Торадора!

Од Википедија — слободната енциклопедија
Корица на првиот том на лесните романи „Торадора!“, вклучувајќи ја Таига Аисака

Торадора! (јапонски: とらドラ!) — серија лесни романи од Јујуко Такемија, чиј прв том бил објавен на 10 март 2006 г., а последниот, десетти, на 10 март 2009 г. Како продолжение на заплетот, продолжува да се објавува истоимената манга од Зекјо. Објавувањето во списанието Dengeki Comic Gao! било запрено на 27 јануари 2008 г., но продолжило од компанијата ASCII Media Works под отпечатокот Dengeki Daioh на 21 март 2008 г. Радиопредавање на семрежјето било организирано во септември 2008 г. од страна на Animate TV. Адаптација на аниме била произведена од J.C.Staff и почнала да се емитува во Јапонија на TV Tokyo на 2 октомври 2008 г. Визуелен роман заснован на изворната приказна на Namco Bandai Games за PlayStation Portable бил објавен во април 2009 г.[1][2]

Името „Торадора!“ потекнува од имињата на двата главни лика Таига Аисака и Рјуџи Такасу. Името „Таига“ е слично на зборот „тигар“ на англиски (англ. tiger), а на јапонски овој збор ќе звучи како „тора“ (јап. 虎). Првиот дел од името на Рјуџи е „рју“ (竜), што на јапонски значи „змеј“, а во јапонската транслитерација од англиски би било „ドラゴン“ (дорагон).[3]

Содржина[уреди | уреди извор]

Приказната за Торадора! започнува со главниот јунак Рјуџи Такасу, кој е исцрпен од обидот да изгледа најдобро пред сите, влегувајќи во својата втора година од гимназија. И покрај неговата природна љубезност, поради неговиот изглед, сите го доживуваат како бандит и затоа нема буквално никаква надеж дека ќе најде девојка во блиската иднина. Откако наутро ќе биде пречекан од неговата поспана мајка, Рјуџи оди на училиште и е воодушевен што ќе се најде во истиот клас со неговиот најдобар другар Јусаку Китамура и девојката во кој е вљубен, Минори Кушиеда. Тоа е така, сѐ додека буквално не налетува на „најопасното суштество во училиштето“ — ученичката Таига Аисака, која исто така е во неговиот клас и е блиска другарка на Минори. Првата средба со Аисака завршува со удар за Рјуџи.

Таига се однесува студено кон другите и не се двоуми да им врати при најмалата нивна забелешка. Таига не го сака Рјуџи од нивната прва средба. Таа потекнува од богато семејство, но поради семејни проблеми почнала да живее одвоено. Сосема случајно се покажува дека нејзината нова куќа е веднаш до куќата на Рјуџи. Откако Рјуџи ќе открие дека Таига е вљубена во Јусаку, а Таига за возврат ја открива вљубеноста на Рјуџи кон Минори, Рјуџи предлага тие да ги здружат силите за да им ги освојат срцата. Таига поминува многу време во куќата на Рјуџи, толку многу што таа практично може да се смета за член на неговото семејство. Бидејќи Рјуџи поминува многу време со Таига, тој почнува подобро да ја разбира и да открива страни од нејзиниот карактер што повеќето луѓе не ги гледаат. Таига и Рјуџи се обидуваат да си помогнат еден на друг да го сменат однесувањето на другите кон нив. Сепак, нивната чудна врска ги изненадува сите што ги познаваат, а гласовите почнуваат да лазат зад грбот на Таига и Рјуџи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dengeki Daioh May 2008 issue“ (јапонски). ASCII Media Works. Архивирано од изворникот на June 30, 2008. Посетено на January 28, 2015.
  2. Toradora! media franchise website“ (јапонски). ASCII Media Works. Архивирано од изворникот на January 1, 2009. Посетено на January 28, 2015.
  3. Yuyuko Takemiya (March 2011). Toradora Vol. 1. Artwork: Zekkyou. Translation Notes. ISBN 978-1-934876-94-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: