Девојка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Девојче

Девојка или девојче (помладо) е кое било женско суштество од раѓање кое минува низ детство и адолесценција се до достигнување на зрелоста, кога таа станува жена. Терминот може да означува и млада жена.

Девојче од Мали

Употребата на зборот во контекст за возрасни[уреди]

Понекогаш, зборот девојка се однесува на возрасно женско лице. Оваа употреба во професионален или друг формален контекст се смета за навредлива или неучтива, како што се смета за навредлив и терминот момче кога со него се укажува на некој возрасен човек. Оттука, оваа употреба често се осудува. Исто така, се осудува и употребата на зборот девојка, кога се користи при дискриминација на децата (,, ти си само девојче ”).

Вообичаено, зборот се употребува во позитивна смисла, за што сведочи и неговата употреба во насловите на песните од поп музиката. На шега, се користи за луѓе кои имаат удел во енергичната мода ( Канадската пејачка Нели Фуртадо со ,, Неморална девојка’’ ) или како начин на обединување на жените од различна возраст врз основа на тоа дека некогаш биле девојки ( Американската кантри пејачка Мартина Мекбрајд со ,, Ова е за девојките’’). Овие употреби на зборот во позитивна смисла, се однесуваат повеќе на родот одошто на годините.

Демографска статистика[уреди]

Девојче од Гватемала

Незначително повеќе момчиња се раѓаат од девојчиња ( во Велика Британија, овој сооднос е 105 момчиња родени на секои 100 девојчиња), но помалку веројатно е за девојчињата да умираат од момчињата, во текот на детството, па така соодносот е 104 момчиња на секои 100 девојчиња, на возраст над 15 години.[1][2] Од 18- ти век, кај луѓето се забележува полов сооднос со околу 1.050 момчиња родени на секои 1.000 девојчиња и полова селекција, од страна на родителите понатаму го намалува раѓањето на женски деца. Иако, уште од антички времиња патријархалните верувања воделе до убивање на женски новороденчиња, тоа останало постојана практика во некои региони од светот денес.

Ова, особено претставува значаен проблем во Индија и Кина. Извештајот на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) покажува дека овие практики, во комбинација со занемарување, резултирале со најмалку 60 милиони ,,исчезнати’’девојчиња во Азија. Голем број на возрасни жени недостасуваат од населението на некои региони, како резултат на убивањето на женските новороденчиња во текот на последните децении.

Податоците од пописот на населението покажуваат дека проблемот се влошува. Општо земено во Индија, до 2011 година, има нешто повеќе од 9 девојчиња на секои 10 момчиња, на возраст помала од 6 години. Пописот на населението од 2011 година покажува дека соодносот меѓу девојчињата и момчињата на возраст помала од 6 години, се намалил дури во текот на претходната декада, од 927 девојчиња на секои 1000 момчиња во 2001 година на 918 девојчиња на секои 1000 момчиња во 2011 година. Соодносот во државата Махараштра е 883 девојчиња, додека на Сатара е дури и понизок соодносот со 881. На болниците во Индија им е забрането да го откриваат полот на нероден фетус, со цел да ги спречат абортусите иницирани од половата ориентација, иако доказите укажуваат на тоа дека таа информација често се открива. Стивен Мошер, претседател на Институтот за истражување на населението во Вашингтон, вели : ,, Дваесет и пет милиони мажи во Кина, во моментов, не можат да си најдат невести, поради недостатокот на жени […] млади мажи емигрираат во странство да си најдат невести.” Родовата неурамнотеженост во овие региони е исто така е виновна за поттикнување на растот во трговијата на половата размена; извештајот на Обединетите нации од 2005 година, наведува дека секоја година, до 800. 000 луѓе се тргувани преку границите, и дека дури до 80 проценти од нив се жени и девојчиња.[3]


Биологија[уреди]

Девојките ги развиваат женските одлики со наследување на два X хромозоми (XX), по еден од секој родител.[4]

Приближно една од илјада девојки има хромозомски кариотип од 47, XXX , и една од 2500 има 45, X.

