Хајнрих Вилхелм Олберс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хајнрих Вилхелм Матијас Олберс
Heinrich Wilhelm Matthias Olbers
Хајнрих Олберс
Роден(а)11 октомври 1758(1758-10-11)
Арберген, Свето Римско Царство
Починал(а)2 март 1840(1840-03-02) (возр. 81)
Бремен, Германски Сојуз
НационалностГерманец
Полињамедицина
астрономија
Познат поОлберсов парадокс
Палада
Веста
Телескопот на Олберс во музејот „Фоке“, Бремен

Хајнрих Вилхелм Матијас Олберс (германски: Heinrich Wilhelm Matthias Olbers; 11 октомври 17582 март 1840) — германски астроном. Пронашол добар метод за пресметувањето на орбитите на кометите, а во 1802 и 1807 г. ги открил вториот и четвртиот астероид — Палада и Веста.

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Олберс е роден во Арберген, Германија, денес дел од градот Бремен. Учел за лекар на Гетингенскиот универзитет (1777–80). Таму учел математика заедно со Абрахам Готхелф Кестнер. Во 1779 г. додека негувал болен колега, го осмислил првиот задоволителен метод за пресметка на орбитите на комети.[1] Откако дипломирал во 1780 г. почнал да се занимава со медицина во Бремен. Вечерите ги поминувал во астрономски набљудувања од горниот кат на куќата, кој го претворил во опсерваторија.

Во 1800 г. Олберс бил меѓу 24-те астрономи поканети да учествуваат во т.н. „небесна полиција“, посветена на наоѓање на нови планети во Сончевиот Систем. На 28 март 1802 г. го открил и именувал астероидот Палада. Пет години подоцна, на 29 март 1807 г. го открил и астероидот Веста, а честа за неговото именување му ја дал на Карл Фридрих Гаус. Бидејќи зборот „астероид“ сè уште не постоел, тогашната литература ги нарекувала овие мали тела „планти“ сами по себе. Предложил дека астероидниот појас во кој се наоѓале овие тела, е остаток од уништена планета. Денес се смета дека плимните ефекти од планетата Јупитер ја пореметиле планетообразбата во астероидниот појас. На 6 март 1815 г. Олберс открил периодична комета, денес наречена по него (13P/Олберс). Олберсовиот парадокс, кој го опишал во 1823 г. (а потоа преработил во 1826 г.), вели дека темнината на вечерното небо се коси со претпоставката за бесконечна и вечна статична вселена.

Во јули 1804 г. младиот Фридрих Бесел му се обратил на Олберс за мислење за неговата раправа за пресметката на орбитите според Халеевата Комета. Олберс го забележал извонредниот квалитет на овој труд и уредил да биде објавен.

Во 1804 г. е избран за член на Кралското друштво во Лондон,[2] а во 1809 г. за странски дописен член на Кралскиот институт на Холандија[3] Во 1822 г. станал странски почесен член на Американската академија на уметностите и науките,[4] а во 1827 г. и странски член на Кралската шведска академика на науките.

Олберс добил полномоштво од неговите сограѓани да помага во крштевката францускиот владетел Наполеон II на 9 јуни 1811 г. Членувал во законодавниот кор во Париз во 1812–13 г. Починал во Бремен на возраст од 81 година. Се женел двапати, и имал деца, но само еден син го надживеал.[1]

Почести[уреди | уреди извор]

Во чест на Олберс се наречени следниве небесни образби:

Дела[уреди | уреди извор]

„Расправа за најлесниот и најзгодниот метод на пресметка на орбитата на една комета“, 1797 г.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1  Една или повеќе речениците пред наводов вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). „Olbers, Heinrich Wilhelm Matthias“ . Encyclopædia Britannica. 20 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 63.CS1-одржување: ref=harv (link)
  2. „Library and archive catalogue“. Royal Society. Посетено на 6 март 2012.
  3. „Heinrich Wilhelm Matthias Olbers (1758–1840)“. Royal Netherlands Academy of Arts and Sciences. Архивирано од изворникот на 13 јуни 2020.
  4. „Book of Members, 1780–2010: Chapter B“ (PDF). American Academy of Arts and Sciences. Посетено на 7 август 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]