Тумба (Долно Палчиште)
„Тумба“
| |
Местоположба | 41°58′5″N 20°55′33″E / 41.96806° СГШ; 20.92583° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Долно Палчиште |
Општина | Боговиње |
Тип |
|
Период | неолитско време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Тумба — археолошко наоѓалиште во тетовското село Долно Палчиште[1]. Претставува населба од неолитското време и средниот век. Се наоѓа во северниот дел на Полошката Котлина, на 1,5 км западно од патот Тетово-Гостивар. Димензиите на тумбата се 140 × 100 м во основата и височина 3 м над околната рамнина. Земјата е извонредно богата со бујна вегетација поради плодноста и изобилството на вода од многуте поточиња што се слеваат од Шар Планина. Во 1987 година Музејот на Македонија извршил сондажно ископување со кое се пронајдени остатоци од повеќеслојна населба. Културниот слој на населбата е 3,50 м, со шест наслојувања од кои првите четири се од неолитското време. Подвижниот археолошки материјал го карактеризира добро познатиот керамички фонд од скопскиот неолитски круг на културната група Анзабегово-Вршник. Тоа се, пред сè пехари со кафеаво сликани вертикални дебели и тенки линии и спирали што алтернираат, црвената и сивата мазнета канелирана керамика и секако жртвениците од типот на Големата Мајка. Неолитскиот слој културно и хронолошки се вклопува во периодизацијата на Анзабегово-вршничката културна група, во фазите II-IV. Последните два слоја се од бакарното време, на што укажува присуството на шнур-орнаментика со бела инкрустација и керамиката со црвена боја. Поради преорувањата, што се доста длабоки, овие слоеви не се интактни и тешко се следат[2].
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Здравковски Д., Саржоски С., Тумба-Палчиште, неолитска, енеолитска и бронзенодобска населба, АП 1987, Љублана 1989
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од неолитско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Долно Палчиште
- Археолошки наоѓалишта во Општина Боговиње
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Тетовско