Девојките обично имаат женски репродуктивен систем. Некои интерсексуалци со двосмислени гениталии и транссексуалци, може да се класифицираат или самите да се идентификуваат како девојки. [5]

Родот и животната средина[уреди]

A girl plays with paper dolls. Biological sex interacts with environment in ways not fully understood.

Биолошкиот пол се поврзува со животната средина, на начини кои не се сосема разбирливи. Идентични близначки, раздвоени уште при раѓање и споени неколку децении подоцна, покажале изненадувачки сличности и разлики. Во 2005 година Ким Волен од Универзитетот Емори, истакна, ,,Мислам дека прашањето ‘природа наспроти одгледување’ не е значајно, затоа што ги третира нив како независни фактори, а всушност се е во природата и одгледувањето. ” Волен вели дека половите разлики се појавуваат многу рано и се случуваат преку основните предности кои ги имаат мажите и жените за нивните избрани активности.

Образование за девојки[уреди]

Девојчиња во училиште во Авганистан

Еднаквиот пристап до образование за девојки е постигнат во некои држави, но постојат значајни разлики во повеќето од нив. Има празнини во пристапот помеѓу различните региони и држави, па дури и во рамките на самите држави. Девојките сочинуваат околу 60 проценти од децата кои не одат на училиште во Арапските земји и 66 проценти од оние што отсуствуваат во Јужна и Западна Азија; сепак, повеќе девојки одошто момчиња се школуваат во голем број земји од Латинска Америка, Карибите, Северна Америка и Западна Европа.[6] Истражувањата ги измериле економските трошоци на оваа нееднаквост во развиените земји: Анализата спроведена на меѓународно ниво, од страна на невладината организација ,,План” покажува дека вкупно 65 земји со низок или среден приход, или пак, се во транзиција, не успеале да им ги понудат на девојките истите можности за средно училиште како на момчињата, па севкупно, овие земји пропуштаат годишен економски пораст од околу 92 милијарди долари.[6]

Иако Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права потврдува дека ,, основното образование треба да биде задожително и бесплатно за сите” помалку е веројатно девојките да се запишуваат како ученици во основните и средните училишта ( 70% : 74% и 59% : 65% ). Во светот се направиле напори за да се стави крај на оваа несразмерност ( како преку Милениумските развојни цели) па така празнината се затворила уште од 1990 година.[7]

Образовната средина и очекувањата[уреди]

Девојчиња во средно училиште, во Асам, Индија.

Според Ким Волен, очекувањата сепак ќе играат улога во тоа како девојките ги извршуваат своите академски должности. На пример, ако на жените вешти во математика им се каже дека еден тест е ,, полово неутрален ”, тие постигаат високи резултати, но доколку им се каже дека мажите ги надминувале жените во минатото, тие би поминале многу полошо. ,, Што е чудно, ” Волен забележува, ,,според истражувањето, очигледно се што треба да направите е да и кажете на некоја жена на која не и оди со математиката , дека тестот е полово неутрален , па така сите ефекти од социјализацијата ќе ги снема. ” Авторката Џудит Харис вели дека покрај нивниот генетски придонес, воспитувањето од страна на родителите, има пократкотрајно влијание врз нивните потомци за разлика од други аспекти на средината, како што се групите на деца на иста возраст.


