Филип Дејгнан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Филип Дејгнан
Дејгнан на Трката околу Белгија 2012
Лични податоци
Цело име Филип Дејгнан
Прекар Фили
Роден 7 септември 1983 (1983-09-07) (воз. 34 г.)
Летеркени,  Ирска
Висина 1,76 м
Маса 67 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Аматерски клубови
2004 Вело-Клуб Ла Пом Марсеј
Професионални клубови
2005–2008
2009–2010
2011
2012–2013
2014–
Аг2р Превојанс
Сервело ТестТим
Тим РадиоШек
ЈунајтедХелткер
Тим Скај
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2009)

Етапни трки

Тур ду Дубс (2005)
Трка Џила (2013)
Последна промена
22 февруари 2018

Филип Дејгнан (англиски: Philip Deignan; ирски: Pilib Ó Duígeannáin; р. 7 септември 1983) — ирски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Скај.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Дејгнан е роден во Летеркени, Донегол, каде прв пат се натпреварувал на добротворна велосипедска трка во 1997 година.[2][3] Станал професионалец од 2005 година. Пред тоа, возел за аматерската екипа Вело-Клуб Ла Пом Марсеј каде се покажал добро. На Џиробио (Џиро д’Италија за аматери) во 2004 година, по претходниот пад, се покажал добро на планинските етапи.[4][5] Ја освоил последната етапа и генералниот пласман на Ронде де л’Изар 2004 како аматер. Негова прва професионална победа била на Тур ду Дубс, каде нападнал од бегството, во кое бил неговиот сонародник и тогашен колега Марк Сканлон.[6] Други поголеми резултати биле деветтото место на Светското друмско првенство под 23 години,[7] петтото место на Европското друмско првенство под 23 години и второто место на планинска етапа на Тур де л’Авенир 2006.[8]

По повредата здобиена на почетокот на сезоната, Дејгнан настапил и ја завршил својата прва голема трка на Вуелта а Еспања 2007, каде имал завршници во првите 15 на неколку планински етапи.

Се квалификувал да ја претставува Ирска на Олимпијата во 2008 година.[9][10] Завршил на 81. место на друмската трка (15 минути и 53 секунди зад победникот Самуел Санчез и пет минути зад сонародникот Николас Роуш). Дејгнан заедно со Роуш и Роџер Ајкен бил дел од ирската екипа за Светското првенство 2008 во Варезе. Никој од тројцата не ја завршиле трката.[11]

Сервело Тест Тим (2009-2011)[уреди | уреди извор]

Дејгнан возел за Сервело во 2010 година

Во 2009 година, Дејгнан возел со Сервело ТестТим. Настапил на Џиро д’Италија 2009, постигнувајќи една завршница во првите десет. На 17 септември 2009 ја постигнал својата прва победа на некој Гранд Тур, на етапата 18 на Вуелта а Еспања 2009 во Авила, по борбата со Чехот Роман Кројцигер од Ликвигас. Завршувајќи 10 минути пред групата се искачил на деветтото место во генералниот пласман.[12] Станал првиот Ирец кој освоил етапа на некој Гранд Тур по последниот успех на Стивен Роуш на Тур де Франс во 1992.[13][14] Дејгнан бил избран да вози за Ирска на Светското првенство 2009, заедно со Николас Роуш и Даниел Мартин.[15] Дејгнан го имал најдобриот ирски пласман со 40. место на друмската трка на Светското првенство.

РадиоШек (2011)[уреди | уреди извор]

Било објавено дека болест ќе ја наруши неговата сезона во 2010 година. Во 2011 година потпишал со Тим РадиоШек.[16][17]

Јунајтед Хелткер (2012-2013)[уреди | уреди извор]

По една сезона со РадиоШек, потпишал со ЈунајтедХелткер за сезоната 2012.[18] Дејгнен успеал да ја обнови својата кариера со екипата, победувајќи на Трката Џила во 2013 година и забележал завршници меѓу првите десет на трите најголеми американски трки, Трката околу Јута (6.), Трката околу Калифорнија (9.) и САД Про Сајклинг Челинг (10.).

