Разлика помеѓу преработките на „Кнежевство Молдавија“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема измена во големината ,  пред 3 месеци
с
→‎top: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај
с (→‎top: Правописна исправка, replaced: кнежество → кнежевство (4), Кнежество → Кнежевство (3))
с (→‎top: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај)
 
'''Кнежевство Молдавија''' било основано во [[1359]] година и опфаќало територии од денешна [[Молдавија]] и дел од источна [[Романија]], дел од [[Украина]]. На запад се наоѓала денешна [[Трансилваљнија]], на исток [[Бесарабија]], на северозапад [[Буковина]]. Кнежевството било формирано од страна на влашките аристократски семејства на чело со Драгош со помош на унгарскиот крал поради одбрана на земјата од татарската инвазија.
 
[[Османлии]]те во [[1420]] година започнале со заземање на Молдавија. Во [[1456]] година кнежевството било потчинето како [[вазал|вазална држава]] и започнало да плаќа годишен данок. Во [[1475]] година се одвила [[Битка кај Васлуј|биткатаБитката кај Васлуј]] каде на чело на Молдавија се наоѓал [[Стефан III Велики]] заедно со христијанските сојузници од [[Кралство Полска]] и [[Кралство Унгарија]]. Христијанските сојузници оствариле голема победа. Битката била опишена како најголема победа на христијанството против исламот дотогаш. [[Мара Бранковиќ]], сопруга на [[Мурат II]], на венецијанскиот пратеник изјавила дека таа битка била една од најкатастрофалните за Османлиите. Кралот Стефан III подоцна од страна на [[папа Сикст IV]] бил награден со титулата "''Verus christiane fidei aletha''" (вистински заштитник на христијанската вера).
 
Во 1484 година било освоено молдавското црноморско крајбрежје, а во 1503 година цела [[Бесарабија]]. Целосното зазимање се случило во [[1538]] година кога султанот започнал да ги назначува новите кнезови на Молдавија и како титула била користена кајмакам на Молдавија. Освен тоа на Молдавија и било забрането да има било какви односи со странски земји на штета на Османлиите но и била дозволена внатрешна автономија. На Османлиите им било забрането законски да поседуваат земјиште или да градат верски објекти во Молдавија.

Прегледник