на броеви и користел геометриски методи за решавање на проблемите во теоријата на броеви, математичката физика и теоријата на релативноста.

Минковски е можеби најпознат по неговата работа во релативноста, во која тој покажал во 1907 година дека специјалната теорија на релативноста на неговиот поранешен ученик Алберт Ајнштајн, може да се разгледува и геометриски како теорија на четири димензионално време-простор, познато како „Минковскиев време-простор“.

Личен живот и семејство[уреди | уреди извор]

Херман Минковски бил роден во Алексота, село во Ковненската губернија, Руско Царство (сега е во состав на градот Каунас, Литванија) како син на Левин Минковски, трговец, кој ја финансирал изградбата на Хорската синагога во Ковно,[1][2][3] и Рејчел Таубмен, двајцата со еврејско потекло.[4] Херман бил помладиот брат на медицинскиот истражувач, Оскар (роден 1858).[5] Во различни извори националноста на Минковски е различно претставена, германска,[6] полска,[7]литванска,[8] литванско-германска[9] или руска.[10]


За да ги избегне прогоните во Русија семејството се преселило во Конигзберг во 1872 година,[11] каде што таткото се вклучил во извоз на черги, а подоцна и во производството на механички лимени играчки (тука тој работел во таковата фирма Левин Минковски и синот со неговиот најстар брат Макс).[12]

Минковски студирал во Конигзберг и предавал во Бон (1887-1894), Конигзберг (1894 & ndash; 1896) и Цирих (1896-1902), и конечно во Гетинген од 1902 до неговата прерана смрт во 1909 година. Стапил во брак со Августа Адлер во 1897 година со која имал две ќерки, електроинженерот и изумител Рајнхолд Руденберг бил брат на неговата сестра.

Минковски починал ненадејно од воспаление на слепото црево во Гетинген, на 12 јануари 1909 година. Давид Хилберт во некрологот на Минковски го искажува длабокото пријателство меѓу двајацата математичари (превод):

Уште од мојте студентски години Минковски беше мојот најдобар, најсигурен пријател кој ме поддржуваше со сета длабочина и лојалност, која беше карактеристична за него. Нашата наука, што ние ја сакавме над сè друго, не спои; тоа нам ни изгледаше како градина полна со цвеќиња. Во неа, ние уживавме во потрага по скриените патишта и откривме многу нови перспективи кои апелираа до нашето чувство на убавина, а кога еден од нас ќе му го покажеше тоа на другиот му се восхитувавме заедно, нашата радост беше целосна. Тој за мене беше редок дар од рајот и јас мора да бидам благодарен што го поседував тој подарок толку долго. Сега смртта одеднаш го оддели од нас. Сепак, она што смртта не може да го земе е неговиот благодарен лик во нашите срца знаењето дека неговиот дух продолжува да биде активен во нас.

Астероидот 12493 Минковски и M-матриците се именувани во чест на Минковски.

Образование и кариера[уреди | уреди извор]

Минковски се образувал во Германија на Конигзбершкиот универзитет Албертина, каде што докторирал во 1885 година под раководство на Фердинанд фон Линдеман. Во 1883 година, додека уште бил студент во Конигзберг, тој бил награден со математичка награда на Француската академија на науките за неговиот труд за теоријата на квадратниот облик. Тој, исто така, станал пријател со познатиот математичар, Давид Хилберт. Неговиот брат, Оскар Минковски (1858-1931), бил добро познат лекар и истражувач.

Минковски предавал на универзитетите во Бон, Гетинген, Конигзберг и Цирих. Во Сојузниот политехнички инстиут, денес ЕТХ Цирих, тој бил еден од учителите на Ајнштајн.

Минковски ја истражувал аритметиката на квадратниот облик, особено засегајќи се со n променливи, и неговото истражување во таа област го наведе да пресметува одредени геометриски својства во простор од n димензии. Во 1896 година, ја презентираше неговата геометрија на броеви , негов геометриски метод, со кој ги решил проблемите во теоријата на броеви. Тој е, исто така, творецот на Минковскиевиот колбас и Минковскиевата прекривка на крива.[13]

Во 1902 година, тој се приклучил на математичкиот оддел на Гетинген и станал близок колега на Давид Хилберт, кого го запознал на Конигзбершкиот универзитет. Константин Каратеодори бил еден од неговите ученици.

Работа на релативноста[уреди | уреди извор]

Поврзано: Историја на специјалната релативност, Минковскиев простор и Минковскиев дијаграм

Од 1907 Минковски согледал дека специјалната теорија за релативноста, која била воведена од страна на неговиот поранешен ученик Алберт Ајнштајн во 1905 година и врз основа на претходната работа на Лоренц и Поенкаре, најдобро може да се согледа во четири-димензионален простор, познат како „Минковскиев време-простор“, во коe времето и просторот не се посебни карактеристики, туку се испреплетени во четири димензионалнo време-простор, и во коe Лоренцовата геометрија на специјалената релативност може ефективно да биде застапена. На почетниот дел од своето обраќање, претставено на 80-то Собрание на германските природнонаучници и лекарите (21 септември 1908) сега веќе познато:

„Гледиштата за просторот и времето кои ги претставувам пред Вас потекнуваат на експерименталната физика, во кои лежи нивната сила. Тие се радикални. Отсега просторот по себе, и времето само по себе, се осудени да исчезнат само во сенки, и само еден вид заедништво на двете ќе ја зачува независната реалност.“