Во Англија, студиите спроведени од страна на добротворната организација за Национална писменост ( “ National Literacy Trust ” ), покажуваат дека девојчињата постојано освојуваат подобри резултати во сите образовни подрачја, за разлика од момчињата на возраст од 7 до 16 години, со зачудувачки разлики забележани при вештините за читање и пишување. Историски, во Соединетите Американски Држави, девојките заостанувале на стандардизираните тестови. Во 1996 година, просечниот резултат од вербалниот Са расудување тест ( SAT ) на 503 девојки од сите раси во САД, бил за 4 поени понизок од оној на момчињата. Во областа на математиката, просечниот резултат на девојчињата бил 492, што е за 35 поени понизок од оној на момчињата. ,, Кога девојките ги посетуваат истите курсеви, ” коментира Вејн Камара, научен истражувач при одборот на Колеџот, ,, таа празнина од 35 поени прилично се губи. ” Во тоа време, Лесли Р. Волф , претседател на Центарот за женски политички студии, вели дека девојчињата постигнале други резултати на тестовите по математика затоа што тие настојуваат да го решат проблемот, додека момчињата ги користат ,, триковите при тестирање” како што е непосредното проверување на одговорите, кои се веќе дадени во прашањата со неколку алтернативни одговори. Волф вели дека девојчињата се сигурни и темелни, додека ,, момчињата го играат овој тест како флипер.” Волф исто така вели дека иако девојките имале полоши резултати на Са расудување тестот, тие постојано добиваат повисоки оценки од момчињата, во текот на сите курсеви во првата година од колеџот. До 2006 година, девојчињата ги надминувале момчињата со 11 поени, на усниот дел од испитот кој се одржал на национално ниво во САД. Едно истражување од 2005 година, спроведено од Унивезитетот во Чикаго, покажува дека побројното присуство на девојки во училницата ги подобрува академските резултати на момчињата.


Меѓународни иницијативи за правата на девојките[уреди]

Девојчиња од India

Конвенцијата на Обединетите нациии за правата на детето (1988 година) и Милениумските развојни цели (2000 година), промовирале подобар пристап до образованието за сите девојчиња и момчиња, како и начин за да се отстранат половите разлики на основно и на секундарно ниво. Секаде во светот, уписите во училиштата и стапката на писменост за девојчиња постојано се зголемуваат. Во 2005 година, стапката на запишување на девојчиња во основните училишта на глобално ниво изнесувала 85 проценти, за разлика од пред 15 години кога истата изнесувала 78 проценти; запишувањето на девојчињата во средните училишта се зголемило за 10 отсто, што достигнало и до 57 проценти во текот на истиот период. [6]

Голем број на меѓународни невладини организации создале програми, коишто се фокусираат на решавање на нееднаквостите при пристапот на девојките кон потребите како што се храната, грижата за здравјето и образованието. Невладината организација ,,Кампања за образование на жените” ( CAMFED- Campaign for Female Education), претставува организација која е активна во обезбедување на образование за девојчиња во под- сахарска Африка. Меѓународната кампања на хуманитарната организација ПЛАН (англ.PLAN) ,, Затоа што сум девојче” е значаен пример за таквите иницијативи. Истражувањето на организацијата ,,ПЛАН” покажува дека образованите девојчиња може да имаат моќен домино ефект, кој води до пораст на економијата на нивните градови и села; обезбедувањето пристап до образованието на девојчињата го подобрува и разбирањето на општеството за здравствените прашања, намалувањето на ХИВ стапката, зголемување на свеста за исхрана, намалување на стапката на наталитет и подобрување на здравјето кај децата. Истражувањето покажува дека едно девојче кое добило образование:

  • Ќе заработи до 25 проценти повеќе и ќе реинвестира 90 проценти во нејзиното семејство.
  • Шансите да стане ХИВ- позитивна се трипати помали.
  • Ќе има помалку деца, кои ќе бидат поздрави и кои ќе имаат околу 40 проценти поголеми шанси да живеат и по петтата година.

[8]

Организацијата ПЛАН Интернешнл, исто така организирала кампања за да го основа Меѓународниот ден на девојката. Целите на оваа иницијатива се да ја зголемат општата свест за уникатните предизвици со кои се соочуваат девојките, како и клучната улога што ја имат во решавањето на поголемата сиромаштија и развојните предизвици. Делегација на девојки од организацијата ПЛАН во Канада ја претставиле идејата на Рона Амброуз, министер за јавни работи и владини услуги на Канада и министер за статус на жените, во февруари 2011 година, на 55- тата Седница на комисијата на статусот на жените во седиштето на ОН. Во март 2011 година, парламентот во Канада едногласно го усвоил предлогот со кој се барало Канада да ја преземе водечката улога од Обединетите нации за иницијативата да се прогласи Меѓународен ден на девојката. На 19 декември 2011 година, Генералното собрание на Обединетите нации го усвоил Меѓународниот ден на девојчето. 11 октомври 2012 година е првиот Меѓународен ден на девојчето.

