Перух
| Перух Άγιος Πέτρος | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 41°20.36′N 23°57.20′E / 41.33933°N 23.95333°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Источна Македонија и Тракија |
| Округ | Драмски |
| Општина | Неврокоп |
| Надм. вис. | 790 м |
| Население | |
| • Вкупно | иселено |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Перух или Перов (грчки: Άγιος Πέτρος, Агиос Петрос; до 1927 г. Περόφ, Пероф[1][2][3]) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци муслимани.[4]
Географија
[уреди | уреди извор]Перух се наоѓа на северните падини на планината Боздаг и спаѓа во историско-географската област Чеч. Соседни села се Сидерово, Вршен и Пепелаш.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Перух било муслиманско село во Неврокопската Каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) напишал дека жителите на Перши биле Македонци муслимани[5].[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Перух (Perouh) било село со 45 домаќинства на вкупно 140 жители Македонци муслимани.[5][7] Според Стефан Верковиќ на крајот на XIX век Перух имал 167 мажи Македонци муслимани,[5] кои живеел во 45 куќи.[8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Перух (Перухъ) живееле 320 Македонци муслимани.[9][10]
Во Грција
[уреди | уреди извор]Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По податоци на БПЦ, кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Перух живееле 68 семејствао со вкупно 341 лице.
По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Според грчка статистика, во 1913 г. во Перух (Περώφ) живеело 371 лице.[11]
Во 1920 г. селото имало 305 жители.[4]
Во 1923 г. жителите на Перух како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во 1927 г. селото е преименувано во Агиос Петрос (Άγιος Πέτρος),[2] во превод „Свети Петар“. До 1928 г. во селото се доведени 74 грчки колонисти (24 семејства) дојдени од Турција.[3] Во 1928 г. населението се состоело од 105 жители, а во 1940 година тоа се зголемило на 124 лица.
Напуштено е за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) и не било обновено.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- 1 2 Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- 1 2 Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- 1 2 3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 187. ISBN 9989-9819-5-7.
- 1 2 3 Нарекувајќи ги „Помаци“
- ↑ Очеркъ путешествія по Европейской Турціи (съ картою окресностей охридскаго и преспанскаго озеръ) Виктора Григоровича (PDF) (Изданіе второе. изд.). Москва: Типографія М. Н. Лаврова и Ко. 1877. стр. 123.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 124–125. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (70/100/16)
|format=бара|url=(help) (II. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 112. ISBN 954-9308-51-0. - ↑ Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 196. ISBN 954430424X.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 – Μακεδονία“ (грчки). Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 4 мај 2009. Text " langx" ignored (help)
| ||||||||||