Снежана Конеска Руси

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Снежана Конеска)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 8 декември 1952
Ниш
Националност Македонка
Познат по улогата во:
Премиера
Големи и мали
Занимање глумица
режисер

Снежана Конеска Руси (родена на 8 декември 1952 во Ниш) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица и режисер. Снежана Конеска во својата кариера има одиграно поголем број театарски претстави и филмски улоги.

Биографија[уреди | уреди извор]

Снежана Конеска Руси е родена во Ниш, СР Србија, СФР Југославија на 8 декември 1952. Конеска се преселила во Скопје, каде завршила своето основно и средно образование. Таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности (1975/ 1976) во класата на Владимир Милчин и Љубиша Георгиевски. Таа била успешен студент и била прогласена за најдобар студент за 1976 година.[1]

Македонската јавност ја запаметува Конеска по своите први улоги и придонеси на Детската радио драма во МРТ, каде била член од 1963 до 1973 година. Од 1972 до 1978 година била спикер и презентер на Македонското радио. Своите први улоги ги одиграла во 1973 година, а во 1975 година ја добила и наградата за најдобар млад актер од списанието „Млад борец“. Од 1978 година станала редовен член на Македонскиот народен театар, каде работи до денес.[1] Мајка е на едно дете, ќерка.

Награди[уреди | уреди извор]

Некои од наградите на Снежана Конеска се[1]:

  • 1978 награда за епизода за улогата на Слепата девојка во Крчма под зеленото дрво на ТИ Војдан Чернодрински
  • 1991 најдобро актерско остварување за Маргарита во Ричард трети на ТИ Војдан Чернодрински
  • 1992 добитник на 13-то ноемвриската награда на град Скопје

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]