Прејди на содржината

Странен

Координати: 41°22.27′N 24°5.44′E / 41.37117° СГШ; 24.09067° ИГД / 41.37117; 24.09067
Од Википедија — слободната енциклопедија
Странен
Πέρασμα
Странен is located in Грција
Странен
Странен
Местоположба во областа
Странен во рамките на Неврокоп (Егејска Македонија)
Странен
Местоположба на Странен во Неврокоп и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°22.27′N 24°5.44′E / 41.37117° СГШ; 24.09067° ИГД / 41.37117; 24.09067
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски
ОпштинаНеврокоп
Надм. вис.&10000000000000400000000400 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно34
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Странен или Истране (грчки: Πέρασμα, Перасма; до 1927 г. Ιστράνε, Истране или Ιστράνια[2][3][4]) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани.[5]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на десниот брег на реката Места, во историско-географската област Чеч. Соседни села се Долна Лакавица, Борово и Вршен. Се наоѓа на брегот на вештачкото Черешовско Езеро.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Во извадок од список на населените места составен меѓу 1498 и 1502 г. во селото Странен (Странина) са регистрирани 17 немуслимански домаќинства, 6 ергени и 1 вдовица.[6] Во скратен регистар за ливата Паша од 1519 г. селото Странен (Истаране) е запишано вака — немуслимани: 38 домаќинства, ергени - 11, вдовици - 1.[7] Во подробен регистар на санџакот Паша од 1524-1537 г. за селото Странен (Истрањан) са регистрирани муслимани: 1, ергени - 1; немуслимани: 19, ергени - 2, вдовици - 4.[8] Во скратерн регистар од 1530 г. селото Странен (Истрањан) имало муслимани: 1, ергени - 1; немуслимани: 19, ергени - 2, вдовици - 4.[9] Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. се води даночно обврзаното население на Странен (Страни) вака: муслимани - 1 семејство и 2 ергени; немуслимани - 8 семејства и 22 ергени.[10] Во подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската каза за 1723 г. селото Странен (Истирнани) имало вкупно 18 муслимански домаќинства, од кои едно на спахија.[11]

Ова покажува дека во даден период на немирни времиња населението било принудено да го прими исламот.[5]

Во XIX век Странен било муслиманско село во Неврокопска каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Странен (Stranen) имало 50 домаќинства на 160 Македонци-муслимани.[12] Според Стефан Верковиќ на крајот од XIX век Странен (Сранен) имало 179 машки Македонци муслимани сместени во 50 куќи.[13] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Странен (Страња) бил македонско муслиманско село. Во него живееле 284 Македонци-муслимани[14][15] во 60 куќи.[16]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. По податоци на БПЦ, кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Странен живееле 67 семејства со вкупно 288 лица. Според грчка статистика истата година во Странен (Ιστράνε, Истране) се попишани 282 лица.[17] Во 1920 г. населението се намалило на 196 жители.[5]

Во 1923 г. жителите на селото се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти од Турција. Во 1927 г. селото е преименувано во Перасма (Πέρασμα),[3] што во превод значи „премин“. Во 1928 година Странен е претставен како чисто дојденско село со 56 жители (15 семејства).[4]

Селото настрадало во Граѓанската војна, па затоа во 1951 г. се води како напуштено. На следниот попис (1961) имало 170 жители, но за една деценија населението драстично се намалило. Овој пад продолжува и понатаму.[5]

Населението одгледува тутун, жито и други земојделски култури, а се занимава и со сточарство.[5]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 152 0 170 47 45 35 28 26 34
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 2012-06-30, Посетено на 2012-06-30
  4. 4,0 4,1 Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 2012-06-30, Посетено на 2012-06-30
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 194. ISBN 9989-9819-5-7.
  6. Димитров, Страшимир (1965). „Откъси от регистър за ленни владения в Западните Родопи и Серско“. Родопски сборник. 1: 309. OCLC 402561706.
  7. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 64. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  8. Радушев, стр. 39
  9. Радушев, стр. 131
  10. Стоjановски, Александар (2007). Турски документи за историjата на Македониjа. Опширен пописен дефтер за Паша санџакот (казите Драма, Кавала, Серез и Неврокоп) од 1569/70 година, том X, книга 2. Скопjе: Државен архив на Република Македониjа. стр. 552–553. ISBN 978-998-962-264-9. OCLC 645308759.
  11. Радушев, стр. 225-226
  12. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 124–125. ISBN 954-8187-21-3.
  13. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (70/100/16)|format= бара |url= (help) (II. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 112. ISBN 954-9308-51-0.
  14. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  15. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 196. ISBN 954430424X.
  16. Кънчов, Васил (1970) [1894-1896]. „Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско“. Избрани произведения. Том I. София: Наука и изкуство. стр. 269.
  17. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 – Μακεδονία“ (грчки). Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 3 мај 2009.