Нејзините најнови истражувања ја навеле организацијата ПЛАН Интернешнл да препознае потреба да се координираат проекти кои ги опишуваат улогите на момчињата во нивните заедници, како и да се изнајдат начини за вклучување на момчињата во активности, кои ќе ја намалат родовата дискриминација. Бидејќи политичките, верските и лидерите на локалната заедница се најчесто мажи, мажите и момчињата имаат огромно влијание врз било кој напор што се прави, за да се подобри животот на девојките и да се постигне родовата еднаквост. Годишниот извештај на ПЛАН Интернешнл од 2011 година, посочува дека мажите имаат поголемо влијание и дека можеби ќе бидат способни да ги убедат заедниците да го спречат прераното стапување во брак и осакатувањето на женските гениталии, поефикасно од жените. Египетскиот верски лидер Шеик Саад, којшто водел кампања против оваа практика, се цитира во извештајот: ,, Решивме нашите ќерки, да не поминуваат низ ова лошо, нехумано искуство […] јас сум дел од промената.’’[9]

Уметност и литература[уреди]

Peter Paul Rubens - Портрет на млада девојка

Историски гледано, уметноста и литературата во западната култура ги претставува девојките како симбол на невиноста, чистотата, доблеста и надежта. Египетскиот живопис вклучува симпатичнни портрети на млади девојки кои биле ќерки на кралското семејство. Поезијата на Сафо содржи љубовни песни, упатени до девојките.

Во Европа, некои од раните слики на кои се појавувале девојки биле ‘Портрет на една млада девојка’ на Петрус Кристус (околу 1460 година), ‘Портрет на една млада девојка’на Хуан де Фландес (околу 1505 година), ‘Медицинската сестра со дете’ на Франс Халс во 1620 година, ‘Слугинки на честа’ на Диего Веласкез во 1656 година, ‘Празникот на Св. Никола’ од Јан Стен (околу 1660 година) и ‘Бисерни обетки’ на Јоханес Вермер, заедно со ‘Девојка како чита писмо на отворен прозорец’. Подоцнежните слики на девојки, го вклучуваат портретот на ‘Девојка со домино-кула’ на Алберт Анкер и ‘Портрет на ќерката на Феликс’ на Камиј Писаро.

Мери Касан насликала повеќе познати импресионистички дела кои ја идеализираат невиноста на девојките и врската мајка- ќерка, како на пример нејзиното дело од 1844 година ‘ Децата на плажа’ и во текот на истиот период ‘Хармонијата во сиво и зелено’ на Вистлер: ’Госпоѓица Сисли Александеранд’ и ‘Белата девојка’ ги прикажуваат девојките во исто светло.

Европскиот детски литературен канон, вклучува многу значајни дела со млади, женски протагонисти. Традиционалните бајки ги сочувале незаборавните приказни за деца. Помеѓу нив се ‘Голдилокс и трите мечки, ’ ‘Рапунзел,’ ‘Принцезата и грашокот’ и делото на браќата Грим ‘Црвенкапа’. Добро познатите книги за девојчиња, ги вклучува и ‘Алиса во земјата на чудата,’ ‘Хајди,’ ‘Волшебникот од Оз,’ серијата ‘Нанци Дру,’ ’Мала куќа на преријата,’ ‘Маделин,’ ‘Пипи долгиот чорап,’ ‘Брчка навреме,’ ‘Змејска песна’ и ‘Женички’.

