Прејди на содржината

Европа (римска провинција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Провинција Европа
Provincia Europae
Провинција на Римската Империја
314–640ти
Местоположба на Европа
Местоположба на Европа
Европа во рамките на Диецезата Тракија околу 400 година.
Главен град/седиште Перинт
Составни делови {{{entities}}}
Историски период Доцна антика
 -  Реформи на Диоклецијан 314
 -  Тематски реформи 640ти
Денес во Турција

Европа меѓу балканските провинции на Римската Империја во 6 век.

Европаримска провинција во рамките на Диецезата Тракија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Основана од римскиот император Диоклецијан (284–305),[1] провинцијата во голема мера одговара на она што е денешна европска Турција. Главниот град на покраината првично бил Аркадиопол, а потоа и Перинт (подоцна познат како Хераклеја; денешен Мармара Ерелиси).

Граничела само со провинциите Родопи и Хемимонт на запад и северозапад, Европа била полуостров и беше опкружена со вода од три страни: Црното Море на североисток, Босфорот на исток и Мраморното Море и Егејското Море на југ и југоисток.

Најголемиот град покрај Црното Море бил Салмидес. По должината на брегот на Мраморното Море се наоѓале градовите Перинт (главниот град; подоцна познат како Хераклеја), Селимбрија, Рајдест и Калипол. На брегот на Егејското Море и на устието на реката Марица (Хебрус) во Меласкиот (Сароскиот) Залив се наоѓал градот Енус.

  1. Rees 2004.
  • Rees, Roger (2004). Diocletian and the Tetrarchy. Edinburgh, UK: Edinburgh University Press. ISBN 9780748616602.

41°15′00″N 27°52′00″E / 41.2500°N 27.8667°E / 41.2500; 27.8667