Роберт Пауер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роберт Пауер
Пауер на Тур де Бретања 2016
Лични податоци
Цело имеРоберт Пауер
Роден11 мај 1995(1995-05-11)(29 г.)
Перт, Австралија Австралија
Висина1,84 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим Кубека Асос
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2014–2015 Џајко-АИС Светска турнеја Академија
Професионални клубови
2016–2018
2019-2020
2021
Орика-ГринЕЏ
Тим Санвеб
Тим Кубека Асос
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Јапонски куп (2018)

Роберт Пауер (англиски: Robert Power; р. 11 мај 1995 во Перт) — поранешен австралиски професионален друмски велосипедист,[1] кој возел професионално во периодот 2016-2021 за екипите Мичелтон-Скот, Тим Санвеб и Тим Кубека НекстХаш.

Кариера[уреди | уреди извор]

Аматерска кариера[уреди | уреди извор]

Како дете, Пауер играл рагби; неговиот брат Леон играл за Брамбис, а денес игра за Ојона рагби. Меѓутоа, на 13 години, Пауер го повредил коленото. Рехабилитацијата од повредата вклучувала возење велосипед на велодромот во Перт. Пауер се приклучил на групните возења и една година подоцна, возел на националните првенства. Продолжил да вози во различни возразни категории во подоцнежните години.[2]

Пауер се приклучил во националната програма во 2013 година. Таа сезона освоил две трки (етапа на Џиро дела Луниџана и еднодневната трка Трофео Буфони) и забележал неколку други високи пласмани.[2][3] Потоа, бил избран да вози на јуниорската трка на Светското друмско првенство во Фиренца. Нападнал во последниот круг на трката во обид да ја достигне водечката група, но бил достигнат и завршил на 19. место.[2]

На почетокот на сезоната 2014, Пауер настапил на националното друмско првенство под 23 години, завршувајќи втор зад Кејлеб Јуан. Потоа, го имал својот прв професионален настап на Хералд Сан Тур 2014, каде завршил четврти во младинскиот пласман.[2][4] Следна трка на Пауер биле океанските друмски првенства; завршил втор на елитната трка освоена од Лук Дарбриџ и ја освоил друмската трка под 23 години.[2] Бодовите од оваа трка му ја овозможиле победата на Океанската турнеја 2014.[5] По овој резултат потпишал со Џајко-АИС Светска турнеја Академија и имал завршница на подиумот на првата трка за екипата.[2] Следеле и други победи во сезоната, како и седмото место на професионалната Трка околу Азербејџан.[6] Во текот на Трката околу Азербејџан, Пауер бил опишан од Јуан како „неверојатно талентиран“.[2]

Пауер настапил за Австралија на Тур де л’Авенир 2014, најважната етапна трка за возачи под 23 години. Имал пет завршници меѓу најдобрите десет, вклучувајќи го второто место зад Мигел Анхел Лопес во меѓусебниот спринт на шестата етапа.[6] Завршил на второто место во генералниот пласман, 30 секунди зад Лопес.[7] Завршната трка на Пауер во сезоната била друмската трка под 23 години на Светското првенство; неговиот колега Кејлеб Јуан завршил втор, додека Пауер завршил со главната група на 35. место.[8]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Пауер го имал својот прв настап на трка од Светската турнеја на Тур Даун Андер 2015, возејќи за екипата УниСА-Австралија. Бил најмлад возач на трката; завршил на 41. место и 10. во пласманот за млад возач.[9][10] На трката било објавено дека потпишал со екипата Орика-ГринЕЏ за сезоната 2016,[11] заедно со Џек Хејг и Алекс Едмондсон. Бил опишан од спортскиот директор Мат Вајт како „еден од највозбудливите таленти за искачување што ги има видено австралискиот велосипедизам во долг, долг период“.[9] Потоа, Пауер возел на Хералд Сан Тур 2015. Го преземал водството во планинскиот пласман на првата етапа откако нападнал рано на етапата. На крајот го освоил пласманот за млад возач, второто место во планинскиот пласман и шестото место во генералниот пласман.[10][12] По сезона со јуниорски трки во Европа, на кои забележал етапна победа и победа на Џиро дела Вале д’Аоста, Пауер бил избран за настап на Тур де л’Авенир 2015, каде бил сметан за еден од фаворитите за победа. Меѓутоа, бил приморан да се повлече една недела пред трката поради повреда на коленото.[13]

Орика-ГринЕЏ (2016–2018)[уреди | уреди извор]

Во ноември 2015 година бил дијагностициран со ретка форма на едема на коскена срж[14] поради што својата прва трка со екипата Орика-БајкЕксчејнџ ја имал дури во август 2016 година.[15] Се вратил на трките на Класик Арнем-Венендал, пред да вози 13 дена пред крајот на годината, возејќи на Трката околу Британија и имајќи го својот прв настап на велосипедскиот монумент Џиро ди Ломбардија, каде му помогнал на колегата Естебан Чавес да дојде до победа. Во шестата и последна трка во сезоната, Јапонски куп, го имал својот прв професионален подиум, завршувајќи трет зад Давиде Вилела и колегата Кристофер Јул-Јенсен.[16][17]

Во 2018 година, Пауер имал активен и агресивен настап на Страде Бјанке, каде завршил шести,[18] пред да ја освои неговата прва професионална победа во јули на Пруеба Вилјафранка де Ордисија, завршувајќи еден-два со колегата Сајмон Јејтс.[19]