Почнувајќи во доцната викторијанска ера станувале популарни посуптилните претстави на женските протагонисти. Ханс Кристијан Андерсен со ‘ Девојчето со кибритчињата,’ ‘Малата сирена’ и други приказни, прикажува теми кои се приближуваат до трагедија. Книгата на Левис Керол ‘Авантурите на Алиса во земјата на чудата’, содржи широко истакнати женски протагонисти, кои се соочуваат со ексцентрични ликови и интелектуални загатки во надреални поставувања. Згора на тоа, контроверзните слики на Керол од девојчиња, често се наведуваат во историјата на фотографската уметност. Литературата е проследена од различни културни струи, идеализирајќи го моминството, а во друго време пак развивањето под влијание на растечкото литературно реалистичко движење. Многу викторијански романи започнуваат со детството на нивната хероина, како Џејн Еир, сираче кое го трпи лошото однесување од нејзините старатели, а потоа истото тоа го доживува и во интернатот за девојчиња. Ликот Наташа од ‘Војна и мир’, од друга страна, е сентиментализиран. До 20-тиот век, портретот на девојките во книжевните творби имал во најголем дел напуштени идеализирани портрети на девојки. Популарните литературни романи го вклучуваат Харпер Ли со ‘Да се убие подбивната слика’, роман, во кој една млада девојка, Скаут се соочува со свеста на силите на нетолеранцијата во нејзината зедница. Во контроверзната книга на Владимир Набоков ‘Лолита’ се зборува за осудениот однос помеѓу 12 годишна девојка и возрасниот интелектуалец, и за нивното патување низ САД. ‘Зази во метро’ (фр.’Zazie dans le métro’) од Рејмонд Квено (1959 година) е популарен француски роман кој хумористично ја слави невиноста и созревањето на Зази, која вложува напори самата да го истражува Париз, бегајќи од својот вујко (професионален женски имитатор) и од нејзината мајка (која е преокупирана со средбата со нејзиниот љубовник). Во 1960 година, од романот е направен популарен филм (Zazie dans le métro), од страна на еден француски режисер Луј Мал. Книгите кои имаат и момчиња и девојчиња протагонисти, имале тенденција да се насочуваат повеќе кон момчињата, но важни женски ликови се појавуваат во ‘Замокот на витезите,’ ‘Лавот,’ ‘Вештерката и ормарот,’ ‘Книгата за тројца’ и сериите ‘Хари Потер’.

Неодамнешните романи наменети за возрасната публика, вклучуваат размислувања за искуствата од моминството. Романот ,,Мемоарите на една Гејша” од Артур Голден започнува, како, женскиот главен карактер и нејзината сестра, им се препуштаат на задоволствата откако ќе бидат разделени од своето семејство во 19-тиот век, во Јапонија. Романот ,,Снежниот свет и скриената фантазија” на Лиса Си, ги открива лаотонг врските на едно пријателство помеѓу пријатели од детството во современиот Пекинг, и истото такво пријтелство во 19-тиот век во Хунан, Кина.

Популарна култура[уреди]

Тинејџерка со модерна фризура од Харајуку, Токио.

Постојат повеќе американски комични книги и стрипови во кои главниот лик е девојче, како што се ,,Малата Лулу” и ,,Малото сираче Ани”. Во комичните книги за суперхерои, Ета Кенди бил првиот женски лик, чудо- жена која помага некому. Во серијата ,,Кикиритки” (на Чарлс Шулц), женските ликови ги вклучуваат Пеперминт Пати, Луси Ван Пелт и Сали Браун.

Во јапонските анимирани цртани филмови и комичните книги, девојките често се прикажуваат како протагонисти. Во повеќето анимирани филмови на Хијао Мијазаки се појавува млада женска хероина, како и во ,,Испораката на услугите на Кики”. Има многу други женски протагонисти во Шоџо стилот на стрип, кој е наменет за женската публика. Помеѓу овие се вбројуваат ,,Дама без партнер за танцување” ( “The Wallflower”), ,,Цереза”( “Ceres”), ,,Небесната легенда” (“Celestial Legend”), ,,Во потрага по полната месечина” (“Full Moon o Sagashite”). Во меѓувреме, во некои жанрови на јапонски цртани филмови може да се појават сексуализирани и конкретизирани портрети на девојки.

Терминот ‘девојка’, често се среќава во текстовите на поп музиката ( како што е случајот со песната ,,За една девојка”), најчесто означувајќи возрасна девојка или тинејџерка.

