Девствени Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Девствени Острови

Американски Девствени Острови

Британски Девствени Острови
Политички региони на Девствените Острови

Девствените Острови (англиски: Virgin Islands) е архипелаг во Карипско Море. Островите се поделени во две зони. Британски Девствени Острови на исток и север, кои се сопственост на Велика Британија. Американски Девствени Острови, на запад и југ, се сопственост на САД. Кристифор Колумбо ги нарече островите Света Урсула и Единаесет Илјади Девици по легендата за Света Урсула. Тука живееја Карип Индијанците, кои се истребени од страна на Шпанија која ги освои островите во 1555. Данска и Англија презедоа власт над островите во 17 век.

Подоцна, на островите беа доведени црни робови од Африка за работа на плантажите. Денес, нивните потомци се мнозинство на островите. Данска својот дел на островите го продаде на САД во 1917 година. Најголеми острови во американскиот дел се: Сент Томас, Сент Крој и Сент Џон, додека пак во британскиот дел се: Тортола, Вирџин Горда, Анегада и Јост ван Дајк. Островите се релативно мали со население од околу 110.000. Главна стопанска гранка е туризмот.

Поголеми острови[уреди | уреди извор]

Место Остров Површина Население (2010) Администрација
1 Сент Кро 214 км² 50,601  САД
2 Вијекес 135 км² 9,301  САД
3 Сент Томас 80.91 км² 51,634  САД
4 Тортола 55.7 км² 23,908  Британски Девствени Острови
5 Сент Џон 51 км² 4,170  САД
6 Анегада 38 км² 200  Британски Девствени Острови
7 Кулебра 30.1 км² 1,818  САД
8 Вирџин Горда 21 км² 3,000  Британски Девствени Острови
9 Јост Ван Дајк 8 км² 297  Британски Девствени Острови

Поврзано[уреди | уреди извор]