Роберто Кофрези

Од Википедија — слободната енциклопедија
Статуата на Роберто Кофрези во Кабо Рохо
Статуата на Роберто Кофрези во Кабо Рохо
Обетките на Роберто Кофрези

Роберто Кофрези (17 јуни 179123 март 1825) познат како „Ел Пирата Кофрези“ — еден од најпознатите пирати од Порторико. За морепловството се заинтересирал уште како млад. Станал полнолетен во Порторико коешто било под големи политички и економски проблеми, а било и шпанска колонија. Под влијание на ситуацијата, тој одлучил да стане пират во 1818 година. Тој предводел неколку напади врз трговски бродови коишто пренесувале злато. Со тек на време,тој се заинтересирал и обрнал внимание и на неколку бродови од САД, меѓутоа шпанската влада ги отфрлила ваквите акции. На 5 март 1825, Кофрези изнајмил цела флота предводена од Џон Слоут, а биле наменети за борба. Тој најверојатно го напуштил својот брод и се обидел да избега пред да биде заробен. Откако бил уапсен, бил затворен во Сан Хуан. Било докажано дека е виновен и на 29 март 1825 година, тој заедно со главните соработници и членови на неговиот екипаж биле запалени. По неговата смрт неговиот живот бил искористен како вдахновение за многу приказни, митови и книги.