Хенри Евери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Капетан Хенри Евери придружуван од еден роб.
Капетан Хенри Евери придружуван од еден роб.

Хенри Евери или Ејвери (роден околу 1653 во Плимут - исчезнал најдоцна до 1696) бил познат пират, а негови познати прекари се Џон Ејвари, Лонг Бен и Бенџамин Бриџмен. Тој е еден од ретките коишто пиратската кариера ја завршиле со својот плен, а без да бидат убиени во битките или затворени.

Младост[уреди | уреди извор]

Хенри Евери уште како млад бил морепловец и член на кралската морнарица. Тој ја покажал својата самоувереност и издржливост кога во 1671 година за време на бомбардирањетона Англичаните на Алжир останал на бродот. Тој станал пират во Карипското Море, бил капетан и трговец. Во почетокот на деведесеттите години на XVII век, тој започнал да тргува со робови по Атлантскиот Океан коишто ги набавувал од западна Африка. Тој пред да ги продаде ги врзувал за ланец и како затвореници ги подредувал на својот брод.

Побуната и станувањето капетан[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 1694, Евери бил главен помошник на капетанот Гибсон на редовниот брод „Чарлс II“. Но, бродот имал судар кај А Коруња, Шпанија, па Евери со блиски соработници се побуниле и го оставиле капетан Гибсон на брегот. Хенри Евери станал капетан на бродот Фенси и отпловил кон ’ртот Добра надеж.

Кај Зелено’ртските Острови, Евери го извршил своето прво пиратство, ограбувајќи тројца англиски трговци. Потоа со пиратство продолжил и на островот Анхуан на Коморските Острови. Таму, тој се закотвил и на бродот Фенси му и звршил некои промени со којшто бродот станал еден од најбрзите бродови на светот. Евери ја искористил брзината на бродот за да освои еден француски брод. Тој го земал пленот,а кон својот екипаж приклучил уште 40 луѓе од освоениот брод, по што располагал со 150 луѓе.

По напуштањето на островот Анхуан, Хенри Евери напишал писмо до сите англиски морепловци коишто пловеле во Индискиот Океан. Во писмото, тој наведил дека никогаш нема нападнато англиски брод и дека бара тие да му го испратат англискиот сигнал којшто би му послужил за нивна идентификација и нивна поддршка доколку им е потребна што не би ја добиле доколку не го испратат сигналот.

За време на краткиот живот, Хенри Евери оставил многу жени со деца.

Заземањето на Фатех Мухамед и Гањ-и-Саваи[уреди | уреди извор]

Во август 1694, Евери со бродот Фенси го поминале Баб ел-Мандеб, каде што налетал на 4 пиратски бродови, меѓу кои бил и оној на Томас Тју, Амити. Иако 25 бродови на Могулското царство испратени од Индија се појавиле преку ноќ, тие успеале да се судрт со бродот Гањ-и-Саваи и неговиот пратеник, бродот Фатех Мухамед коишто биле упатени кон Сурат.

Капетан Хенри Евери со својот брод Фенси во позадина освојувајќи плен од противнички брод.

Евери го нападнал бродот Фатех Мухамед и да го заземе, меѓутоа претходно бил убиен капетанот на бродот Амити, Томас Тју. Можеби бродот на Хенри Евери бил ослабен од претходната борба со бродот Амити, па бродот Фатех Мухамед пружил малку поголем отпор. Бродот бил заземен и било освоено богатство од £50,000.

По ова Евери запловил во круг кон Гањ-и-Саваи. Бродот Гањ-и-Саваи бил поголем, помоќен и подобро отпремен, но еден од индискиот бродови експлодирал, нанесувајќи му штета на големиот противнички брод, па луѓето на Евери повторно победиле.

Во оваа битка Евери изгубил 20 луѓе. Супериорниот индиски брод останал без капетан, откако капетанот Ибрахим Кан избегал и се скрил. По 2 часа отпор без капетан Индијците се предале.

Победничките пирати своите победени противници ги претвориле во заробеници и во првите неколку денови ужасно ги мачеле, барајќи го одговорот на прашањето за скриеното богатство. Една муслиманка се самоубила само да го избегне насилството. Останатите жени коишто не се самоубиле биле убиени од пиратите коишто тоа го правеле на брутален начин.

Пленот од Гањ-и-Саваи изнесувал од £325,000 до £600,000, вклучувајќи околу 500.000 златни и сребрени предмети. По ова Евери допловил до Реинион каде што на своите пирати им поделил по £1,000 и дел од богатството.

Враќањето и исчезнувањето[уреди | уреди извор]

Откако заминале од Реинион, Евери со своите пирати се упатил кон Насау на Бахамите. На ова патување тој понел 90 робови. Кај Сао Томе и Принципе, Евери застанла за да тргува со португалските трговци. Следната станица на Фенси бил островот Сент Томас на Девствените Острови каде што пиратите продале дел од пленот. Кога пристигнале во Насау, тие го подмитиле гувернерот Николас Трот за да им даде азил.

Откако Евери видел дека не може да го подмити гувернерот Трот, ниту пак гувернерот на Јамајка, екипажот се упатил кон Северна Америка, а Евери со своите помошноци се вратиле во Британија по бродот Ајзак којшто се наоѓал во Ирска. Жените затворенички не биле на бродот, а не се знае што се случило со нив, но најверојатно избегале, биле пуштени или биле убиени. Биле фатени 24 мажи од кои многу скоро по поаѓањето. Хенри Евери исчезнал и не бил виден никогаш подоцна.Неговите последни зборови до неговите луѓе биле приказните со плановите каде што сакал да оди.

Работа[уреди | уреди извор]

Могулскиот цар затворил 4 фабрики во Индија што влијаело да се уапсат офицерите, да се спречат кражбите и убиствата. Парламентот го поштедил Евери, а со тоа и не била исполнета на неколку англиски политичари, Евери да биде фатен за што бил ангажиран дури и капетанот Вилијам Кид.

Животот на Хенри Евери бил инспирација за многу писатели коишто го искористиле како инспирација за своите дела. Најпознати такви дела се Успешниот пират од Чарлс Џонсон, како и Кралот на пиратите од Даниел Дефо (1724).

Знамето на Хенри Евери[уреди | уреди извор]

Популарната верзија на знамето на Евери по неговото исчезнување или Евериовиот Џоли Роџер.

Како што велат многу истражувачи, се смета дека знамето на Евери било црвено со 4 сребрени шеврони. Иако во тоа време црвената боја била многу популарна, причината за постоењето на четирите шеврони сè уште не е целосно јасна.

По неговото исчезнување како негво знаме се поврзува уште една верзија: бела глава на костур свртена со лицето кон десно и со марама на главата; под главата имало 2 скрстени коски, а сето тоа било на црна позадина (прикажано на сликата десно). Ниту причината за постоењето на ова знаме е нејасна, а уште е почудно тоа што е претставена глава на костур за којашто се знае дека на пиратско знаме прв ја употребил пиратот Емануел Вин во 1700.