Спанија
Дел од темата |
---|
Историја на Шпанија |
Спанија (лат. Provincia Spaniae) била византиска провинција во периодот од 552 година до 624 година. Провинцијата ги опфаќала териториите на јужниот дел од Пиринејскиот Полуостров и Балеарските Острови. Територијата била освоена од страна на Јустинијан I, по неговиот обид да се обнови римската власт на Средоземјето.
Освојување и колинизација
[уреди | уреди извор]Освојувањето на Вандалското кралство во Тунис и повторното заземање на Мавриранија завршило во 534 година. Вандалскиот крал Гелимер не успеал да се договори околу можниот сојуз со визиготскиот крал Теодис. Визиготскиот крал го искористил колапсот на Вандалите и набргу ја освоил Септем (денешна Сеута) во 533 година. Овој потег најверојатно го направил за да спречи евентуално Византија градот да го претворат во база за понатамошно навлегување на територијата на Хиспанија. Во 540 година, градот повторно бил заземена од Визиготите во 540 година.
Во 550 година, во времето на Агила, Хиспанија доживеала две големи востанија. Првото било од страна на населението на Кордоба кои се побуниле против аријанските Визиготи. Агила бил поразен а неговиот син убиен. На кралот не му останало ништо друго, освен да се повлече кон Марида. Датата на ова востание не може да се одреди точно. Се смета дека тоа било иливо 549 година, година кога Агила станал крал или 551 година кога Агила јазазел Севиља. Изворите исто така се поделени околу тоа кој прв побарал помош од Византија. Еден од претендентите на визиготскиот престол побарл помош од Јустинијан I, кој пак испратил војска од Цариград под команда на Либериј.
Според Исидор Севиљски, Атанагилд бил оној којшто барал помош во 551 или 552 година од императорот во Цариград. Како и да е, војската била испратена, и истата престигнала во Хиспанија во јуни или јули 552 година. Војната траела две години. Либериј во Цариград се вратил во мај 553 година. Во 555 година, византиската војска тргнала преку Италија со цел да се придружи на своите сојузници во Севиља. Доаѓањето на Византија во Севиља било одбележано со насилство. Семејството на Леандро Севиљски било лишено од слобода.
Кон крајот на 555 година, најголемите приврзаници на Агила се свртиле против него и го убиле. По ова, тие Атанагилда го прифатиле како единствен крал на Визиготите, кој би се спротивставил на Византија. Со ова било создадено и кралството на Визиготите. Имало неколку обиди за протерување на Византија од Хиспанија, но безуспешно. Регионот се претворил во провинција на Византија и како таков останал под нивна власт околу 75 години, сè додека Визиготите повторно не го освоиле.
Географија
[уреди | уреди извор]Византиската провинција Спанија главно ги опфаќала само приморските краеви и никогаш не се обидувала да се прошири кон внатрешноста на полупстровот. Ова најверојатно било тата поради големите војни кои Византија ги водела со Персија. Најважни градови во провинцијата биле Малага и Картагина.
Не се знае кој од овие два града бил престолнината на провинцијата, но со сигурност се зае дека еден од нив сепак бил. Градовите го претставувале центарот на византиската моќ. Додека Визиготите ги освојувале помалите места и села во Спанија, тие никако не можеле да ги освојат градовите преку опсада.
Други градови кои биле под власта на Византија се Медина Сидонија односно денешниот град Асидона, кој под власта на Византија се задржал до 572 година кога бил освоен од страна на Леовигилд. Гисгонза, позната и како Гигонза исто така била под власта на византијците до 610 година. Од овде се заклучува дека целата јужна провинција на Бетика била под власта на Византија, од Малага до Гвадалета. Во провинцијата Картагиниенсис, каде главен град на провинцијата бил градот Картагина, градот База исто така бил под власта на византијците до 589 година, кога бил повторно заземен од страна на Визиготите.
Меѓу градовите, кои се смета дека исто биле под управа на Византија бил и градот Кордоба. Некои историчари сметаат дека Кордоба била првата престолнина на провинцијата Спанија, како и градовите Есиха (Астиги), Кабра (Егабра), Гвадикс (Аски) и Гранада (Илиберис), но сепак во римската литература не постојат цврсти докази и аргументи околу управувањето со овие градови. Граѓаните на Кордоба, придружени со оние на Севиља во 566 и 567 година дигнале востание, но истот било задушено од страна на Леовигилд во 572 година. Византија, освен провинцијата Бетика и Картагиниенсис ги поседувале и градовите Сеута и Балеара.
Религија
[уреди | уреди извор]Во провинцијата Спанија главно било проповедено источното Православие. Односите помеѓу владителите и неговите поданици, како и пмеѓу црквата и државата не биле на големо ниво како и кај аријанските Визиготи. Црквата во Спанија имала мала независност отколку готската црква, која главно била составена од граѓани на Спанија. Овие две цркви дејствувале како две посебни единици. Папа Григориј I во голем план учествувал во работата на многу бискупски провинции, повеќе од било кој друг папа во Визиготското кралство.
Освојување на полуостровот
[уреди | уреди извор]Во времето на Атанагилда и Леовигилд, Византија започнала да ги губи своите територии на Пиринејскиот Полуостров. Во 570 година, Леовигилд ја зазел Медина Сидонија. Најверојатно по ова ја зазел и База и околината на Малага. Исто така, тоа му успеало и по долината на Гвадалкивира. Во времето на Рекаред, Византија повторно презела офанзивни походи за да ги заземат териториите кои ги загубиле претходно. Рекаред го признал легитимитетот на византиската граница, но сепак освоил повеќе територии отколку што Византија успеала да си ги поврати истите.
Конечното освојување на Спанија било во 624 година, кога скоро цел Пиринејскиот Полуостров бил под власта на Визиготите.