Тим Санвеб (2019–2020)[уреди | уреди извор]

Во септември 2018 година, Тим Санвеб објавиле дека потпишале двегодишен договор со Пауер од 2019 година.[20] Во мај 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2019.[21] Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019.[22]

Тим Кубека Асос (2021)[уреди | уреди извор]

Во декември 2020 година, Пауер потпишал едногодишен договор со Тим Кубека Асос за сезоната 2021.[23] Поради финансиски проблеми, екипата се распаднала на крајот на сезоната 2021 и Пауер се повлекол од професионалниот велосипедизам.[1]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2013
1. Трофео Буфони
Океански јуниорски друмски првенства
3. Друмска трка
5. Хронометар
3. Краен пласман Џиро дела Луниџана
1. Етапа 3
3. Краен пласман Џиро ди Базиликата
8. Краен пласман Гран при Риблиланд
10. Трофео Емилио Паганеси
2014
Океански друмски првенства под 23 години
1. Друмска трка
8. Хронометар
1. ГП Каподарко
1. Гран Премио ди Поџана
2. Краен пласман Тур де л’Авенир
2. Гран Премио Палио дел Речото
2. Национално друмско првенство под 23 години
3. Трофео Банка Пополаре ди Виченца
7. Краен пласман Трка околу Азербејџан
7. Краен пласман Чешка велосипедска трка
8. Краен пласман Мировна трка
10. Гран Премио Индустрие дел Мармо
2015
1. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
1. Пролог
3. Гран Премио Индустрија е Комерчо ди Прато
4. Џиро дел Белведере
6. Краен пласман Хералд Сан Тур
1. Пласман за млад возач
6. Краен пласман Трка Рона-Горни Алпи
2016
3. Јапонски куп
2017
4. Про Ецталер 5500
5. Пруеба Вилјафранка де Ордисија
2018
1. Јапонски куп
1. Пруеба Вилјафранка де Ордисија
6. Страде Бјанке

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2019 2020
Џиро СО
Тур
Вуелта 92 37

— = не учествувал; СО = се откажал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Weislo, Laura (16 January 2022). „Sean Bennett signs for Tjallingii's new Chinese Continental team“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 23 January 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Де Неф, Мат. „Interview with Robert Power: a star on the rise“. CyclingTips. Посетено на 17 април 2015.
  3. „Robert Power“. ProCyclingStats. Посетено на 17 април 2015.
  4. „National Championships Australia U23 - Road Race 2014 - Classic“. ProCyclingStats. Посетено на 17 април 2015.
  5. „Oceania Cycling Championships U23 - Road Race 2014 - Classic“. ProCyclingStats. Посетено на 17 април 2015.
  6. 6,0 6,1 „Robert Power“. ProCyclingStats. Посетено на 17 април 2015.
  7. „Tour de l'Avenir 2014 - General Classification“. ProCyclingStats. Посетено на 17 април 2015.
  8. „World Championships U23 - Road Race 2014 - Classic“. ProCyclingStats. Посетено на 17 април 2015.
  9. 9,0 9,1 „Orica-GreenEdge confirm signing of Rob Power from 2016“. Cyclingnews.com. 19 јануари 2015. Посетено на 17 април 2015.
  10. 10,0 10,1 „Robert Power“. ProCyclingStats. Посетено на 17 април 2015.
  11. http://www.adelaidenow.com.au/sport/tourdownunder/tour-down-under-2015-oricagreenedge-to-sign-young-gun-robert-power/news-story/a434dcff50a66658551c89d4379f6d62?sv=ceac24e447444676d5adf41111b47d3f
  12. Вудпауер, Зеб (5 февруари 2015). „Aggressive Power shows off climbing prowess into Bendigo“. Cyclingnews.com. Посетено на 17 април 2015.
  13. „News Shorts: Valls out of Vuelta a España with suspected virus“. Cyclingnews.com. 20 август 2015. Посетено на 20 август 2015.
  14. http://www.cyclingnews.com/news/robert-powers-career-with-orica-greenedge-on-hold-due-to-rare-bone-marrow-disease/
  15. http://www.cyclingquotes.com/news/climbing_talent_ready_to_make_belated_orica-bikeexchange_debut/
  16. Вудпауер, Зеб (25 ноември 2016). „Rob Power aiming for consistency in 2017“. cyclingnews.com. Посетено на 5 септември 2018.
  17. „Villella wins Japan Cup“. cyclingnews.com. 23 октомври 2016. Посетено на 5 септември 2018.
  18. Падикомб, Стивен (4 март 2018). „Five talking points from Strade Bianche 2018“. Cycling Weekly. Посетено на 5 септември 2018.
  19. „Power takes his first victory for Mitchelton-SCOTT at Prueba Villafranca de Ordizia“. Мичелтон-Скот. 25 јули 2018. Архивирано од изворникот на 2019-04-14. Посетено на 5 септември 2018.
  20. „Team Sunweb recrute Nicolas Roche et Robert Power“ [Team Sunweb recruits Nicolas Roche and Robert Power]. L'Équipe (француски). 5 септември 2018. Посетено на 5 септември 2018.
  21. „2019: 102nd Giro d'Italia: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 8 May 2019.
  22. „2019: 74th La Vuelta ciclista a España“. ProCyclingStats. Посетено на 23 August 2019.
  23. „Qhubeka Assos complete roster with Power and Lindeman signings“. Cyclingnews.com. Future plc. 8 December 2020. Посетено на 8 December 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]