Тим Скај (2013-)[уреди | уреди извор]

Подоцна, Дејгнан објавил во 2014 година ќе вози за Тим Скај.[1] Возел на Џиро д’Италија која започнала во Белфаст и одела до Даблин на воведните етапи. Дејгнан го повел Скај на Трката околу Полска, завршувајќи седми. Исто така, возел на Вуелта а Еспања, каде му помогнал на Крис Фрум да заврши втор.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Дејгнан се оженил со друмската велосипедистка Лизи Армитстид на 17 септември 2016 година.[19]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2003
7. Национално друмско првенство
2004
2. Национално друмско првенство под 23 години
4. Национално друмско првенство
2005
1. Тур ду Дубс
5. Европско друмско првенство под 23 години
9. Светско друмско првенство под 23 години
2009
7. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
8. Џиро дел Мендрисиото
9. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 18
10. Краен пласман Вуелта а Бургос
2013
1. Jersey red.svg Краен пласман Тур Џила
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
2. Краен пласман Тур де Бос
6. Краен пласман Трка околу Јута
9. Краен пласман Трка околу Калифорнија
10. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
2014
7. Краен пласман Трка околу Полска
2015
5. Краен пласман Тур де Јоркшир

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 79 56 47 43 СО 37
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта 71 9 СО 39

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Вин, Најџел. „Филип Дејгнан потпиша со Тим Скај за 2014 година“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 6 септември 2013 (посет. 7 септември 2013 г).
  2. Првиот велосипедски вкус на Дејгнан
  3. Town honours Paddy Delap“, „Donegal Democrat“, 15 мај 2014 (посет. 15 мај 2014 г).
  4. „Дејгнан трет на претпоследната етапа на Џиробио“. irishcycling.com. http://www.irishcycling.com/publish/exec/view.cgi?archive=1&num=506. посет. 22 јули 2007 г. 
  5. „Дејгнан блескаше на планинската етапа на Џиробио“. irishcycling.com. http://www.irishcycling.com/publish/exec/view.cgi?archive=1&num=485. посет. 22 јули 2007 г. 
  6. „Прва професионална победа за Дејгнан“. Irishcycling.com. http://www.irishcycling.com/publish/exec/view.cgi?archive=6&num=1186. посет. 22 јули 2007 г. 
  7. „Дејгнан деветти на Светското друмско првенство под 23 години“. cyclingnews.com. http://www.irishcycling.com/publish/exec/view.cgi?archive=6&num=1364. посет. 22 јули 2007 г. 
  8. „Објавен ирскиот состав за Светските првенства“. irishcycling.com. http://www.irishcycling.com/publish/exec/view.cgi?archive=8&num=2041. посет. 22 јули 2007 г. 
  9. http://www.rte.ie/sport/olympics2008/deignanp.html RTÉ Sport: Irish Olympic Team – Philip Deignan
  10. BBC Sport: Beijing biker
  11. „Мењшов победи на Вуелта а Еспања, Дејгнан 71. во генералниот пласман“. Irishcycling.com. http://www.irishcycling.com/publish/news/art_2646.shtml. посет. 24 септември 2007 г. 
  12. „Дејгнан освои Гранд Тур етапа“. Irish Times. 18 септември 2009. http://www.irishtimes.com/newspaper/sport/2009/0918/1224254801736.html. посет. 20 септември 2009 г. 
  13. Дејгнан на пат кон првите 10, RTÉ News, 18 септември 2009
  14. Историска победа за Дејгнан во Шпанија, RTÉ News, 17 септември 2009
  15. Ирскиот состав за Светското првенство 2009, Cycling Ireland, 10 септември 2009
  16. Филип Дејгнан потпиша за РадиоШек, Сyclingnews, 12 октомври 2010
  17. „Cycling: Relieved Deignan joins Armstrong's Radioshack team“. Irish Independent. 12 октомври 2010. http://www.independent.ie/sport/other-sports/cycling-relieved-deignan-joins-armstrongs-radioshack-team-2374797.html. посет. 12 октомври 2010 г. 
  18. Фратини, Кирстен. „Мекартни и Дејгнан се приклучија на ЈунајтедХелткер во 2012“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 23 септември 2011 (посет. 4 јануари 2012 г).
  19. Џек, Џим. „Crowds cheer on Lizzie Armitstead as she marries fellow cyclist Philip Deignan“, 19 септември 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]