Споменик на Гоце Делчев (Градски парк, Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За споменикот на Гоце Делчев на плоштадот Македонија видете тука
Споменик Гоце Делчев
Delcevstatue-cityparkskopje.JPG
Општи податоци
ГрадГрадски парк , Скопје
ЗемјаМакедонија
Почната1946
Проектирање и изградба
АрхитектЉубомир Далчев

Споменикот на Гоце Делчев претставува спомен обележје на влезот на Градскиот парк во Скопје посветен на големиот македонски револуционер. Споменикот е подарок од бугарскиот главен град Софија од 1946 [1] [2] година и е дело на бугарскиот автор од македонско потекло Љубомир Далчев[3]. Споменикот е заштитен како културно наследство. Во 2009 година, постаментот и просторот околу споменикот биле реконструирани од страна на Град Скопје, за што биле потрошени 17 милиони денари.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Андонов-Полјански Х., Гоце Делчев и неговото време, Култура, Скопје, 1978
  2. Л. Колишевски, Говор одржан на прославата на 11 октомври 1946, Нов ден 5, 1948, 3-8
  3. Петрова, Анела. „Преродбата го преродува Скопје“, Дневник, 4 февруари (посет. 25 јули 2011 г). (на македонски)
  4. Србиновски, Дејан. „Споменикот на Гоце Делчев "освежен" со автолак“, Вечер, вторник, 14 април 2009 (посет. 25 јули 2011 г). (на македонски)