Сабалан
Сабалан | |
---|---|
Сабалан | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 4811 м [1] |
Истакнатост | 3283 м [1] 66-то место |
Заведена како | Ultra |
Координати | 38°16′01″N 47°50′13″E / 38.26694° СГШ; 47.83694° ИГД [1] |
Географија | |
Место | Ардабил, Иран. |
Геологија | |
Старост на карпата | 5.6–1.4 милиони години |
Вид | стратовулкан |
Последен избув | непознато, најверојатно во холоценот. |
Искачување | |
Најлесен пат | пешачење / искачување |
Сабалан (персиски: سبلان ) или Савалан (азербејџански: Savalan, ساوالان ) — неактивен стратовулкан кој се наоѓа во планинскиот венец Алборз и провинцијата Ардабил во северозападниот дел на Иран.
Со 4,811 метри (15,784 стапки) во височина, Сабалан е трета највисока планина во Иран. Таа има постојано кратерско езеро формирано на врвот. На една од неговите падини на околу 3.600 метри во височина постојат големи карпести формации на еродирани вулкански појави што личат на животни, птици и инсекти.
Планина Сабалан
[уреди | уреди извор]Планината Сабалан се наоѓа во екстремниот северозападен дел од Иран. Сабалан е втор највисок врв на земјата по Дамаванд. Исто така е повисок и од Монблан во Алпите.
Планината нуди многу атракции во текот на годината. На падините на планината, минералната вода од изворите привлекува голем број туристи секоја година, од кои многумина веруваат во лековитите својства што им се припишуваат на изворите. Номадските луѓе од областа живеат во мали села, со своите кружни шатори кои привлекуваат туризам. Сабалан има скијачко одморалиште (Алварес) и различни туристички области, како што се Сарејнските бањи. Планината е позната по своите прекрасни пејзажи, вклучувајќи ја и клисурата Ширван, каде што планинарите се впуштаат.
Поради многу висока надморска височина, како и изложеноста на влажен воздух од Касписко Море на исток, Сабалан има важна функција. Тој се одликува со постојано висока ниво на влажност и постојано присутво на снег, главно поради големата количина на вода која се наоѓа во кратерот, кое има димензии 145х80 метри и длабочина од 40 метри. Езерото е единствено во однос на лимнологијата. Се наоѓа 25 метри под врвот на вулканот. Поради многу ниските температури, водата во езерото е замрзната (освен во летните месеци). Водите на езерото се сулфатни од гледна точка на хемијата и се многу богати со силициум. Покрај тоа постојат и други планински езера на пониски височини како Атголи, Кара Гол, Сара Гол итн. Во близина на врвот има седум мали ледници. Долгорочно присуство на снег и релативно високите просечни годишни врнежи (500 мм) води до фактот дека во овој стратовулкан се формирани бројни мали потоци и реки, кои може да се поделат во две затворени подрачја: Урминско и Касписко.
Свето место
[уреди | уреди извор]Според некои верувања, планината Сабалан била местото каде што Заратустра медитирал неколку години, па поради тоа планината Савалан е едно од важните свети места во Зороастризмот.
Врз основа на номадските верувања, кога целиот снег на Сабалан ќе се стопи, ќе дојде крајот на светот.
Геологија
[уреди | уреди извор]Сабалан е голем андезитски стратовулкан во Мешгин Шахр, Ирански Азербејџан, во Северозападен Иран. Тој е втор највисок вулкан по планината Дамаванд. Вулканот е доста стар. Првите ерупции се случиле во Еоценот и подоцна во Миоценот. Но, главните вулкански ерупции се случиле во Плиоценот и Плеистоценот, бидејќи некои од неговите карпи се датирани на 5 - 1,4 милиони години. Некои наоди наведуваат дека вулканската активност продолжила во Холоценот, пред помалку од 10.000 години.
Регионот има неколку врвови над 4.500 метри, првенствено по должината на југозападниот и североисточниот ридски гребен. Највисоката точка од 4.811 метри (15.784 стапки) — на североисточниот крај на гребенот и е одвоена од 4.620 метри (15.160 стапки) плус групата на југозападни врвови со 4.190 метри.
Планината се наоѓа во континентална клима со жешки, суви лета и екстремно студени, снежни зими. Врнежите паѓаат првенствено како снег во доцна есен, зима и пролет, и истиот е доволен за одржување на седумте ледници во близина на врвот над 4.000 метри (13.000 стапки). Најголемиот дел од нив биле долги повеќе од 1,5 километри од 1970-тите. Исто така постојат и големи карпести ледници, од кои неколку се долги повеќе од 3 километри.
Планинарство
[уреди | уреди извор]Планинарската површина вклучува карпи од различни големини, и потребен е умерен степен на фитнес подготовка за да се искачи. Искачувањето од базниот камп започнува лесно, станува предизвикувачки среден пат, потоа се олеснува со градиент во близина на врвот. Езерото на врвот останува замрзнато, освен околу четири недели кон крајот на јули до почетокот на август.
Некои планинари почнуваат со возење до топлиот извор на Мешгин Шахр, каде што започнуваат со искачување. Ова искачување трае околу два дена, стигнувајќи до базниот камп на првиот ден. Други земаат такси за да го лоцираат кампот во раните утрински часови и се искачуваат на планината во еден ден. Во 2006 година се разговарало за подобрување на патот кон базниот камп. Ако ова биде направено, обичниот автомобил треба да биде во можност да стигне до базниот камп за време на сезоната на качување. Патот поминува низ повеќе номадски логори на пастири.
Еден или два дена аклиматизација во Техеран или Ардабил може да биде препорачливо. Планинарството е популарно кај младите во Иран. Во петок за време на сезоната на качување (од крајот на јуни до средината на август), може да се најдат стотици луѓе на планината. Упатства, исто така, може да се најдат и во Ардабил. Соодветна опрема за качување може да се купи во Ардабил или Техеран.
Околина
[уреди | уреди извор]Областа околу Сабалан, особено во близина на Мешкин и Дашт-ех Могхан, произведува големи количини жито, вклучувајќи пченица. Поради микроклимата произведена од планината, Ардабил останува пријатно место во текот на летото.
Постојат бројни топли извори околу падините на Сабалан, со главна концентрација во округот Сарејн.
Има скијачки падини, со снег дури и во близина на летото. Ски-центарот наречен „Алварес“ е еден час возење до Сарејн на јужниот гребен на Сабалан.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 "Iran: 54 Mountain Summits with Prominence of 1,500 meters or greater" Peaklist.org. Retrieved 2011-11-21.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Story of a climb to Mount Sabalan
- Hamed Tohidi's Blog about Mount Sabalan Архивирано на 8 јули 2011 г.
„Сабалан“ на Ризницата ? |