Известувањето за смртта на Минковски било соопштено на Кватернионското здружение во 1910 година од страна на неговиот претседател, кој ја истражувал хиперболичните кватерниони како „Алгебра на вселената“:

Тој се посветил на она што го докажувал во последните години од својот живот, на научните изјави на основните равенки на електродинамиката, дело кое се остварува со развојот на алгебрата на вселената, или, како што тој би сакал да го нарече, алгебрата на просторот и времето.[14]

Ајнштајн во почетокот го гледал методот на Минковски само како математички трик, пред конечно да сфати дека геометрискиот поглед на простор-времето ќе биде потребен за да ја заврши својата подоцнежна работа на општата релативност (1915).[15]

Објавени дела[уреди | уреди извор]

Трудови за релативноста
  • Minkowski, Hermann. Raum und Zeit. „Jahresbericht der Deutschen Mathematiker-Vereinigung“: 75–88. 
  • Hendrik Lorentz, Albert Einstein, Hermann Minkowski, and Hermann Weyl, 1952. The Principle of Relativity: A Collection of Original Memoirs. Dover.
Диофантини апроксимации
Математички трудови (посмртно)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. А. И. Хаеш «Коробочное делопроизводство как источник сведений о жизни еврейских обществ и их персональном составе»: 1873 г. «...купец Левин Минковский подарил молитвенному обществу при Ковенском казённом еврейском училище начатую им... постройкой молитвенную школу вместе с плацем, с тем, чтобы общество это озаботилась окончанием таковой постройки. Общество, располагая средствами добровольных пожертвований, возвело уже это здание под крышу, но затем средства сии истощились...»
  2. Kaunas: Dates and Facts (1872)
  3. Box-Tax Paperwork Records: Kovno. In 1873 the merchant kupez, Levin Minkovsky, gave (as a gift) to the prayer association of the Kovno state Jewish school a lot with an ongoing construction of a prayer school that (the construction) he had started so that the association would take care of completing the construction. The association, having some funds from voluntary contributions, had built the structure up to the roof, but then, ran out of money.
  4. [1]
  5. Oskar Minkowski (1858–1931). The Jewish genealogy site JewishGen.org (Lithuania database, registration required) contains the birth record in the Kovno rabbinical books of Hermann's younger brother Tuvia in 1868 to Boruch Yakovlevich Minkovsky and his wife Rakhil Isaakovna Taubman.
  6. Gregersen, edited by Erik (2010). The Britannica guide to relativity and quantum mechanics (1st издание). New york, N.Y.: Britannica Educational Pub. Association with Rosen Educational Services. стр. 201. ISBN 1615303839. ; (editors), Katherine Bracher ... [et al.] (2007). The biographical encyclopedia of astronomers ([Online-Ausg.] издание). New York, NY: Springer. стр. 787. ISBN 9780387304007. 
  7. N. Katherine Hayles, The Cosmic Web: Scientific Field Models and Literary Strategies in the Twentieth Century, Cornell University Press, 1986, p. 46. K. J. Falconer, Fractals: A Very Short Introduction, Oxford University Press, 2013, p. 119. Adrian Bardon, A Brief History of the Philosophy of Time, Oxford University Press, 2013, p. 68.
  8. James, Ioan (2009). Driven to innovate : a century of Jewish mathematicians and physicists. Witney: Peter Lang. стр. 122. ISBN 9781906165222. 
  9. Yeshua,, Jacob E. Safra,... Ilan (2003). Encyclopaedia Britannica. ([New ed.]. издание). Chicago, Ill.: Encyclopaedia Britannica. стр. 665. ISBN 9780852299616. 
  10. Encyclopedia of earth and physical sciences.. New York: Marshall Cavendish. 1998. стр. 1203. ISBN 9780761405511. 
  11. Oskar Minkowski (1858–1931), an outstanding master of diabetes research
  12. Report of the Federal Security Agency (p. 183); Tyra lithographed tin toy dog; Rudolph Leo Bernhard Minkowski: A Biographical Memoir
  13. "Minkowski Sausage", WolframAlpha
  14. Alexander Macfarlane (1910) Bulletin of the Quaternion Society
  15. http://www.fisica.net/relatividade/the_non_euclidean_style_of_minkowskian_relativity_by_scott_walter.pdf (Einstein also had need of a third theory and technique, elaborated by his former mathematics professor, Hermann Minkowski (1864–1909), although he did not recognize this for several years.)
  16. Dickson, L. E.. Review: Diophantische Approximationen. Eine Einführung in die Zahlentheorie von Hermann Minkowski. „Bull. Amer. Math. Soc.“ том  15 (5): 251–252. doi:10.1090/s0002-9904-1909-01753-7. http://www.ams.org/journals/bull/1909-15-05/S0002-9904-1909-01753-7/S0002-9904-1909-01753-7.pdf. 
  17. Dickson, L. E.. Review: Geometrie der Zahlen von Hermann Minkowski. „Bull. Amer. Math. Soc.“ том  21 (3): 131–132. doi:10.1090/s0002-9904-1914-02597-2. http://www.ams.org/journals/bull/1914-21-03/S0002-9904-1914-02597-2/. 
  18. Wilson, E. B.. Review: Gesammelte Abhandlungen von Hermann Minkowski. „Bull. Amer. Math. Soc.“ том  21 (8): 409–412. doi:10.1090/s0002-9904-1915-02658-3. http://www.ams.org/journals/bull/1915-21-08/S0002-9904-1915-02658-3/. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]