Историја[уреди]

Princess Neferure as a girl, sitting on the lap of her tutor Senenmut. Girls and women in Ancient Egypt enjoyed a relatively high social status.

Статусот на девојките низ историјата на светот е тесно поврзана со статусот на жената во секоја култура. Каде што жените уживаат рамноправен статус со мажите, девојките добивааат поголемо внимание за нивните потреби.

Образование за девојки[уреди]

Во антички Египет, принцезата Нефер израснала во време кога нејзината мајка владеела, жената фараон Хатшепсут која го наследила тронот по смртта на нејзиниот маж Тутмос II. Жените во антички Египет имале релативно висок статус во општеството, па како ќерка на фараонот, на Нефер и било обезбедено најдоброто можно образование. Нејзините воспитувачи биле најдоверливите советници на нејзината мајка. Таа била израсната за да преземе важна улога, со прифаќањето на одговорностите на кралица додека нејзината мајка е фараон. И покрај фактот дека и мажите и жените во Египет уживале во голема мера во еднаквоста, сè уште постоеле битни поделби во родовите улоги. На пример, мажите работеле како писари за владата додека жените најчесто ги завршувале обврските поврзани со домот, како што е земјоделството, печење на леб и подготовка на пиво; меѓутоа, голем број на жени особено оние од повисоките класи, стопанисувале и тргувале на пазарите, како парфимеристи, а некои жени работеле во храмовите. Оттука, образованието за момчињата и девојчињата се разликува. На момчињата им било дозволено да одат во формални училишта за да научат да читат, пишуваат, да решаваат задачи, додека девојчињата се образувале дома, за да ги научат занимањата на нивните мајки. Сепак, некои жени станале писмени и учени, како што била Хипатија.[10][11]

The future Elizabeth I of England at age 13 years.

Формалното образование за девојчиња, традиционално се смета за помалку важно од она на момчињата. Во Европа, исклучоците биле ретки, пред да се појават машините за печатење и реформите кои ја направиле писменоста да биде пошироко распространета. Кралицата Елизабета I претставува eден забележителен исклучок на општото непочитување на женската писменост. Во нејзиниот случај, таа како дете била во нестабилна ситуација бидејќи била можен наследник на тронот, па така нејзиниот живот бил загрозен од политичките интриги на останатите членови на судот. По погубувањето на нејзината мајка, Ана Болејн, Елизабета се сметала за нелигитимен наследник. Хенри VIII во најголем дел го игнорирал нејзиното образование. Неверојатно е што Катерина Пар, вдовицата на Хенри VIII покажала интерес за високата интелегенција на Елизабета и ја поддржала одлуката да и обезбеди импресивно образование по смртта на Хенри, започнувајќи кога Елизабета имала 9 години. Елизабета добила образование, еднакво на она на истакнат машки аристократ; таа изучувала латински, грчки, шпански, француски јазик, филозофија, историја, математика и музика. Елизабета станала способен монарх, а Англија ја препишува наградата за тоа, на нејзиното богато образование.


До 18-тиот век, Европејците ја признале вредноста на писменоста па, така, се отвориле училишта во голем број, во кои ќе се образува јавното население. Образованието во периодот на просветителството во Франција, довело да третина од жените да се описменат во периодот на Француската револуција, наспроти половина од бројот на мажите во тоа време. Сепак, образованието за девојчињата не се сметало за толку важно, како она за момчињата, кои биле обучени за професии кои останале недостапни за жените, а девојчињата немале право да продолжат со средно образование во Франција, се до крајот на 19-тиот век. Девојките во Франција, немале право на диплома бакалауреат, се додека не се донеле реформите во образованието во 1924 година, од страна на министерот Леон Берар. Училиштата во Франција се раздвојувале се до крајот на Втората светска војна. Оттогаш, законите за задолжително образование, го покренале образованието низ Европа.


Навиките на ,,полнолетството”[уреди]

Многу култури имаат традиционални навики за одбележување на полнолетството кај девојчињата и момчињата, за да се признае нивното преминување кон зрелоста или за да се одбележат други пресвртници од нивното патување како деца кон зрелоста.

