Љубиша Георгиевски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{Infobox Officeholder
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
[[Податотека:Ljubisa_Georgievski.jpg|right|thumb|200px|Љубиша Георгиевски]]
|name = Љубиша Георгиевски
|honorific-suffix =

|image = Ljubisa_Georgievski.jpg
|imagesize = 250px
|office1 = [[Претседател на Собранието на Република Македонија|VII Претседател на Собранието]]
|term_start1 = [[1 август]] [[2006]]
|term_end1 = [[21 јуни]] [[2008]]
|president1 = [[Бранко Црвенковски]]
|predecessor1 = [[Љупчо Јордановски]]
|successor1 = [[Трајко Вељаноски]]
|birth_date = {{роден на|30|мај|1937}}
|birth_place = {{роден во|Битола}}, [[СФРЈ]]<br>денес [[Македонија]]
|death_date =
|death_place =
|nationality = [[Македонци|Македонец]]
|party = [[ВМРО-ДПМНЕ]]
|spouse =
|children =
|alma_mater =
|profession = политичар, режисер
|religion = [[Православие|Православен христијанин]]
|website =
}}
'''Љубиша Георгиевски''' (роден на [[30 мај]] [[1937]] година во [[Битола]]) е театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на [[Факултет за драмски уметности|Факултетот за драмски уметности]] во [[Скопје]]. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во [[Белград]], [[1974]].
'''Љубиша Георгиевски''' (роден на [[30 мај]] [[1937]] година во [[Битола]]) е театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на [[Факултет за драмски уметности|Факултетот за драмски уметности]] во [[Скопје]]. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во [[Белград]], [[1974]].



Преработка од 12:28, 7 декември 2010

Љубиша Георгиевски
VII Претседател на Собранието
На должноста
1 август 2006 – 21 јуни 2008
Претседател Бранко Црвенковски
Претходник Љупчо Јордановски
Наследник Трајко Вељаноски
Лични податоци
Роден(а) 30 мај 1937
Битола, СФРЈ
денес Македонија
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Професија политичар, режисер
Вероисповед Православен христијанин

Љубиша Георгиевски (роден на 30 мај 1937 година во Битола) е театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград, 1974.

Кариера

Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Република Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра. Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена.

Досега има објавено десеттина книги. Како филмски режисер има режирано четири филма. Како новинар има напишано преку двесте авторски колони во „Дневник”.

Награди

Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра престава на театарската сезона. Неговите пиеси „Црна” и „Јованка Орлеанска” се играни со успех, а некои од нив сè уште се на репертоарот.

Политичка кариера

На претседателските избори во 1994 година Георгиевски бил претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2000 до 2004 бил вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија.

Зборува англиски, француски, италијански, руски, бугарски и српски, а се служи и со словенечки, полски и романски.