Соларис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Solaris“
Режисер Андреј Тарковски
Продуцент Вјачеслав Тарасов
Сценарист Фридрик Горенштајн
Андреј Тарковски
според новелата од Станислав Лем
Настапуваат Наталија Бондарчук
Донатас Банионис
Јури Јарвет
Владислав Дворженски
Николај Гринко
Анатолиј Солоницин
Музика Едвард Артемјев
Кинематографија Вадим Јусов
Монтажа Људмила Фејгинова
Времетраење 165 минути
Држава СССР
Јазик руски
Буџет 1.000.000 рубљи

Соларис (руски : Солярис) - руски филм од 1972 година, во режија на Андреј Тарковски. Филмот е снимен врз основа на новелата „Соларис“ од Станислав Лем. Улогите во филмот ги толкуваат Наталија Бондарчук, Донатас Банионис, Јури Јарвет, Николај Гринко и Анатолиј Солоницин. музиката за филмот е дело на Едвард Артемјев.

Зафилмот[уреди | уреди извор]

Соларис е медитативна психодрама која се одигрува на вселенска станица во орбитата на планетата „Соларис“. Филмот се одликува со комплексност и бавност, па понекогаш е споредуван и со западните научно-фантастични филмови коишто се одликуваат со посебни ефекти и претставување на иднината во замислена верзија. Филмот бил одлично прифатен од критичарите и се смета за едно од најдобрите остварувања на Тарковски, а воедно и за еден од најдобрите филмови на сите времиња. Филмот е добитник на специјална награда од жирито на Канскиот филмски фестивал, како и на наградата „FIPRESCI“, а бил номиниран за наградата „Златна палма“. Во 2002 година бил снимен уште еден филм со овој наслов, режиран од Стивен Содерберг. Својата премиера филмот ја има доживеано на 13 мај 1972 година, на Канскиот филмски фестивал, додека во Советскиот Сојуз тоа се случило на 5 февруари 1973 година. Филмот трае 165 минути, а е снимен со буџет од околу 1.000.000 рубљи.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Космонаутот Крис Келвин (го игра Банионис) е испратен на меѓународната вселенска станица, која што се наоѓа на планетата Соларис каде веќе неколку децении се спроведуваат истражувања на необичната активност на тамошниот интелигентен океан. Неговата задача е да ги испита соминтелните настани кои се случуваат во базата и да донесе одлука за нејзино затворање или за бомбардирање на океанот со радиоактивни бранови.
Кога пристигнува на Соларис, Келвин ја наоѓа вселенската станица во безредие, а еден од тројцата космонаути извршил самоубиство. Преостанатите двајца научници, д-р Снаут (го игра Јарвет) и д-р Сарториус (го игра Солоницин), го предупредуваат Келвин дека е можно да му се појават необични привиденија. Уморен од патот, тој заспива, но кога се буди, во собата се појавува неговата поранешна девојка Хари (ја игра Бондарчук), која извршила самоубиство откако тој ја напуштил.
Најпрвин, Келвин помислува дека и тој е жртва на необичните халуцинации, но набргу дознава дека девојката е реално присутна во базата. Така, тој дознава дека океанот им испраќа на космонаутите личности кои лежат во нивната совест. За да се ослободи од девојката, тој ја качува во една ракета и ја лансира во вселената, меѓутоа таа повторно се враќа на станицата. Иако на почетокот нема свест за себе, со текот на времето, таа почнува да учи и стекнува чувства и сеќавања. Меѓутоа, истовремено, таа сфаќа дека не е вистинската девојка на Келвин, туку само нејзина копија и тоа кај неа предизвикува фрустрации, така што таа извршува самоубиство. Сепак, нејзиниот обид да умре не успева, зашто нејзиното тело набргу се регенерира.
Тогаш, двајцата колеги на Келвин му предлагаат да извршат експеримент на тој начин што на океанот ќе му го испратат неговиот енцефалограм. И навистина, експериментот дава резултати, бидејќи активноста на океанот се менува, а девојката исчезнува. Но, тоа го унесреќува Келвин, зашто тој се вљубува во девојката и повеќе не сака да живее без неа, така што одбива да се врати на Земјата.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]