Мери Рид

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мери Ред)
Мери Рид
Мери Рид убива пират
Роден(а)околу 1690
Англија
Починал(а)април 1721 (возраст 31)
Порт Ројал, Јамајка
Пиратска кариера
Видпират
ПрипадностАнглиска пешадија и коњица во Холандија
Период на дејностоколу 1708-1721
ЧинГусар
Штабно местоКариби

Мери Рид (околу1690-1721) позната и како Марк Рид, е англиски пират. Таа и Ани Бони се двете најпознати жени пирати на сите времиња; и единствените две жени за кои со сигурност се знае дека се осудени за пиратство во почетокот на 18 век, во времето на Златното доба на пиратството.

Животопис[уреди | уреди извор]

Мери Рид е родена околу 1691 година, како вонбрачно дете во Англија. Нејзината мајка била вдовица на морски капетан. Датумот на раѓање е спорен меѓу историчарите. Мајката на Мери ја облекувала како машко откако починал нејзиниот постар брат, Марк. Ова го правела за да продолжи да ја прима финансиската помош од мајката на сојот починат сопруг. Мери облечена како момче, се вработила како слуга кога била тинејџерка, а подоцна нашла работа на брод.

Се приклучила на британската војска, и се борела преоблечена како маж. Но, подоцна се вљубила во еден фламански војник, со кого се венчала и заедно држеле гостилница во Холандија. По смртта на нејзиниот сопруг, Мери повторно се облекла како машко и се пријавила во војска. Но, бидејќи во тој период било мир, Мери се качила на брод и заминала за Кариби.

Пиратство[уреди | уреди извор]

Мери Рид

Бродот во кој била Мери бил преземен од пирати, кои ја присилиле да им се приклучи. Во 1720 година, се приклучила на екипата на пиратот Џон „Калико Џек“ Ракам, каде била и Ани Бони, кои мислеле дека Мери е машко. На 22 август 1720 година, тие тројца го украле бродот Вилијам[1] од пристанипте во Насау.[2][3]

Ани Бони ѝ открила на Мери Рид дека е женско, по што и Мери кажала дека е женско. Но, Ракам не знаел дека Мери е женско и бил љубоморен, сметајќи дека Ани и Мери се во љубовна врска. Бони му кажала дека Мери Рид е женско.

Затвор[уреди | уреди извор]

На 15 ноември 1720 година, капетанот Џонатан Барнет, кој ловел пирати, го заробил екипажот на Ракам, додека пиеле рум со друг екипаж, на западниот брег на Јамајка.[4] Пиратите биле пијани, па само двете жени со уште еден пират се бореле.[3] Екипажот на Џонатан Барнет ги надвладал жените, и така екипажот на Ракам бил заробен.[5]

Судењето на пиратите завршило со смртни пресуди, кои се однесувале и на Ани Бони и Мери Рид. Но, жените пирати избегнале бесење со тоа што се повикале на законот кој дозволувал да се одложи пресудата доколку се бремени.[6]

Се знае дека Мери Рид умрела од треска о затворот. Закопана е на 28 април 1721 година, и тоа е запишано во документите на црквата Света Катерина, на Јамајка.[2] Но, не постои запис за закоп на нејзино бебе, што може да значи дека умрела пред пораѓај или за време на пораѓај.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rogers, Woodes (10 October 1720). „A proclamation“. The Boston Gazette. |access-date= бара |url= (help)
  2. 2,0 2,1 Woodard, Colin. „Mary Read Biography“. Архивирано од изворникот на 2020-01-04. Посетено на 2016-07-13.
  3. 3,0 3,1 Cordingly, David (2006). Under the Black Flag. New York: Random House. стр. 57–58. ISBN 978-0812977226.
  4. Pallardy, Richard. „Anne Bonny“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 15 June 2015.
  5. Baldwin, Robert (1721). The Trials of Captain John Rackam and other Pirates. Jamaica.
  6. Johnson, Charles (1724). A General History of Pyrates (1. изд.). London: T. Warner.