Рапсодија во сино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рапсодија во сино
Rhapsody in Blue
од Џорџ Гершвин
An image depicting the original sheet cover for Rhapsody in Blue
Корица на изворната музика на Рапсодија во сино
РодОркестарски џез
ОбликРапсодија
Сочинетојануари 1924 (1924-01)
Објавено12 јуни 1924 (1924-06-12) Хармс, инк.[1]
Премиерна изведба
Датум12 февруари 1924 (1924-02-12)
МестоЕолијан хол, Њујорк, САД
ДиригентПол Вајтман
Изведувачи
Снимки
Изведба од 2018 година на Маринскиот бенд на Соединетите Држави на верзијата од 1924 за џез-бенд, со пијанистот Бромвел Тови

Рапсодија во сино (англиски: Rhapsody in blue) — најпознатото дело на американскиот композитор Џорџ Гершвин.

Создавање на делото[уреди | уреди извор]

По успешниот концерт на кој ја спои класичната и џез музиката, американскиот оркестарски диригент Пол Вајтман сакал да одржи концерт на кој ќе се изведува само џез. На крајот на 1923 година, Вајтмен побарал од младиот, 25-годишен Џорџ Гершвин да напише џез-концерт за пијано и оркестар. Гершвин се согласил, но не почнал веднаш да работи бидејќи во тоа време пишувал музика и за мјузикли на Бродвеј.

На 4 јануари 1924 година, Гершвин прочитал во весник дека неговиот концерт за пијано и оркестар требало да биде изведен на 12 февруари 1924 година. Своето дело почнал да го пишува на 7 јануари, а го завршил веќе на 4 февруари.

Иако Вајтмен побарал од Гершвин да напише концерт, Гершвин се одлучил за рапсодија. Вдахновениоето го добил додека патувал со воз до Бостон.

Име[уреди | уреди извор]

Штотуку ја напишал, Гершвин ја нарекол рапсодијата Американска рапсодија, но по посетата на изложбата на Џејмс Вистлер, Ајра Гершвин, братот на Џорџ Гершвин, го предложил името Рапсодија во сино. Причината за промената на името била затоа што сликите на Вистлер имале наслови како што се Аранжман за сиво и црно или Ноктурно во црно и златно.

Премиера[уреди | уреди извор]

Рапсодија во сино првично била напишана за две пијана, но аранжерот Пол Вајтман направил оркестрација на делото трипати: во 1924, 1926 и 1946 година.

Рапсодијата била премиерно изведена на 12 февруари 1924 година во Њујорк на концертот на П. Вајтмен наречен Експеримент во модерната музика. Концертот траел многу долго, а композициите наликувале една на друга, па на публиката почнало да ѝ биде досадно. Сепак, здодевноста ја скршил глисандото на кларинетот кој ја започнал Рапсодија во сино. Интересно е што кларинетистот на Вајтмен на една од пробите свирел глисандо на овој начин, како на шега, но тоа му се допаднало на Гершвин и му рекол на кларинетистот оттогаш да свири секогаш така.

Гершвин ги напишал деловите за соло пијано дури по премиерата. Имено, на самата премиера тој се импровизирал, а на партитурите пишувало Чекај на знак!

Сржта и поентата на Рапсодија во сино[уреди | уреди извор]

Рапсодија во сино е, всушност, коментар за расно поделеното општество во САД на почетокот на 20 век.

Њујорк тогаш бил во големи културни превирања, со голем број доселеници од земјите на Источна и Јужна Европа. Во Њујорк, се среќавале и се мешале со црнците од американскиот рурален југ. Гершвин ги користел музичките јазици што ги знаел најдобро - посегнал по европскиот класичен репертоар, еврејската песна, елементите на еврејскиот фолклор, за популарната песна на Алејата Тин Пан, музиката што преовладувала во Америка на крајот на 19 и почетокот на 20 век, благодарение на група талентирани њујоршки композитори и писатели, и најважните - џезот и блузот, музиката на американските црнци. Резултатот бил вистинско музичко ремек-дело, исто толку богато и разновидно како и самиот американски народ.

Музичка анализа[уреди | уреди извор]

Рапсодија во сино е модерно осмислена рапсодија со три поголеми целини, од кои едната е со бавно темпо. Поради обликот на симфониска песна, ова дело укажало на можноста за многу висококвалитетно спојување на европската музика и афроамериканскиот џез.

Самиот Гершвин рекол дека ја замислил Рапсодија како калеидоскоп на Америка, нејзината голема и брза преобразба, националниот полет, блузот и неговите велеградски лудости.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]