Јапонија има ритуал за полнолетство, наречен Шичи- го- сан ( англ. Shichi- Go- San), што буквално значи ,,Седум- пет- три ”. Ова е традиционален обред на преминување и фестивалски дел во Јапонија за три и седумгодишни девојчиња и три и петгодишни момчиња, кој се одржува секоја година на 15 ноември. Генерално се запазува најблискиот викенд. На овој ден, девојчињата се облекуваат во традиционално кимоно а нивните родители ги водат во храм за церемонијата за давање на благослов. Денес, овој настан се одбележува со официјална слика портрет.


Некои церемонии за одбележување на полнолетство се религиозни ритуали за признавање на зрелоста на девојчето во однос на нејзиното разбирање на религиозните верувања, и за да ја признае нејзината улога која е сменета во религиозната заедница. Потврдата е церемонија која е вообичаена за многу христијански вери за момчињата и девојчињата, и се одржува кога детето е во тинејџерски години. Во римските католички заедници, церемонијата за потврдување се смета за една од седумте причести којашто еден католик може да ги добие во текот на својот живот.

Во повеќе земји, традиционално е за децата католици да се подложат на друга причеста, Првата причеста, на седумгодишна возраст. Причестата, вообичаено се изведува во црква еднаш годишно, со деца кои добиваат благослов од бискупот на специјалните пригоди. Традиционално е во повеќе земји на Првата причест, девојчињата католици да носат бели фустани и по можност мал превез или венец од цвеќиња на косата. Белиот фустан ја симболизира духовната чистота. Многу церемонии за одбележување на полнолетството се прават за да се признае минувањето на девојчето низ пубертетот, кога тоа ја искусува менархата или првата менструација. Традиционалната церемонија за одбележување на полнолетство кај девојчињата Апачи, се нарекува ‘Церемонија на изгревање на сонцето’ (na'ii'ees) и трае четири дена. Девојчињата се исцртани со глина и полен, кои не смеат да ги измијат се до крајот на ритуалите, коишто вклучуваат танцување и ритуали кои ги проверуваат физичката сила. Им се одржуваат предавања во областа на сексуалноста, довербата и способноста за исцелување. Девојките се молат во насока на исток, во раните утрински часови и во четирите основни насоки, кои ги претставуваат четирите фази од животот. Оваа церемонија била забранета од страна на американската влада повеќе децении; но таа бележи оживување, откако ќе биде легализирана со Актот за индиска верска слобода од 1978 година. [12]

Подготовка на девојките за брак[уреди]

A postwar German girl helps her mother, who is struggling for income, prepare food to sell, 1946.

Во многу антички општества, воспитувањето на девојчињата е од голема важност при подготовката да бидат идни сопруги. Во повеќе култури, тоа не била нормата за жената да стане економски независна. Значи, таму каде што благосостојбата на девојката во иднина зависела од тоа, таа да се омажи за маж кој е економски самостоен, од суштинско значење било да ја подготват девојката да ги исполни квалитетите и вештини кои се очекуваат од сопругите.

Во културите почнувајќи од античка Грција, па се до САД во 19-тиот век, девојките ги учеле следниве основни домашни вештини како што се шиењето, готвењето и градинарството, потоа, основната хигиена и медицинската грижа како што е подготвувањето балсами и мевлеми и во некои случаи вештини на бабиците. Овие вештини ќе бидат пренесувани од генерација на генерација, со усното познавање од мајка на ќерка. Еден добар преглед на овие важни женски вештини има во народната приказна Рампелстилтскин, која што потекнува од средновековна Германија и била собрана во пишувана форма од страна на фолклористите, браќата Грим. Ќерката на воденичарот е проценета како потенцијална жена, поради нејзината репутација дека е способна да испреде слама во злато.

