Родопи (римска провинција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Провинција Родопи
Provincia Rhodopeia
Провинција на Римската Империја
ок. 293 – 7 век
Местоположба на Родопи
Местоположба на Родопи
Родопи во рамките на Диецезата Тракија, ок. 400 година.
Главен град Трајанопол
Историски период Доцна антика
 -  Провинциски реформи на Диоклецијан ок. 293
 -  Словенски преселби на Балканскиот Полуостров 7 век
Денес во Бугарија
Грција

Родопи (грчки: Ῥοδόπη, Ἐπαρχία Ῥοδόπης) ― доцноантичка и раносредновековна римска провинција, сместена на северниот брег на Егејот. Како дел од Диецезата Тракија, таа се протегала по должината на планината Родопи, покривајќи делови од денешна Западна Тракија (во Грција) и југозападна Бугарија. Провинцијата била предводена од управник од рангот на прес, со Трајанопол како главен град на провинцијата. Според делото „Синекдем“ (латински: Synecdemus) од 6 век, во провинцијата имало уште шест градови, Маронеја, Максимијанопол, Никопол, Кереопиргос (непозната местоположба) и Топеирос (денешен Токсотај во Грција).

Провицијата постоела до словенските упади во VII век, иако како црковна провинција продолжила да постои барем до 12 век. Темата Волерон опфаќала поголем дел од областа во подоцнежните средновековноримски времиња.

Наводи[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, стр. 1793, ISBN 978-0-19-504652-6
  • Soustal, Peter (1991). Tabula Imperii Byzantini, Band 6: Thrakien (Thrakē, Rodopē und Haimimontos) (на германски). Виена: Австриска академија на науките. ISBN 978-3-7001-1898-5.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)