Сен Мало

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сен Мало
Saent-Malô
Пристаништето во Сен Мало од птичја перспектива
Пристаништето во Сен Мало од птичја перспектива
Знаме на Сен Мало
Знаме
Грб на Сен Мало
Грб
Сен Мало се наоѓа во Франција
Сен Мало
Координати: 48°38′53.16″ СГШ 2°00′27″ ЗГД / 48.6481, -2.0075
Земја Франција
Регион Бретања
Департман Ил и Вилен
Округ Сен Мало
Кантон Сен Мало Нор и Сен Мало Сид
Општ. заедница Сен Мало
Управа
 • Градоначалник (2014-2020) Клод Рену
Површина1 36,58 км2
Население (2012)2 44,620
 • Густина 12.197.922.361.946/км2
INSEE/Пошт. бр. 35288 / 35400
Надм. висина 0 м
(прос. 8 м)

1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија.

2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Сен Мало (француски: Saint-Malo, бретонски: Sant-Maloù, гало: Saent-Malô) е пристаништен град во Бретања на северозапад на Франција на брегот на Ла Манш. Градот, опкружен со ѕидини, денес е туристичка дестинација со многу стари привлечни градби.

Население[уреди | уреди извор]

Заедно со предградијата, градот брои околу 153.000 жители, а во летната туристичка сезона достигнува и 200.000 жители.

Жителите на Сен Мало се нарекуваат малуанци (француски: malouins).

Историја[уреди | уреди извор]

Стара мапа на Сен Мало

За време на средниот век Сен Мало бил утврден остров на устието на реката Ренс и го контролирал не само сливот на реката, туку и отвореното море. Утврдувањето Алет, јужно од модерниот центар, го контролирало пристапот на Ренс од римско време, но модерниот Сен Мало ги влече своите корени од монашката населба основана од Сен Арон и Сен Брендан во почетокот на шестиот век. Името го добил според некој следбеник на Брендан, Сен Мало или Маклу.

Градот имал традиција за обезбедување на својата автономија во преговорите со француските власти и дури и со локалните бретонски власти. Од 1590 до 1594 година, Сен Мало се прогласил за независна република, и негово мото било „не француска, не бретонска, туку малуанска“.[1]

Сен Мало станал злогласен како дом на гусарите. Во XIX век, оваа „практична“ злогласност е портретирана во драмата на Жан Ришпен „Гусар“. Пиратите од Сен Мало не само што ги присилувале англиските бродови да плаќаат за поминување, туку носеле и богатство од подалеку. Жак Картје кој пловел по реката Сент Лоренс, влегол во Квебек Сити и во Монтреал, и со тоа се вброил во откривачите на Канада, живеел во Сен Мало. Фолкландските Острови на француски јазик се нарекуваат Ил Малуин (Малуански Острови) и веројатно оттаму доаѓа и шпанскиот назив Малвински Острови. Во 1758 година Британците го освоиле соседниот град Сен Серван и уништиле 30 бродови пред да заминат.

За време на Втората светска војна, за време на борбите во втората половина на септември и почетокот на септември 1944 година, историскиот град Сен Мало бил скоро целосно уништен од бомбардирањето на Сојузниците.[2][3] Сен Мало бил обновен во 12-годишниот период од 1948 до 1960 година.

Храна[уреди | уреди извор]

Сен Мало има една од највисоките концентрации на ресторани во Европа. Познат е по своите остриги од соседниот град Канкал.

Поглед на утврдениот град од југозапад
Панорамски поглед од островот Гран Бе за време на осека

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]