Во некои делови на Кина, почнувајќи од јужното царство на Танг во Нанџинг ( 937-975 година), обичајот со врзувањето на ногата бил поврзан со жените од повисоките класи кои биле достојни за живот, со слободно време и сопрузи кои можат да ги поштедат нив од работа (би била потребна способноста да бидат подвижни и да го поминат денот на нозе). Поради ова верување, родителите надевајќи се дека ќе им осигурат добар брак на своите ќерки, тие им ги врзувале нозете на своите ќерки уште од седумгодишна возраст, за да го постигнат идеалниот изглед. Што помали се нозете, толку повисок социјален ранг на идниот сопруг. Оваа практика се задржала до раните години на 20-тиот век. [13]

Кина имала многу обичаи кои се врзуваат за девојките и нивните улоги како сопруги и мајки. Според еден обичај, изгледот на косата на девојката може да укажува на нејзиниот брачен статус. Немажената девојка би ја носела косата во две плетенки, а откако ќе се омажи во една. [14]

Во некои култури, на периодот на минување на девојчињата низ пубертет се гледа со загриженост за нивната невиност. Во некои заедници, постои традиционално верување дека осакатувањето на женските гениталии е потреба за превенција на девојките од станување сексуално промискуитетни. Но, практиката е опасна, и води до долгорочни здравствени проблеми за жените кои поминале низ тој процес. Практиката е обичај на 28 земји од Африка и опстојува главно во руралните области. Овој обичај за одбележување на полнолетството, понекогаш погрешно опишан како ,,обрежување на жените”, е забранет од страна на владите и оспорен од групите за човекови права и други загрижени членови на заедници, коишто работат на тоа, да се стави крај на оваа практика.

Игри и други добија за девојки[уреди]

Занимациите за девојки, како што се игрите и други рекреативни активности, ги одразуваат обичаите на нивните заедници. Игрите и играчките за девојчиња се голем и уште потежок пазар за детската индустрија за играчки. Создавањето игри и играчки кои би можеле да бидат масовно продавани на девојчиња, претставува предизвик за денешните произведувачи за играчки.

Наводи[уреди]

  1. „CIA Fact Book“. The Central Intelligence Agency of the United States. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/us.html#People. 
  2. in-gender.com, The Odds of Having a Boy or a Girl, retrieved 8 January 2009
  3. Karabin, Sherry. „Infanticide, Abortion Responsible for 60 Million Girls Missing in Asia“, „Fox News“ (конс. 11 октомври 2011).
  4. Ambiguous genitalia retrieved 3 February 2012
  5. Ethics And Intersex Sharon E. Sytsma
  6. 6,0 6,1 6,2 „Paying the Price: The economic cost of failing to educate girls“. PLAN International. http://plan-international.org/files/global/publications/education/girls_education_economics.pdf. конс. 11 октомври 2011. 
  7. The State of the World's Children 2004 - Girls, Education and Development , UNICEF, 2004
  8. „CAMFED USA: What we do“. CAMFED. http://us.camfed.org/site/PageServer?pagename=home_index. конс. 11 октомври 2011. 
  9. ‘Because I am a Girl’ group finds boys matter, too“, Toronto Star (конс. 11 октомври 2011).
  10. Janet H. Johnson. „Women's Legal Rights in Ancient Egypt“. University of Chicago, 2004. http://fathom.lib.uchicago.edu/1/777777190170/. конс. 22 октомври 2011. 
  11. Dr. Joann Fletcher. „From Warrior Women to Female Pharaohs: Careers for Women in Ancient Egypt“. BBC. http://www.bbc.co.uk/history/ancient/egyptians/women_01.shtml. конс. 22 октомври 2011. 
  12. Paul L. Allen. „Coming of age: Apache twins Fayreen and Farren Holden are welcomed into adulthood in a four-day tribal ceremony“, 26 јули 2001.
  13. Heather J. Hasan. „The Art of Foot-Binding - Chinese Culture“. Bella Online. http://www.bellaonline.com/articles/art29600.asp. конс. 22 октомври 2011. 
  14. Perkins, Dorothy (2000). „Encyclopedia of China: The Essential Reference to China, Its History and Culture.“. New York, NY: Checkmark Books. 

Поврзано[уреди]